Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Поглед

Куполи за пратениците

Оливера Војновска

Собраниските куполи најавени уште од претходниот парламентарен состав сигурно ќе се градат. Во годината што ни доаѓа тие ќе надвиснат над реновираната собраниската зграда. Така барем уверуваат од Собранието. Што значи нема простор за загриженост и граѓаните ќе може да здивнат: пратениците ќе ги добијат сите три куполи во комбинација на метал и стакло во кружни форми. Едната ќе биде огромна - централна, а двете помали ќе бидат поставени на ќошињата и ќе гледаат кон паркот „Жена-борец“.

На пензионерите кои таму играат шах и табла погледот ќе им оди право на куполите. И не само кон куполите. Гледајќи кон централниот влез на Собранието, во видното поле ќе им влезе претседателот на Крушевската Република, Никола Карев, качен на коњ. Паркот „Жена -борец“, пак, за скопјани ќе стане посебно место за уживање и за историско просветлување. Таму ќе бидат поставени: спомениците на паднатите херои за Македонија, Президиумот на АСНОМ и на основачите на ВМРО. Но, тоа не е се'. Низ триумфалната порта во правец на култната „Ванила“, здивот ќе им застане на преродениот плоштад, на фасадите во барок, романтизам, неокласицизам... В очи ќе им залетне и некој друг ситен или покрупен детаљ од измешаните стилови, кои му го сменија личниот опис на јадрото на Скопје.

И потоа онака духовно и културно преродени ќе може да му се вратат на директниот собраниски пренос. А, таму во пленарната сала ќе ги видат истите познати лица. Половината ќе молчат и ќе гласаат. Половината ќе врескаат и ќе се расправаат меѓу себе. Само, сега ќе изгледаат многу, многу позадоволни. Бидејќи бараа канцеларии - нели тоа беше проблем зашто најголемиот дел уста не отвораат, а гратис добија и куполи. Изгледа, само уште куполи им недостигаа за задоволството да биде комплетно!


#
Статијата е прочитана 1023 пати.

Испрати коментар

Од: silverados
Датум: 28.12.2010 12:25:12
pod kupolite trajko neka rastegne zica i razboj za cirkuszantite od negovata partija.
Од: Јован АН
Датум: 28.12.2010 13:41:16
Што год да се гради Вие сте против!Што Ви е?Се гради нешто што ќе и’ служи на државата.Не се тоа индивидуални зданија па да пишувате со таков сарказам.
Од: R.R.
Датум: 28.12.2010 15:31:55
Ovaa Vlada raboti a ne kako predhodnata,samo kradese.Ova sto sega se gradi ke bide amanet na mladite i slednite generacii.....a sto osttavi SDSM???Samo kriminal.
Од: Трпе
Датум: 28.12.2010 15:53:27
На централната купола треба да стават крст а на споредните поломесечина.Кога во собранието ке се носат закони,да има народот на што да се крсти и клања.
Од: Стојан Кафеана
Датум: 28.12.2010 17:11:57
Како куполите ќе и служат на државата,кутри анџијо?
Од: Skopjanka
Датум: 28.12.2010 17:27:12
Of bre Jovane, Jovane! Od buf ne buva slavej. Ne moze da go pravime Skopje da bide Pariz, Berlin ili koj znae uste koj drug grad sto nekoj sega go videl! Sekoj grad si ima svoe obelezje, pa taka si bese i Skopje. A sega sto stana od nego? Mu se unisti "individualnosta". Toj nekoj sto dosol od nznam kade neka si pravi tamu da mu lici kako sto saka, a ne da go unistuva mojot grad. A parite moi, od danokot sto go plakam redovno da drzavata, sakam da se izgradat objekti vo koi ke rabotat moite deca pa ke pridonesat da zajakne ekonomijata na drzavata, a ne da sedat doma bez rabota i da cekaat od mojata penzija da im kupam parce leb.
Од: aleksandra
Датум: 28.12.2010 18:48:26
Videla zabata deka se potkoval konjot, pa i taa krenala noga...Eh pa vie, sto e ova sarkazam od vas! Nemoj nikako da im obezbedite lekovi na lugjeto koi umiraat, leb za siromastijata i ponekoe alistence, gradete samo kupoli, spomenici i kapii ( triumfalni ). Ko kje mi tekne deka od mojata firma madeto od nekoj konj e napraveno, prosto srcevo mi se due! Duri ne pukne...
Од: Cane
Датум: 28.12.2010 20:40:56
Da ovaa vlada bese so vistinsko civilizacisko i demokratsko opkruzuvanje nemase da trae povece od 24 minuti.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Сефер ќе стоел настрана од медиумскиот бизнис на Рамковски
Колку УДБ-а беше нашата судба (16)
Не даваат тутун за џабе
Не ги растурив „Битлси“
Молкот ја уништува културата
Не се брза со „Надеж“ и „Партиски реклами“
Санадер одби да и' биде предаден на Хрватска
Боуви ми ги врзува врвците на чевлите
Тука е лесно да прогласиш кодош
За пакетче се дава и последниот денар
Социјалците од Крушеани ги бараат социјалните пари
Стил
„Децата на комунизмот и црвената буржоазија“
Уште една изгубена година
Карикатура
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks