Брoj 2740  петок, 18 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Првпат во светот на избори ќе се гласа преку мобилен телефон

Талин- Естонија би можела да биде првата земја во светот во која избирачите ќе можат да гласаат преку мобилни телефони, пишува естонскиот дневен весник "Постимес".

Министерството за правда во Талин го презентираше законскиот предлог според кој мобилни телефони би можеле да се користат на изборите во Естонија за ЕУ-парламентот и на локалните избори во 2009 година.

Прашањето за гласање преку мобилни телефони е проследено со отворен политички судир. Зад предлогот застана владејачката Реформска партија, која постигна големи успеси меѓу помладите избирачи на минатогодишните парламентарни избори во Естонија.

Опозициската Партија на центарот, за која вообичаено гласаат постари избирачи, смета дека Реформската партија ги користи промените во изборниот законик со цел да освои поголем број гласови на изборите, затоа што се очекува преку мобилните телефони најмногу да гласаат млади Естонци.

Гласање преку Интернет е веќе воведено во Естонија, а сега се очекува, според новиот законски предлог, да се продолжи во траење од три на десет дена. (МИА)


Статијата е прочитана 203 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Весниците ќе му платат 600.000 фунти на Британец кој неправедно го обвинија
Се препорачува Устаниот суд на Турција да не ја забрани АКП
Ирците бурно реагираа на повикот на Саркози повторно да гласаат
Саркози и' дал орден на судијката што го разведе
Кога таткото истовремено е во улога и на мајка
Погребани двајцата израелски војници убиени од Хезболах
Русија и Грузија започнаа воени маневри „синхронизирано
Жителите го напуштаaт градот од страв од обезглавување
Србија ги враќа амбасадорите во државите што го признаа Косово
Мексикански војници заробија подморница за шверц на дрога
Генералот што го бомбардира Дубровник доби 7,5 години затвор
Кинез убил шестмина полицајци за да се одмазди за испрашувањето