Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Санадер одби да и' биде предаден на Хрватска

Извршители запленија уметнички дела на Санадер

Мирјана Санадер прво не сакаше да ја отвори вратата на вилата на улица „Козарчева“ во Загреб, па извршителите заминаа, меѓутоа кога се вратија, сопругата на поранешниот премиер, сепак, ги пушти во куќата, јавува Дневник.хр. Судските извршители, како што и беше најавено, дојдоа во вилата на Иво Санадер за привремено да запленат повеќе од стотина уметнички дела на поранешниот премиер. Пред вилата имаше собрано и многубројни новинарски екипи.

Санадер навел во имотниот лист дека поседува уметнички дела во вредност од 1,5 милиони куни, но, наводно, таа вредност е четири или пет пати поголема. Како правен темел за блокада на уметничките дела може да има две основи. Едната би била настојувањето на УСКОК да докаже дека поранешниот премиер ги купувал сликите од парите што се извлечени од државните компании, односно дека потекнуваат од казнениот дел, а другата би била средство за осигурување од кои државата би ја намирила штетата ако Санадер на крајот биде осуден за корупциските афери поради кои моментно е под истрага.

Поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер, вчера пред Покраинскиот суд во Салцбург се изјасни дека не сака да и' биде предаден на Хрватска, по што австрискиот суд донесе одлука со која му го продолжи притворот за уште еден месец. 

Портпаролот на државното обвинителство во Салцбург, Барбара Фајхтингер, по седницата на судот, соопшти дека Санадер не го прифатил предавањето на Хрватска по совет на своите адвокати. Имено, адвокатите се' уште немале увид во документацијата од Хрватска, па затоа на својот клиент му советувале да не го прифаќа предавањето, со што ќе се забрза процедурата за екстрадиција. Следното сослушување во врска со екстрадицијата може да се случи на 27 јануари.  (Вечерњи лист/МИА)


#
Статијата е прочитана 1278 пати.

Испрати коментар

Од: aleksandarmkd
Датум: 29.12.2010 06:29:35
Velija vo kelija i odma novinite deka bilo politicki revansizam ne mozes da stavis nekogo vo zatvor odma bilo politicki a sto e ova ova e pravna drzava bivs premier kradel i sega ima da odgovara pred zakonot niedna hrvatska novina ne komentira eka e ova politicki revansizam bravo za toa

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Сефер ќе стоел настрана од медиумскиот бизнис на Рамковски
Колку УДБ-а беше нашата судба (16)
Не даваат тутун за џабе
Не ги растурив „Битлси“
Молкот ја уништува културата
Не се брза со „Надеж“ и „Партиски реклами“
Боуви ми ги врзува врвците на чевлите
Тука е лесно да прогласиш кодош
Куполи за пратениците
За пакетче се дава и последниот денар
Социјалците од Крушеани ги бараат социјалните пари
Стил
„Децата на комунизмот и црвената буржоазија“
Уште една изгубена година
Карикатура
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks