Брoj 2740  петок, 18 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Саркози и' дал орден на судијката што го разведе

Орден на честа добил и човекот што го запозна Саркози со Карла Бруни

Брисел - Францускиот претседател Николас Саркози не престанува да шокира со уникатниот стил на водење на политиката, но она што го направи деновиве излегува и од тие рамки веќе прифатливи за Франција. Како што објави француски „Либерасион“, претседателот неодамна ја наградил со Орден на честа судијката Никол Шубрак чијашто единствена заслуга е што го разведе во дискреција од претходната жена Сесилија, но не застанал тука, па му дал ист орден и на Жак Сегуела, кој ја организирал славната средба на Саркози со Карла Бруни, сегашната сопруга.

Судијката Шубрак, и самата изненадена од признанието, изјави за медиумите дека претседателот очигледно го цени тоа што го премолчела разводот пред медиумите, со додавка дека господ знае колку тоа било тешко и колку била напаѓана од новинарите. Инаку, Орденот на честа е највисок орден на Франција, а пред неколку дена претседателот Саркози лично и' го врачи истото признание на Ингрид Бетанкур, како признание за силата што ја покажа преживувајќи ја десетгодишната голгота во заточеништво. (С.Ј.)


Статијата е прочитана 1031 пати.

Испрати коментар

Од: R..
Датум: 18.07.2008 00:29:13
Ordenot na cesta dodelen na Zak Seguela,ima podlaboko znacenje. Seguela e vice direktor na PR kukjata EURO RSCG ,kade e direkto cuveniot Bolore, na cija jahta se odmaral Sarkozi po uspesnite izbori. Seguela i negovata ekipa ,se poznata po organiziranje na izborni pretsedatelski kampanji. Poznat i kako socijalist i podrzuvac na partijata. No, pred izbori,Sarkozi go ima licno zamoleno Z S ,za pomok,za da bide izbran za pretsedatel,"dozvoluvajki mu" da siostane socijalist po ubeduvanje!"Nekakov "socijalist bese i Karla B. koja tocno e deka on(i) mu ja "namestile" na Sarkozi. Po sto ,negoviot rajting se slizna kako po zaledena pista...
Од: Dr.Mihail Sorko ,Ohrid.
Датум: 18.07.2008 10:57:31
Pocituvaniot Gospodin Sarkozi ,Pretsedatel na Republika Francija DOBRO ZNAE deka Orden na cesta kako najvisok Orden na Republika Francija se dodeluva na nekoj covek /zena koi se zasluzni ZA FRANCUSKITE NACIONALNI INTERESI ili ZA NACIONALNA GORDOST na Republika Francija so svoite intelektualni ,umetnicki ili naucni dostignuvanja ili uspesi , a ne se dava za LICNI ODNOSI ili licni zaslugi za Pretsedatelot ! ! !
Од: roxy
Датум: 18.07.2008 15:17:18
pocituvani gospoda, odamna ordenot ne se dodeluva za vistinski zaslugi.tuku e onaka zabava i gest od revijalen karakter .. kakvi se kreteni ne go dobile toj orden duri i Amanda Lear go ima dobieno...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Весниците ќе му платат 600.000 фунти на Британец кој неправедно го обвинија
Се препорачува Устаниот суд на Турција да не ја забрани АКП
Ирците бурно реагираа на повикот на Саркози повторно да гласаат
Кога таткото истовремено е во улога и на мајка
Погребани двајцата израелски војници убиени од Хезболах
Русија и Грузија започнаа воени маневри „синхронизирано
Жителите го напуштаaт градот од страв од обезглавување
Србија ги враќа амбасадорите во државите што го признаа Косово
Мексикански војници заробија подморница за шверц на дрога
Првпат во светот на избори ќе се гласа преку мобилен телефон
Генералот што го бомбардира Дубровник доби 7,5 години затвор
Кинез убил шестмина полицајци за да се одмазди за испрашувањето