Мексикански војници заробија подморница за шверц на дрога
МЕКСИКО СИТИ - Мексиканските војници во средата запленија мала подморница која се користела за шверцување дрога во Пацификот, соопшти армијата. Авион на морнарицата ја забележал подморницата околу 225 километри јужно од туристичкото место Хуатулко, по што почна тричасовна бркотница, изјави контраадмиралот Хектор Мучараз. Зелената подморница со која е превезувало кокаин е 100 метри долга и изгледа е импровизација или модифицирано пловило. „Подморницата се движеше кон површината на морето и кога излезе ние ја искористивме таа предност“, изјави капетанот Бенџамин Мар, портпарол на морнарицата. Припадници на специјалните сили ја нападнале подморницата од хеликоптер и го заробија четиричлениот екипаж, додаде тој.
Мексиканската власт се' повеќе ја користи армијата во борбата против трговците со дрога кои го пренесуваат јужноамериканскиот кокаин преку Мексико во САД. Претседателот Фелипе Калдерон откако во декември 2006 година дојде на оваа функција, испрати илјадници војници кон опасните места во земјата каде се тргува со дрога. Трговците ја пренесуваат дрогата во Мексико преку тунели под границата со САД и ја кријат во храна и играчки, додека морнарицата соопшти дека ова е прв пат тие да користат подморница. (Ројтерс) |