Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Фељтон

Колку УДБ-а беше нашата судба (16)

Удбаш ја силувал пред нејзините деца

За да го оцрнат образот на свештеникот Иван Иванов од Виница и за да го осудат повеќе години удбашите ќе му скројат валкано сценарио

Виктор Цветаноски


„Посебна ��раума доживеавме ние домашните, кога еден ден дојдоа удбашите и и' се заканија на мајка ми да се откаже од татко ми оти во спротивно ќе го стрелаат. Еден од нив и' се нафрли и пред сите нас ја силуваше. Тоа беше врв на удбашките ѕверства. Затворот на татко ми му го упропасти и бракот и сите ние страдавме поради тоа. Како семејство бевме жигосани како бугараши и така беше до неодамна“, изјави синот на осудениот Борис Бојаџиев, Симеон, чиј татко за идејата за обединета Македонија одлежал 3,5 години затвор.

Според кажувањето на Симеон, неговиот татко прв пат за Македонија бил затворен во 1937 година, кога јавно викал низ улиците на Штип: „Да живее Македонија“. Веднаш бил уапсен и одведен во Ниш каде што без судење одлежал 1,5 година затвор. Од 1943 година учествувал во НОБ и бил еден од политичките комесари на 14. бригада. По неуспешниот обид да се оди за Солун, а не за Срем, припадниците на неговата единица на патот кон Сремскиот фронт, близу Куманово, се разбегале и секој си тргнал дома. Бојаџиев и некои негови соборци биле уапсени и осудени на смрт со стрелање, но по бројните интервенции од неговите родители бил ослободен. За Бојаџиев тоа не било доволна поука, така што во 1946 или 1947 година станал член на тајна организација што се застапувала за независна и обединета Македонија што би влегла во поширока балканска конфедерација. Групата одржувала и тајни состаноци надвор од градот. Бил уапсен во август 1948 година.

„Татко ми шест месеци беше во истражен затвор во Штип, кој тогаш се наоѓаше близу денешното основно училиште ’Ванчо Прќе‘ т.е. во училиштето каде што јас тогаш учев во прво одделение. Оттаму, секој ден, точно во време на големиот одмор, го водеа татко ми врзан од истражниот затвор кон Милевата куќа, која тогаш беше седиште на УДБ-а на Штип. Секојдневно го гледав и трчав плачејќи по него, а останатите деца во еден глас викаа по нас: ’уа‘. Таа траума до денес не можам да ја заборавам. Го спроведуваше Љупчо милиционерот, со пиштол вперен во неговиот грб, а во зградата на УДБ-а бил испитуван од некојси Митровиќ (Србин што бил на служба во Штип). За време на ноќните испитувања му се заканувал со убиство, го терал со часови да клечи со голи колена врз зрна пченка, со часови да стои потпрен на ѕид само на своите палци и други нечовечки изживувања“, раскажува Симеон.

По излегувањето од затвор Борис Бојаџиев едвај нашол работа. Ги работел најтешките работи. Починал од рак во 1984 година. „Пред крајот на животот повторно се состанаа и живееја заедно со мајка ми, меѓутоа, траумите што ги доживеавме од југословенскиот ’социјалистички‘ режим трајно оставија последици во нашето семејство“, се сеќава Симеон Бојаџиев на тешките времиња кога многумина штипјани ги нарекувале бугараши.

Во првите години по војната од Виница биле судени три групи за обединета Македонија. Во првата група, во 1948 година, страдале тројца виничани, а во останатите две, судени во 1950 година, имало и по еден свештеник: поп Иван Иванов и поп Иван Попов.

Свештеникот Иван Иванов, Блаже Лазаров и Чиме Иванов биле обвинети дека поединечно и сите заедно среде народот ширеле клевети и ја напаѓале народната власт дека таа го тормози народот и го пљачка, дека била составена од простаци, Цигани и голтари. Покрај тоа, обвинетите ширеле лажни гласови дека претстои нова војна, оти Русите ќе ја нападнеле Југославија во која ќе се вмешале Англичаните и Американците и дека на чело на Македонија ќе дојдел Ванчо Михајлов, а во Србија - кралот.

Свештеникот Иванов е обвинет и за друга работа. Настојувајќи докрај да го извалкаат неговиот образ, некои удбаши му скроиле невидено сценарио во кое никој во Виница нема да поверува. Во неговата куќа испратиле две жени за да го компромитираат. Во обвинението стои дека тој, користејќи ја својата свештеничка положба и верската заблуденост на селаните, систематски примал жени во својот дом и со изговор дека преку читање молитва ги лекува со нив вршел „блудни радњи“.

Во обвинението се изнесени многу вулгарности. „Ги штипел на секаде по телото. Им ги вадил дојките и им молзел млеко со кое ги поливал крстот и еден струк босиљок, и со тоа после ги мазал по образите и полните органи, након тоа ги терел да му се обрнуваат со грбот и прават метанија ако би им четел молитва, а за тоа време кога би се жените наведнале ги зграбувал за половините, им ги подигал фустаните. И како постраданите оделе махом без гаќи насилно со нив вршел сношај...“, пишува во обвинението.

Неговата сопруга Стојка Иванова за тој настан прозборе четириесетина години подоцна. Во изјавата што ја испрати до д-р Стојан Ристески и што е објавена во „Судени за Македонија“, целосно ги демантира гнасните обвинувања. Таа лично присуствувала на судењето на сопругот и тогаш ги слушнала лажните сведочења на двете жени.

„Гледајќи ги двете жени во судницата се присетив на нив. Двете дојдоа во нашата куќа неколку дена пред затворањето за мојот сопруг да им чита молитва. Бидејќи тој беше в црква, им реков да одат таму, но тие инсистираа да го чекаат тука. Во тоа не видов ништо сомнително зашто за истата работа доаѓаа и други лица. Иван долго се задржа в црква, а тие упорно го чекаа. Кога дојде свештеникот, му кажав за двете жени т.е. дека ги упатував в црква, но оти тие упорно го чекаат дома. Ова му го реков во нивно присуство. Тие ништо не прозборија. Со свештеникот слегоа во приземјето од куќата, таму се изврши читањето на молитвата. Бев изненадена како овие жени можат толку подло да лажат на судот. Прво, да се прави нечесно дело пред две лица е незамисливо, дури и во денешни услови на слаб морал, а не тогаш. Второ, јас со децата бев тука, немаше никакво заклучување на врата. Зашто така сведочеа, тие си знаат, но можат да заклучат сите добри луѓе“, објаснува сопругата Стојка.

Поп Иванов на власта и' се замерил веднаш по војната. По ослободувањето бил избран за претседател на Виница, но по околу два месеца се откажал поради тоа што не се согласувал со некои постапки на власта. Покрај тоа, им припаѓал на луѓе што не се согласувале со делумното решавање на македонското прашање, а во тоа време слушал и Радио Лондон, нешто што се сметало за голем ерес. Му била изречена строга казна – 16 години затвор, а сопругата и децата биле истерана од црковниот стан и морале да се приберат кај нејзините во Кочани.

„Како затвореник мојот сопруг во ’Идризово‘ доживеал невидени маки. Таму, освен со многу блиски луѓе и соученици, се сретнал и со својот колега, свештеникот Јован Попов. На Јован Попов управата на затворот му пуштила провокатор, со цел да се дознае каде се скриени златото и другите драгоцености што ги имало неговото семејство. Провокаторот му се претставил како голем маченик, но и моќен да стори се' за да избегаат од затворот преку свои канали, за што, наводно, му требале пари. Поп Јован му поверувал и за ова му кажал на мојот сопруг, велејќи му дека и тој може да побегне со нив. Целата приказна за бегањето и за парите на мојот сопруг му станале сомнителни и му рекол на поп Јован дека мисли оти лицето што му ветува бегство е провокатор. Стариот поп Јован поверувал, па при првата средба со него му рекол в очи дека е провокатор, испратен од затворските власти. Притоа го спомнал и името на мојот сопруг. Провокаторот не признавал, но набргу го снемало од затворот, �� мојот сопруг и поп Јован добиле по 30 дена карцер“, пишува сопругата на виничкиот свештеник.

Меѓутоа, поп Јован Попов веќе му имал кажано на големиот „маченик“ за закопаното богатство на неговото семејство. Еден дел било пронајдено во Разловци, родното село на свештеникот, а другиот дел во неговата куќа во Виница. Во народот се зборувало дека имало една канта злато.

Поп Иван Иванов по издржувањето на затворската казна не се вратил повеќе во Виница, во градот каде што УДБ-а го извалкала неговиот свештенички образ. Виничани го канеле да биде свештеник кај нив, но тој одбил и заминал во Кочани.

„Вистината секогаш излегува на површина, но не доживеа да ја види самостојна Република Македонија за да може сам да се искаже, а имаше што да каже, бидејќи по затворот заврши Филозофски факултет, група историја, со претходна диплома на завршена Богословија и незавршен студент на Богословскиот факултет во Белград. До крајот на животот остана свештеник и од секого беше почитуван, како свештеник и како човек“, ја пренесува Стојка Иванова трагичната судбина на својот сопруг.


#
Статијата е прочитана 3263 пати.

Испрати коментар

Од: pero magacinero
Датум: 28.12.2010 12:28:15
navistina tragedija na makedonskiot narod,ili bi mozelo da se rece samoistrebuvanje,samo treba da vnimavame da ne mesame babi i zabi,vo toa vreme imase i sledbnici na antimakedonecot vanco mihajlov i todor aleksandrov,tie se borea za golema bugarija,a nekoi vnuci i pravnuci,seuste se so istata idea videte sto raboti lupco vojvodata-sram da mue!
Од: ВУЈКО МИ ЗАГИНА НА СРЕМСКИ ФРОНТ
Датум: 28.12.2010 13:23:53
На мајка ми брат е загинат на Сремски фронт остави две деца кои ништо не беа згрижени од толку фалената ЈУ а татко им е носител на партизанска споменица со потпис од толку фалениот Тито. Македонија расчеречена од православните соседи трите мали творби Грција Србија и Бугарија на кои кралска Европа им ја раздели Македонија. Македонците нормално дека сакале некаков вид обединување или кон браќата во Егејот. Тогаш до 1948 изгоре авангардата во Егејот. Тогаш па до 1952 само во Пирин имаше 200.000 македонци. Ти од вчера потпишасн како Некој поим немаш дека до 1913 имало повеке Македонци и од Грци и Срби. Денес се во Грц Буг Алб асимилирани четири милиони Македонци.
Од: realen
Датум: 28.12.2010 13:36:37
Popovite i hodzite se pravi angeli. Od kade na popot edna kanta zlato. Zosto bil angel.
Од: veselapopovska
Датум: 28.12.2010 14:01:21
Следбениците на Ванчо Михајлов и вистинските бугарофили најмалку се судени ако воопшто се судени. Судени се чесни,мирни, интелегентни луѓе, кои и да биле за единствена Македонија што лошо направиле. Некои се клеветени од завист, некои да им се земе имотот, некои од што биле интелектуалци, некои од што биле трговци. Симптоматично е што сите вредни народни херои меѓу кои и Кочо Рацин ги снемува 1945 на крајот на војната, а сомнителни типови борци од 1944-45 стануваат функционери. Тие се понатаму на власт до ден денешен.
Од: kaktus
Датум: 28.12.2010 14:06:22
Да, УДБА беше нашата зла судба. За жал, сеуште е. Сега се на позиција децата и внуците на тогашните удбаши, и тоа на најчувствителните места, каде што треба да делат “правда“. Но тие тоа не се кадарни да го прават оти никогаш во животот не почувствувале неправда и не знаат што е тоа. Само оние кои доживеале неправда имаат критериум за правда
Од: Ицо Најдовски Перин
Датум: 28.12.2010 16:28:50
Читајќи го „Војводството“ на Мане Јаковлевски и долгогодишното „следење“ од УДБА ништо не кажа за јавноста дека некогаш и некаде бил навреден, повреден или затворен. Веројатно Мане одеше напред а УДБА по него работејќи рамо до рамо. Потоа „Големото Војводство“ се докажа како многу успешно менувајќи ги успешно Драган Богдановски, Љубчо Георгиевски, Љубе Бошковски, Јохан Тарчуловски. Потоа неговото „Војводство“ на стабилни нозе работи и со Груевски цели 5 години. Тоа е се вели „Војвода“!!!
Од: Toronto
Датум: 28.12.2010 16:46:48
UDBA-site se nasata naj crna strana vonasata makedonska ponova istorija.Ostavia crni tragi vo zivotot na cesnite makedonci. Iovde vo Kanada ne bevme postedeni. Ne rasturija so lazni propagandi.Brat so brat da ne se vidat,od teskite udbaski kodosi
Од: miki
Датум: 28.12.2010 18:19:45
Jas nmozam da ve svatim vas makedonci,odkade tolikava mrznja prema Srbi.?Jas nesom Srbin ali cudno mlogu.Sve vi je nekoj kriv, a kade je samokritika.Eto sega ste sami pa vidjim mlogu ste napredni i razvijeni!?Kosovo od vas ima bolji standard sredjenije je, za nego (Kosovo) mozeme da kazeme da je na zacelje po ekonomske uslovi.Nemam namera da nerviram nikogo, alji stvarno mi je krivo ka zborite tolku loso za Srbi.Pozdrav za sve Makedonci i Srbi Ja som Goranec od Globocica
Од: Дете бегалче - во сопствената земја
Датум: 28.12.2010 23:24:38
Со толку многу херои,Македонија ќе беше самостојна и обединета уште во 1945,а сигурно уште и пред 1913!Претворањето на оние кои до вчера работеле во корист на Бугарскиот окупатор во херои за „самостојна“Македонија е чиста измислица!Правењето фељтон според еднострани пристрасни кажувања е чиста небулоза,токму како и испишувањето на таквата историја!20 години трубат за стрелани на Скопското Кале,а од нив ниту трага,ниту глас и покрај „археолошките“ископувања!Така,произлегува дека сите оние кои биле за Царска Б’лгарија,всушност се бореле за самостојна Македонија,што е невидена замена на тези и претворање на Ѕверот во жртва!Според изнесениот број „македонци“во 1913,од страна на некои коментатори,сме требале само да дувнеме за да добиеме империја!
Од: Ivan usa
Датум: 29.12.2010 00:03:18
Ziti majka PERO magacinero kaj go imas toa procitano Mihajlov i Aleksandrov se anti makedonci bi sakal i jas toa da go procitam, procitaj nekoja stranica od ponovata istorija, batali toa sto go ucese vo peto i sesto odelenie, citaj poeke.
Од: ,,Vojvodstvoto,, na Mane
Датум: 29.12.2010 00:28:44
Ne sum go cital ,,Vojvodstvoto,, na Mane Jakovlevski, no, mozam da pretpostavam sto ima vo negovata kniga. Od razgovorite so poveke ludje sto gi poznavaat brakata Gojko i Mane, site tvrdat deka Gojko e vistinskiot skromen i cesen i vreden covek i golem dokazan patriot, dodeka Mane e samo obicen profiter, licemer i parader koj prosperira samo poradi toa sto e brat na Gojko! Mane e covek za site rezimi i samo za pari!
Од: damjan
Датум: 29.12.2010 08:24:30
Во врска со ,,омразата кон Србите,, навистина од многу ,,коментари,, и тоа не само на овој фељтон, провејува некаков анимозитет кон Србија. Некои одат во крајности, за да се затскријат симпатиите кон еден друг сосед, чии политичари и дел од научниот свет и денес не негираат како народ, присвојувајќи ни ја историјата, културата, фолклорот. Зарем не ја чукнете главата и да видите дека оваа македонска држава е формирана на делот што го доби Србија при шеречењето на македонија во 1913 година. Каде е делот што го лапнаа Бугарите, или оној што го заграби Грција. Затоа, треба да се има мерка во изразот и толкувањето на нештата. Направете паралела меѓу пропагандите на Софија и Белград на антимакедонска основа денес и ќе видите кој сака да ја проголта македонија. Кој не кодоши во Брисел, кој ги тортурира Македонците и денес ? А не со псигологијата на папагали да се повторува една иста заблуда!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Сефер ќе стоел настрана од медиумскиот бизнис на Рамковски
Не даваат тутун за џабе
Не ги растурив „Битлси“
Молкот ја уништува културата
Не се брза со „Надеж“ и „Партиски реклами“
Санадер одби да и' биде предаден на Хрватска
Боуви ми ги врзува врвците на чевлите
Тука е лесно да прогласиш кодош
Куполи за пратениците
За пакетче се дава и последниот денар
Социјалците од Крушеани ги бараат социјалните пари
Стил
„Децата на комунизмот и црвената буржоазија“
Уште една изгубена година
Карикатура
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks