Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

За пакетче се дава и последниот денар

Производителите и дистрибутерите на чоколади, сепак, признаваат дека пакетчиња не се продаваат како некогаш

Сања Наумовска

Нема криза во побарувачката на новогодишни пакетчиња. За радоста на најмладите, родителите, бабите и дедовците ќе го одвојат и последниот денар само да ги исполнат детските желби и под елката да ги остават омилените слатки. Списокот за Дедо Мраз децата го подготвуваат со денови, а секој пат мора да содржи и понекоја слатка желба. Секако, се купуваат и други подароци, играчки или облека, но ниту една Нова година не смее да се дочека без пакетче. Дали е од „Краш“, „Европа“, „Милка“, „Нестле“ или од „Свислион“, на децата им е најмалку важно. Битно е да е полно со шарени и слатки ситници, чоколади, лижалчиња, кекси, бонбони.... Децата ги сакаат чоколадите „милка“ или „нестле“, „бајадерите“ на „Краш“, но не се откажуваат ниту од шарените лижалчиња-бастунчиња на „Европа“, кои се и слатко задоволство, но и убав декор на елката.

Од продажбата на новогодишните пакетчиња се задоволни и производителите и дистрибутерите на чоколади во земјата, иако признаваат дека пакетчиња не се продаваат исто како некогаш. Бројката секоја година се намалува за одреден процент, а граѓаните соочени со тенкиот буџет се одлучуваат за помали и поевтини производи. Сепак, признаваат, подготвени се да штедат на нешто друго, ама за пакетче мора да има.

„Важно е секоја година да се стави нешто под елката и да се израдуваат децата, но и да не се потроши премногу од домашниот буџет“, коментираат купувачите. Тие се задоволни зашто во последните години има се' поголем избор на пакетчиња од повеќе производители, па секоја година можат со нешто различно да ги изненадуваат децата. Добро се подготвени и производителите кои постојано внесуваат новини во понудата со цел да привлечат повеќе купувачи.

Во нашата најголема фабрика за чоколади „Европа“ паметат и времиња кога продавале и по 70.000 новогодишни пакетчиња преку синдикатите на големите работни организации. „Фирмите сега се' поретко купуваат подароци за децата на своите вработени, па за пакетчиња најмногу се интересираат родителите и блиските од семејството“, вели Ефка Кузмановска, комерцијална директорка во „Европа“, и нагласува дека граѓаните многу бираат пред да се одлучат да купат. „Најчесто изборот паѓа на помалите и поевтините комплети. Последниве години бројката на подготвени пакетчиња од фабриката е трипати помала и е израз на се' помалиот домашен буџет на граѓаните, но и големата конкуренција на пазарот“, објаснува Кузмановска.

Желбите на купувачите се едно, но нивните можности друго, велат во „Краш“, од каде што потврдуваат дека продажбата на нивните пакетчиња со години наназад држи некоја линија на стабилност, но само кај поевтините варијанти. Сепак, велат во компанијата, квалитетот на нивните производи е добро познат на потрошувачите, па тие секоја година се враќаат кај нив. „Споредби со времињата кога македонските граѓани имале повисок стандард не може да се прави, но последниве години нема значајно намалување на побарувачката на новогодишни пакетчиња“, објаснуваат во „Краш“. Граѓаните, сепак, не ги избираат најскапите пакетчиња, туку гледаат да поминат поевтино. Најмногу се трошат пакетчињата од 450 до 600 денари, а помалку оние од 1.000 денари.


#
Статијата е прочитана 1199 пати.

Испрати коментар

Од: sime
Датум: 28.12.2010 13:18:21
Stom uste se dava, znaci uste ima!
Од: kaktus
Датум: 28.12.2010 13:41:11
Така е тоа. Последиците од кризата, реформите и политиките крајно мора да ги почувствуваат и највиновните-децата. Токму тие се криви што имаат родители медиокритети, полтрони, хохштаплери кои лакомат по туѓо, што се корумпирани, што не излегуваат на гласање, не протестираат на неправдите, што се додворуваат на власта и прават кариера со кодошење, што сакаат да дојдат на позиција за да се збогатат експресно, кои се нарцисоиди и на сите солат памет, дури и кога имаат коефисиент под 35%, кои сметаат дека работата е нешто што ним не им прилега, кои знаат само да продаваат магла и чекаат некој нешто да им даде во форма на привилегии, субвенции, стимулации, провизии итн. и сл.
Од: Blagoja
Датум: 29.12.2010 09:28:21
Sime, Daj boze da imas deca pa da te vidam dali ke im kupis ili nema da im kupis paketce!!! Pozdrav

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Сефер ќе стоел настрана од медиумскиот бизнис на Рамковски
Колку УДБ-а беше нашата судба (16)
Не даваат тутун за џабе
Не ги растурив „Битлси“
Молкот ја уништува културата
Не се брза со „Надеж“ и „Партиски реклами“
Санадер одби да и' биде предаден на Хрватска
Боуви ми ги врзува врвците на чевлите
Тука е лесно да прогласиш кодош
Куполи за пратениците
Социјалците од Крушеани ги бараат социјалните пари
Стил
„Децата на комунизмот и црвената буржоазија“
Уште една изгубена година
Карикатура
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks