Брoj 2740  петок, 18 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Се препорачува Устаниот суд на Турција да не ја забрани АКП

АНКАРА - Советникот на турскиот Уставен суд препорача дека судот не треба да ја забрани владејачката АКП поради антисекуларни активности, изјавија официјални лица. Во необврзувачкиот извештај Осман Кан изјави дека одлуката на АКП за укинување на забраната за носење исламски шамии имала за цел проширување на слободите, додаваат тие. Турскиот јавен обвинител ја обвинува партијата дека се обидува да го замени секуларниот систем во земјата со создавање исламска држава. Партијата ги негира овие обвиненија. Пресудата за овој случај се очекува да биде донесена за еден месец.

Кан, исто така, препорача Уставниот суд да ги отфрли обвиненијата против АКП за поткопување на секуларизмот во Турција, додаваат официјалните лица. Хасим Килич, претседател на судот, потврди дека препораките на Кан беа пренесени до советот од 11 судии. АКП, повеќето од нејзините лидери вклучувајќи ги и премиерот Реџеп Таип Ердоган и претседателот Абдула Ѓул претходно беа членови на исламистичка партија, освои убедлива победа на минатогодишните избори. Уште се додава дека судскиот процес е идеолошки, а не правен, покренат од традиционалната секуларна елита која не успеа да победи на изборите. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 142 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Весниците ќе му платат 600.000 фунти на Британец кој неправедно го обвинија
Ирците бурно реагираа на повикот на Саркози повторно да гласаат
Саркози и' дал орден на судијката што го разведе
Кога таткото истовремено е во улога и на мајка
Погребани двајцата израелски војници убиени од Хезболах
Русија и Грузија започнаа воени маневри „синхронизирано
Жителите го напуштаaт градот од страв од обезглавување
Србија ги враќа амбасадорите во државите што го признаа Косово
Мексикански војници заробија подморница за шверц на дрога
Првпат во светот на избори ќе се гласа преку мобилен телефон
Генералот што го бомбардира Дубровник доби 7,5 години затвор
Кинез убил шестмина полицајци за да се одмазди за испрашувањето