Драгица Кресоја со игрите на Европското првенство, посебно во натпреварите со Хрватска и со Србија, ги освои симпатиите на македонските љубители на ракометот, а нејзината љубов кон Македонија ја потврдија два момента за време и по мечот со нејзината родна земја Србија. Првиот е радоста по прецизно изведениот седмерец во 57 мин., кога донесе водство од 29:28 и со тоа дефинитивно ги урна надежите на Србинките дека ќе стигнат до победа со потребните три гола разлика. Вториот детал што многу зборува за 22-годишниот плејмејкер на Ѓорче Петров е нејзината инстиктивна реакција на чудењето на еден српски известувач како можеше токму таа да ја дотолчи српската репрезентација. На оваа провокација Кресоја одговори со зборовите: „Што да правам кога ја сакам Македонија!“. (Р.Д.)
Bravo Kresoja
toa e dokaz deka lugeto odat tamu kaj im e poubavo,bez razlika kaj se rodeni
Blagodarime KRESOJA
Од: aleksandar
Датум: 09.12.2008 10:59:14
Gaga, Gaga....Gaga devojcevo e kraj...so kakva samo borbenost igra sto ne vazi i za drugite vo reprezentacija a se cisto krvni makedonki, napravete razlika na primer na dve krila Todorovska-Pecevska, ogromna prvava se bori ko lav vtorava norsalantna ali toa e...bravo Dragica, i Makedonija tebe te saka!!!
Од: ohrid
Датум: 09.12.2008 11:25:43
bravo za dragica
makedonija te saka od se srce-posebno ohrigjani
sekoja cest