Иман
Боуви ми ги врзува врвците на чевлите
Иако во почетокот на својата романса беа нарекувани неспоива двојка, Дејвид Боуви и неговата понежна половина и натаму се вљубени, барем ако се суди според емотивните телевизиски изјави на бившата манекенка Иман. Таа гостуваше во шоуто на Нејт Беркус и за својот сопруг имаше само зборови на пофалба. Иман (55), меѓу другото, рече дека Дејвид Боуви го доживува како свој заштитник.
„Толку се грижи за мене што ми врзува чевлите за да не морам да се наведнувам. Клекнува пред мене и ми ги врзува врвците“, изјавила Иман.
Бившата манекенка и музичарот ја имаат десетгодишната ќерка Александрија Захра Џонс, а Боуви од претходниот брак има син Данкан Џонс. |