Србија ги враќа амбасадорите во државите што го признаа Косово
Њујорк - Можно е Србија да ги врати своите амбасадори во државите од кои беа отповикани поради признавањето на независноста на Косово, пишува вчерашното издание на весникот "Њујорк тајмс".
Според српските власти, оваа одлука е поврзана со желбата за возобновување на односите со западните држави. Белград претходно ги отповика амбасадорите од Франција, Германија, Италија, САД, Белгија, Велика Британија и од други земји во знак на протест против признавањето од нивна страна на независноста на Косово.
Српскиот шеф на дипломатијата Вук Јеремиќ изјави дека односите со Европа и Вашингтон треба да се возобноват, иако несогласувањето со косовската независност ќе продолжи да биде јасно потенцирано, како и секогаш. (МИА) |