Број 2857  вторник, 09 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Напад со нож, искорнат семафор и тотален хаос во базен во Атина

Проблемите што Македонија го има со навивачите се чинат толку мали во споредба со оние што се случија викендот во Грција. Во саботниот ватерполо натпревар меѓу Олимпијакос и Панатинаикос хулиганите тепаа играчи, го искорнаа семафорот и направија тотален хаос во базенот.

Симпатизерите на Олимпијакос и Панатинаикос досега и' направија толку многу проблеми на грчката полиција што е речиси невозможно да се избројат прекините на мечевите на овие клуба во сите спортови и колкава штета е направена во Атина од нивните дивеења. Најлудиот настан се случи пред, отприлика, две-три години, кога беше уапсен малолетник кој се обиде да внесе домашно изработена рачна бомба на натпревар во женска одбојка меѓу Олимпијакос и Панатинаикос.

Саботниот ватерполо меч исто така не мина без големи инциденти. При резултат 11:6 за Олимпијакос навивачите на Панатинаикос се симнаа од трибините и започнаа физичка пресметка со ватерполистите на ривалскиот клуб. Најпрво со нож го нападнаа Теодорос Хацитеруду, легенда на грчкото ватерполо, а од тешки последици, па можеби и од смрт, го спаси голманот на Пао. Тоталното лудило во базенот продолжи со пресметка со останатите играчи на Олимпијакос.

Верувале или не настрада и семафорот во базенот. Хулиганите го искорнаа со се кабли со намера да го фрлат во базенот. Најлудо од се' е дека натпреварот го обезбедуваа само 15 грчки специјалци.


Статијата е прочитана 449 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Македонија во ракометна еуфорија
Блан
Шустер
„Комити“ го сардисаа Вардар на Стража, Кометал најави излегување од клубот
Интер гази, Јуве и Милан го следат
РФМ и АМС со богати награди за играчите
Денеска на ЕП
Радуловиќ на местото на Младеновска
Кресоја
Враќање на Свиндал и на Рајх
Динчиќ со дрвја и камења по ЕХФ
Бернар нов светски рекордер на 100 м
За Бостон 12. победа во низа
Македонија прв полуфиналист