Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Не даваат тутун за џабе

Бараат откупна цена од најмалку 192 денара за килограм

Моника Талеска


ПРИЛЕП - Околу 300 тутунопроизводители, или десет пати помалку споредено со претходниот ден, вчера ги продолжија блокадите на излезот од Прилеп на патот за Градско. Тие протестираа три часа, од 10 до 13 часот, изразувајќи го незадоволството од откупната кампања годинава, но и од неостварените барања адресирани до Министерството за земјоделство.

„На тутунарите што се вработени во јавни претпријатија им е вршен притисок за да не се појавуваат на блокадите. Затоа и бројот на земјоделците што вчера штрајкуваа е значително намален. Но, без оглед на сите заплашувања, ние нема да отстапиме од нашите барања за повисока откупна цена од најмалку 192 денара за килограм и отворање на сите откупни пунктови во регионот“, вели Кире Неделковски, претседател на Иницијативниот одбор на тутунарите.

Производителите доцна синоќа во Владата имаа закажано средба со високи владини претставници, но, како што изјавија, доколку не им се остварат барањата, тие и денеска од 10 часот ќе продолжат со блокадите не само на патот за Градско,туку и на други витални патни правци во регионот.

Некои тутунари од Долненско вчера реагираа дека не знаат што, всушност, се случува, но оти им се вршат секакви притисоци за да го прекинат штрајкот.

Во Прилеп беа отворени вратите за откуп на реколтата во Тутунскиот комбинат, Алијанса и „Центро табак“ од Велес, но медиумите единствено имаа пристап до откупното место на велешкиот откупувач.

Но, откуп речиси и нема. Мал број производители чекаа пред откупните места за да дознаат по која цена се предава тутунот, по ветувањата на министерот дека ќе се заложи да се остварат барањата на тутунарите. Во откупната станица во Тутунскиот комбинат еден производител изјави дека е задоволен од откупната цена.

„Го предадов тутунот. Одлично го проценија. Постигнав цена од околу 182 денара. Јас сум задоволен“, изјави Наум Божиноски.

Но, други производители, очевидци на процената на реколтата, велат дека станува збор за монтирани случаи.

„Најверојатно, имаат договор со некои тутунари да ги носат само високите класи за да се добие впечаток дека се откупува по висока откупна цена, што не е вистина“, рече Љупчо Димов.

Тутунарите што, преку затворени стаклени врати на откупниот пункт на Алијансата, го следеа откупот не се задоволни од процената.

„Не смее да се дозволи по овие цени да се врши откуп. Лани тутунот беше со многу понизок квалитет, а го проценија 200 денари. Годинава нудиме неспоредливо подобар квалитет, а сакаат да го откупат за 140 денари. Срамота е тоа“, реагираа неколкумина производители.


#
Статијата е прочитана 814 пати.

Испрати коментар

Од: stojan
Датум: 28.12.2010 14:05:42
pak toj beden pesevski ke gase krizi sto gi pala sive sto imaja interes!
Од: 3G
Датум: 28.12.2010 14:24:21
sdsm prodolzuva da se poigruva so nervite na vlasta i so dostoinstvoto na tutunoproizvoditelite. So propagandna zamena na tezi. Deka vladata predizvikuva nered i korupcija dodeka opozicijata vrsi ocigledno reketiranje na tutunoproizvoditelite i drzavata vo dogovor so otkupuvacite. Taka bese i so bostanot na vremeto. Bunt za cenata od 5 denari a potoa sdsm po 0.5 denari bidejki na bosanskite firmi im vetile niski ceni a i uvoz na bosanski mermer za plostadot Makedonija. Tutunarite da ne se zabluduvaat. Ne e ova monopol vo komunizam. Ova se privatni firmi vo pazarna ekonomija. Zatoa vladata ne e vinovna kako sto i ne e luda da stvara nered.
Од: R.R.
Датум: 28.12.2010 15:14:02
Ne mi e jasno,zosto vo vakvo krizno vreme nekoj ja obvinuva Vladata.Kako moze nekoi zemjodelci kako na primer lozarite,dobivaat po 7 den/kg i nekoj se naoga pameten da kaze deka barale leb preku pogaca ,sega na tutunarite da im se dava plus po 50 den????Tutunarite se samo prodolzena raka na opozicijata,ama ke im dojde krajot i na niv!
Од: todor
Датум: 28.12.2010 17:54:26
3G па ти навистина си портокалово задоен или болен како НГ. Пак ли е виновен БЦ. Па сеуште не си сфатил дека тој е опозиција и дека НГ е на Власт. БЦ лани не му кажа на НГ да даде току висока цена за току низок квалитет. Па сега тој треба да ја зголеми просецната цена за повисокиот квалитет на тутунот.
Од: hirurgot
Датум: 28.12.2010 19:14:14
Ne e dobro da se ucenuva kupuvacot.Tutunot ima svoja cena koja e odredena i taa ne moze da se menuva so uceni(blokadi i dr. raboti koi mu smetaat na narodot .)Prodajte go tutunot na drugo mesto kade ke vi ponudat poveke pari no bez uceni i blokadi na tie sto "moraat" da go kupat .Pazarnoto stopanstvo ne se bazira na blokadi i uceni,tuku na kvalitet,dobro menadjiranje,planirano proizvodstvo.
Од: Toke
Датум: 28.12.2010 21:50:13
Aman be od ovie ne se zivee.I ova e golema nepravda ,za marihuana odma zatvor a za tutun kaj pari pa malku bile pa i subvencii.Ami toa isto e, i toa i toa e shtetno.Grcite tutun odamna ne sadat i ovde ke mu dojde krajot za nekoja godina.
Од: mimi
Датум: 28.12.2010 22:22:35
Abe R R dojdi edna godina samo gledaj kako se raboti lozjeto od fevruari do oktomvri i kolku trosok se dava dodeka da go proizvedis kako so treba posle komentiraj a subvenciite uste ne se pusteni neka go platat grozjeto 15 den ne mora subvencii da se davaat koga bese sdsm na vlast nemase subvencii ama grozjeto go kipas parite na raka a sega ke cekame da ni isplakaat na 3 rati do godina ova vreme sramota aj ti ne zemaj plata 2 -3 meseci pa zivej
Од: Ратко
Датум: 29.12.2010 08:33:04
Tутунарите го добија својот дел од тортата на владата, но треба да внимаваат на криминалната работа на оние што го проценуваат и мерат нивниот труд. МЕЃУТОА, ЈА КОРИСТАМ ПРИЛИКАВА ДА ПОТСЕТАМ ДЕКА ВЛАДАТА КОМПЛЕТНО ГИ ЗАБОРАВИ ПЧЕЛАРИТЕ КОИ ЧЕКААТ НА СУБВЕНЦИИТЕ ШТО ГИ НЕМА.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Сефер ќе стоел настрана од медиумскиот бизнис на Рамковски
Колку УДБ-а беше нашата судба (16)
Не ги растурив „Битлси“
Молкот ја уништува културата
Не се брза со „Надеж“ и „Партиски реклами“
Санадер одби да и' биде предаден на Хрватска
Боуви ми ги врзува врвците на чевлите
Тука е лесно да прогласиш кодош
Куполи за пратениците
За пакетче се дава и последниот денар
Социјалците од Крушеани ги бараат социјалните пари
Стил
„Децата на комунизмот и црвената буржоазија“
Уште една изгубена година
Карикатура
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks