Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Социјалците од Крушеани ги бараат социјалните пари

Го изгубиле правото на надоместок зашто имале
одредени приходи на трансакциските сметки

Моника Талеска


ПРИЛЕП - Педесетина семејства од селото Крушеани, Општина Кривогаштани, бараат да им се врати социјалната помош, која им била неправедно скратена. Од октомври го изгубиле правото на овој паричен надоместок зашто им биде евидентирани одредени приходи на трансакциските сметки. Тие тврдат дека парите што ги добиле од предавање на млеко или тутун од минатата реколта се минимални и недоволни за да ги исплатат долговите за струја во текот на целата година. Се пожалиле во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, но и натаму остануваат без овој додаток.

Сите семејства се социјално загрозени. Живеат во многу тешки услови и велат дека веќе изгубиле надеж дека некогаш ќе биде подобро.

„Маж ми почина, останавме тројца, а сиромаштијата тропа на врата. Не знаеме кој крај да го фатиме. Социјалната помош од 2.000 денари ми ја прекинаа, затоа што со остварениот приход од земјоделство, сме имале некој месечен просек од по 5.000 денари. Со парите што ги зедов од тутунот ги платив сметките за струја, а долговите се' уште не ми се исплатени. Тие 2.000 денари што ги добивавме за некој можеби не беа никакви пари, но за мене се многу. Не знам како ќе се снаоѓаме натаму. Треба да се подготвуваме за наредната реколта. Но, како и со кои пари кога немаме можност да се прехраниме“, низ солзи зборува Виолета Граороска од Крушеани.

Во голема мака живее и Живко Неданоски. Тој не е вработен. Одгледува крава за да ги прехрани родителите. Неговата мајка има 76 години, боледува од склероза, а подолго време е неподвижна. Таткото има 75 години, преживеан мозочен удар и едвај успева сам да се грижи за себе. Во малата куќарка каде што живеат по последниот дожд, им паднал таванот, а пари немаат за поправка.

„Немам пари за лекови за мајка ми и за татко ми, а не, пак, за поправка на куќата. Успеавме некако да купиме некој кубик дрва за огрев, но еве и тие нема да стигнат зимава. Социјалната помош ја прекинаа, а никој не дојде да види во какви маки живееме и да праша како ни е. Не знам што да правам. Нема каде да работам. Постојано сум со родителите и им помагам за се' зашто сами не можат“, вели Живко.

Од околу 60 семејства, корисници на социјална помош, по последното пријавување, едвај десетина домаќинства го задржале ова право. А, велат сите се сиромашни. Но, нивните жалби никој не сака да ги чуе. Бараат од државата да им обезбеди работа и никогаш повеќе да не им даде социјална помош.

Од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа потврдуваат дека овој паричен надоместок од октомври е прекинат не само во Крушеани, туку и на илјада домаќинства во градот и во селата.

„Сите семејства што остваруваат приход поголем од висината на социјалната помош остануваат без овој надоместок. Не можеме да се поставиме како институција над законот. Нема потреба да се врши дополнителен увид. Сите што добиваат социјална помош се посетени од стручните тимови во Центарот. Во ситуација кога домаќинството остварило приход што е евидентиран на трансакциската сметка по автоматизам, правото на паричен надоместок се прекинува“, објаснува Снежана Јованоска, директорка на МЦСР во Прилеп.

Во споредба со периодот пред пет и повеќе години, бројот на корисници на социјална помош во Прилеп е речиси двојно намален. Функционираат контролните механизми. Според последната евиденција, околу 2.600 семејства се корисници на социјални пари.

Ромите се бришат од листите за помош

БИТОЛА - Жители од битолската населба Баир, социјални случаи, вчера протестираа барајќи итна исплата на социјалната помош за октомври годинава. Тврдат дека не зеле ниту денар помош за последните два месеца и целосно ги негираат тврдењата на Министерството за труд и социјална политика дека парите се исплаќаат.

„Не можеме веќе да живееме од ветувања. Парите од социјалното не стигнаа. Овој народ треба да ја слави Нова година, а нема пари да купи килограм месо. Не може да оживуваат споменици, а живите да умираат од глад“, револтирано зборуваа Роми, социјални случаи до Битола.

Ромите се жалат дека социјалната помош им се укинува без никакви причини. При секое кусо отсуство од државата веднаш се бришат од листата на социјалци, а потоа решенијата не им се обновуваат.

„Ми ја скинаа социјалната помош само затоа што отидов на посета кај брат ми во странство. Зошто на Македонците што биле на посета не им ја укинуваат, туку селективно само на Ромите“, прашува Кашман Тезилов, жител на Баир.

Од Центарот за социјални работи во Битола велат дека протестот на социјалците е неоснован, бидејќи парите за октомври се исплатени пред две недели. „За ноември не е исплатена помош, бидејќи се прави годишна обнова на документите. Парите ќе доцнат се' додека не се направи точна евиденција кој ќе прима понатаму социјална помош, а кој ќе биде одбиен. Наши екипи се' уште се на терен“, изјави Виолета Гаџовска, директорка на Центарот за социјални работи.

Во Битола над 2.000 семејства и лица се корисници на социјална помош. (А.Б.)

 


#
Статијата е прочитана 680 пати.

Испрати коментар

Од: cile
Датум: 28.12.2010 12:24:27
samo vmro neke sece socijala a frla miloonii za kamenspomenici t.e. mafijasi del od pari za spomen vo dzep a znaejte koga covek nema za leb stanuva zivotno pa nes ecudete koga ce ve ograbuvat,tepat,ubivat za 20denari.........
Од: pero magacinero
Датум: 28.12.2010 12:42:18
makedonskiot narod treba da se organizira bez razlika dali dpmne e na vlast ili bivsite komunisti na branko,penziite i socijalnata pomos treba da bidi ednakva za site ziteli vo makedonija,bez razlika dali imal stazh ili ne,dali bil vojno ili drzavno lice ili bil govedar ili cistac,makedonija ja ima podpisano deklaracijata za covecki prava vo obedinetite nacii,nemoze eden da zema dvaest pati pogolema penzija od selanecot-rabotnikot,i toj ima pravo da zivee,crvenko da zema plata i penzija,ministerot manevski isto taka i iljadnici kako niv.
Од: забеган.
Датум: 28.12.2010 12:58:05
Што бисе случило дали некој размислува ако се здружат сите,Од земјоделци,сточари,социалци.И им појдат пред Влада дали ВАРДАР ќе ги опере. Од министри до Премиер.Затоа нека стават прст на чело.Секое трпение има крај.
Од: граѓани
Датум: 28.12.2010 17:53:29
Го прашувам Груевски и било кој од ВМРО, каква е таа социјална помош од 2000 денари.? Лицемерие без преседан. Па сега им ги укинале. А кој им ги укинал? Еден куп административци (главно партиски полтрони), што чмаат по канцеларии и земаат незаслужена плата, па за да ја заслужат, (демек ете нешто да работат), се нафрлиле врз сиромаштијата на која и изигруваат богови. Како можат да им ги шпионираат само сметките а да замижуваат пред распаднатите куќарки, и воопшто пред нивните елементарни услови за живеење, или едноставно измачените лица кои сите ги приметуваме кај бедните? Кој сиромав со доволно пари на сметка прво не би вложил во елементарни услови за живеење? Правејќи ги сиромашните будали себеси се прават будали. Врв на лицемерие. Звучи остро и претерано но сепак само револуција може да не спаси од ваква лицемерна, ужасна власт.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Сефер ќе стоел настрана од медиумскиот бизнис на Рамковски
Колку УДБ-а беше нашата судба (16)
Не даваат тутун за џабе
Не ги растурив „Битлси“
Молкот ја уништува културата
Не се брза со „Надеж“ и „Партиски реклами“
Санадер одби да и' биде предаден на Хрватска
Боуви ми ги врзува врвците на чевлите
Тука е лесно да прогласиш кодош
Куполи за пратениците
За пакетче се дава и последниот денар
Стил
„Децата на комунизмот и црвената буржоазија“
Уште една изгубена година
Карикатура
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks