Брoj 2740  петок, 18 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Кога таткото истовремено е во улога и на мајка

Кои се импликациите откако Томас Бити, првиот бремен маж на светот, се породи

Една од фразите што мојата баба често ги кажуваше со големи чувства беше - "Еден човек треба да има едно бебе". Никогаш не знаев дали ова е желба или клетва, но прилично сум сигурна дека никогаш не мислела на Томас Бити. За оние кои не читаат таблоиди, Бити е "Првиот бремен маж во светот". Иако титулата "прв" е спорна, Бити секако е најексплоатираниот транссексуалец во јавноста кој го прикажа својот стомак пред медиумите. И конечно, тој се породи.

Спротивно на таблоидите, ќе ве поштедам од многу медицински детали. Само ќе напомнам дека Томас се родил како Трејси и доволно се социјализирал во традиционалната улога на жена за да биде финалист на натпреварот за избор на тинејџерка-убавица на Хаваите. Потоа, по една деценија, тој изврши, како што самиот ја нарекува, операција за промена на полот, а некои тоа сега го нарекуваат корективна хирургија. Таа го коригираше своето тело за да и' одговара на нејзината претстава за себе. Во тој момент таа го промени родот, па и јас ќе го направам тоа. По операцијата, Томас се ожени со Ненси, во Орегон, држава во која на Трејси ќе и' беше забрането да стапи во брак со Ненси, но не е важно. Ненси, која има две возрасни деца, повеќе нема матка, но повторно сакала да стане мајка. Томас, кој пак ги задржал матката и јајчниците, сакал да стане татко.

Ова е моментот кога оваа сторија почнува да станува помалку шоу на изроди - брадест маж се породи! - а повеќе како неизбежен следен чекор на медицината или на преобразбата, ако сакате повеќе така. Дури неодамна почнавме да го гледаме човечкото тело како шаблон кој треба да биде прекроен по наша волја. Не ги споредувам операциите за промена на полот со липосукцијата, но ако Томас ги отстранил градите за да личи на машки топ- модел, како голем број жени ги зголемуваат за да бидат во согласност со женската слика за совршенство? Од таа причина, дури од неодамна можевме да посегнеме по кутијата за таблети и да извадиме машки и женски хормони.

На тоа додадете го големиот спектар репродуктивни технологии. Во текот на 34-годишниот животен век на Бити, зборот "мајка" го поделивме на многу делови. Сега имаме генетски, гестациски и мајки кои раѓаат, како и мајки кои ги одгледуваат децата. Имаме донатори на јајце-клетки и сурогати. Баби се бремени со нивните внуци. Сестри се породуваат со нивни внуци.

Всушност, на листата репродуктивни технологии, проектот за правење бебе на Бити е толку основен како рецепт за сос. Спермата е добиена од анонимен донатор. Тие се решиле на вештачко оплодување и природно породување. Но, од социјална гледна точка, Томас и Ненси ќе имаат многу проблеми да му објаснат некои работи на нивното дете. "Во техничка смисла, јас се гледам себеси како сопствен сурогат", вели Бити. Но, во техничка смисла, тој не е сурогат. Тој е генетска мајка и гестациска мајка. Во шоуто на Опра Винфри, тој изјави дека има "право да има биолошко дете". Меѓутоа, она што го има се матка и јајчници.

Па во таа техничка смисла, ова бебе има две мајки, мајката што го родила и онаа што ќе го одгледа. Бебето, исто така, има и двајца татковци, донаторот на спермата и оној што ќе го одгледа. Во техничка смисла, Томас е мајката што го родила и таткото што ќе го одгледа. Никој нема намера да се отстапи од медицинските напредоци, дури и ако го сакаме тоа. Но, она што го направи Бити да биде на насловните страници на таблоидите е тоа што во машко-женскиот свет на спротивставени заменки и полови, тој претставува премин меѓу половите, можност што го заматува умот дека полот не е едниот или двата.

На крајот, најбизарниот дел од сторијата би можела да биде инсистирањето на Бити на нивните називи. "Тој ќе биде таткото, а јас ќе бидам мајката", изјави Ненси. Со оглед на извртувањето на сите билошки улоги, искривувајќи ги сите наши биолошки слики за тоа што значи да се биде татко или мајка, тие изгледа ги наметнаа старите општествени улоги. Да се надеваме дека тој ќе менува пелени. Наречете го Томас маж со матка или жена со ..., не е важно. Но, и покрај Сигмунд Фројд, ова е уште еден начин на кој анатомијата повеќе не е судбинска. Што се однесува до бебето? Тоа е девојче! Барем засега.

(Интернешенел хералд трибјун)


Статијата е прочитана 409 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Весниците ќе му платат 600.000 фунти на Британец кој неправедно го обвинија
Се препорачува Устаниот суд на Турција да не ја забрани АКП
Ирците бурно реагираа на повикот на Саркози повторно да гласаат
Саркози и' дал орден на судијката што го разведе
Погребани двајцата израелски војници убиени од Хезболах
Русија и Грузија започнаа воени маневри „синхронизирано
Жителите го напуштаaт градот од страв од обезглавување
Србија ги враќа амбасадорите во државите што го признаа Косово
Мексикански војници заробија подморница за шверц на дрога
Првпат во светот на избори ќе се гласа преку мобилен телефон
Генералот што го бомбардира Дубровник доби 7,5 години затвор
Кинез убил шестмина полицајци за да се одмазди за испрашувањето