Брoj 2740  петок, 18 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Погребани двајцата израелски војници убиени од Хезболах

Елдад Регев и Ехуд Голтвасер се верува дека загинале кога влегле во заседа во 2006 година

ЕРУСАЛИМ - Во Израел со воени почести беа погребани војниците кои беа вратени од Либан како дел од размената на затвореници од страна на милитантното движење Хезболах. Војниците Елдад Регев и Ехуд Голтвасер се верува дека загинале кога влегле во заседа во 2006 година. Овој инцидент ја поттикна едномесечната војна меѓу Израел и Хезболах. Во размената за враќање на нивните тела, Израел ослободи петмина либански затвореници, а ги предаде и останките од 200 либански и палестински борци. Илјадници лица присуствуваа на погребот на Голтвасер, кој беше извршен на воените гробишта во неговиот роден град Нахарија во северниот дел на Израел. Регев вчера попладне беше погребан во воениот дел на гробиштата во Хаифа.

Израелската армија чувствува обврска да ги врати дома сите свои војници. Меѓутоа, размената што се случи во средата беше контроверзна во Израел, бидејќи со неа беше ослободен осудениот убиец Самир Кантар. Војниците имаа пурпурни беретки додека го носеа ковчегот на Голтвасер кој беше покриен со израелското знаме. Израелски официјални лица изјавија дека Голтвасер починал од раната во градите предизвикана од ракетна граната кога возилото во кое биле тој и Регев влегло во заседа, објави весникот "Ерусалим пост". Регев, исто така, бил повреден од експлозијата пред да биде застрелан во главата, објави весникот.

Во меѓувреме, останките на вратените либански и палестински борци се пренесени до либанскиот главен град Бејрут со триумфална погребна церемонија. Во средата лидерот на Хезболах Хасан Насралах лично им посака добредојде дома на петтемина м��литанти ослободени од страна на Израел. На големиот собир во Бејрут шеикот Насралах изјави дека "времето на порази" е завршено. Дописникот на Би-Би-Си од Бејрут јави дека размената на затвореници се смета за триумф од страна на симпатизерите и опонентите на Хезболах. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 105 пати.

Испрати коментар

Од: gjoko bugarija
Датум: 18.07.2008 10:51:16
glupavi evrei dadoa zivi zarobenici za mrtvi vojnici.trebashe da gi ubijat gadnite atapi i posle da im gi dadat

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Весниците ќе му платат 600.000 фунти на Британец кој неправедно го обвинија
Се препорачува Устаниот суд на Турција да не ја забрани АКП
Ирците бурно реагираа на повикот на Саркози повторно да гласаат
Саркози и' дал орден на судијката што го разведе
Кога таткото истовремено е во улога и на мајка
Русија и Грузија започнаа воени маневри „синхронизирано
Жителите го напуштаaт градот од страв од обезглавување
Србија ги враќа амбасадорите во државите што го признаа Косово
Мексикански војници заробија подморница за шверц на дрога
Првпат во светот на избори ќе се гласа преку мобилен телефон
Генералот што го бомбардира Дубровник доби 7,5 години затвор
Кинез убил шестмина полицајци за да се одмазди за испрашувањето