Брoj 2740  петок, 18 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Генералот што го бомбардира Дубровник доби 7,5 години затвор

Хаг - Жалбениот совет на Хашкиот трибунал ја потврди пресудата за поранешниот генерал на југословенската армија, Павле Стругар, за бомбаридирањето на Дубровник во 1991 година.

Жалбениот совет додаде уште две точки во обвинението за генералот Стругар,  кои недостасуваа во првичната пресуда од 2005 година. Пресудата беше намалена од осум години на седум и пол години затвор поради влошената здравствена состојба на осуденикот.

Седумдесет и петгодишниот Стругар при изрекувањето на пресудата не покажа никакви емоции.

Првично тој беше прогласен за виновен по две точки од обвинението, за смислено разурнување на Дубровник и за напади врз цивили. Судиите додадоа уште две точки: За недозволено опустошување на градот и за напади на цивилни објекти.

Дубровник е во списокот на УНЕСКО  за заштитени светски културни споменици заради својата готска, ренесансна и барокна архитектура. (МИА)

 


Статијата е прочитана 279 пати.

Испрати коментар

Од: irena
Датум: 18.07.2008 03:32:34
trebalo 70 godini da go osudat.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Весниците ќе му платат 600.000 фунти на Британец кој неправедно го обвинија
Се препорачува Устаниот суд на Турција да не ја забрани АКП
Ирците бурно реагираа на повикот на Саркози повторно да гласаат
Саркози и' дал орден на судијката што го разведе
Кога таткото истовремено е во улога и на мајка
Погребани двајцата израелски војници убиени од Хезболах
Русија и Грузија започнаа воени маневри „синхронизирано
Жителите го напуштаaт градот од страв од обезглавување
Србија ги враќа амбасадорите во државите што го признаа Косово
Мексикански војници заробија подморница за шверц на дрога
Првпат во светот на избори ќе се гласа преку мобилен телефон
Кинез убил шестмина полицајци за да се одмазди за испрашувањето