„Комити“ го сардисаа Вардар на Стража, Кометал најави излегување од клубот
Вардаровиот автобус беше демолиран од група навивачи по ремито со Напредок
Сашко Ѓ. Димовски
Автобусот со кој се превезуваа фудбалерите на Вардар на гостувањето во Кичево во неделата демолиран се врати во Скопје. Го демолираа т.н. фанови на „црвено-црните“ кои со два автобуси отпатуваа да го проследат првенствениот меч на вардарци со Напредок. Дуелот заврши без победник (1:1), но на враќање кон главниот град се случи инцидент на планинскиот превој Стража. Навивачите го пречекаа клупскиот автобус, го блокираа, најпрво го демолираа со цигли и камења по што се обидоа и физички да се пресметаат со фудбалерите, изразување на незадоволство што е надвор од секаков здрав човечки разум. Никој од управата на Вардар вчера не беше достапен за коментар, изјава или клупски став по немилиот настан на Стража. Расположен да крене телефон беше единствено техничкиот директор, Дејан Чекаров.
„Во Кичево отпатуваа два автобуса со навивачи на Вардар. Но, не беа пријателски расположени ниту кон управата ниту кон фудбалерите. Уште пред да влезат на стадионот на Напредок скандираа „Ќе ве тепаме, ќе ве тепаме“. Така беше и додека водевме, така беше и по завршување на натпреварот“, ни изјави Чекаров. Чекаров не прецизира кој би можел да стои врз обидот за линч на вардаровите фудбалери на Стража, но сигурен е дека целиот случај има позадина. Повеќе од тоа не сакаше да зборува, коментира. Само ни' порача дека за денеска е закажан состанок на потесното раководство на Вардар во кој ќе се расправа за иднината на спонзорот Кометал во клубот.
Претседателот на „црвено-црните“, Трифун Костовски, беше згрозен од настанот и глетката по враќањето на клупскиот автобус во Скопје и уште во неделата, во изјава за ТВ Телма, најави излегување од структурите во најтрофејниот македонски фудбалски колектив.
„Како семејство едногласно донесовме одлука да излеземе од клубот. Повеќе не гледам причина зошто да бидеме дел од клубот. Постојано се случуваат немили сцени по нашето влегување во Вардар. Речиси на секој натпревар има проблеми. Разочаран сум“, порача претседателот на Вардар, Трифун Костовски.
Ако семејството Костовски остане на својот став за повлекување од Вардар неофицијално дознаваме дека тоа ќе се случи по завршувањето на есенскиот дел од полусезоната во домашното првенство. Дотогаш има уште едно коло во кое Вардар на Градски ќе го пречека лидерот во шампионатот, екипата на Македонија Ѓорче Петров.
Вардар нема победа во последните осум првенствени натпревари и моментно се наоѓа на петтата позиција на табелата со 24 бода, дури 10 помалку од Македонија Ѓ.П. Последната три бода „црвено-црните“ ги прокнижија во осмото коло на домашен терен против Хоризонт Турново со 2:0. Оттогаш забележаа два пораза (од Работнички 2:0 и од Милано со 4:2) и шест реми (на Градски против Металург - 1:1 и во гости против Силекс - 0:0, Победа - 0:0, Пелистер 0:0, Ренова - 1:1, Напредок 1:1). Во меѓувреме вардарци ги завршија и настапите во националниот куп по елиминацијата од Ренова во осминафиналето.
sekoja cest za navivacite. uspeavte da gi dostignete vasite kolegi "ljubiteli na fudbalot" od srbija i hrvatska. samo na balkanov moze da se sluci klubovite da se zaloznici na "navivaci" koi so nisto ne pridonesuvaat za dobroto na tie klubovi. se sonevam deka plakaat i karti za na natprevar. moze komitite kolku sakaat da se ograduvaat megjutoa vreme e da si ja prezemat odgovornosta pa ako treba i da ja rasturat grupata samoinicijativno.
Од: jas
Датум: 09.12.2008 05:46:30
se znae deka komtite se vagabondi i deka na sekoja utakmica pravat problemi bez razlika so kogo igrat ,na nivniot web >http://www.komiti.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=14&Itemid=28ПО ВАРДАРОТ ТРУПОВИ ПЛОВАТ,
КОМИТИ ЧКЕМБАРИ КОЛАТ,
ВААРДАР, ВАРДААР, ВААРДАРЕЕ,
КОМИТА СУМ И НЕ ВИ СЕ МОЛАМ,
ЗА ВАРДАР НАШ, ЈАС ЌЕ СЕ БОРАМ,
znaci skopjai kolat bitolcani??? shto e ova sport ski navijaci ili borbeni? dodeka za nivnite pesni protiv albancite da ne zboram sigurno ste gi slusale ako ne postete go nivniot web-site i ke vidite koj se komitite? se gordat deka se narkomani huligani
Од: Kunta Kinte
Датум: 09.12.2008 08:17:50
Od koga i makedonskite klubovi izlegoa na stranite na oblozuvalnicite, rezultatite se nerealni. Ovde ima rabota i za drzavnite organi, a gazdite kako Trifun vo potraga po lesni pari, ne go obikoluvaat i ova. Za parite mu e vazno i toa kako, i se ke napravi za niv. Ako ne mu bea vazni tolku, ke si ostanese i vo zenskiot rakomet.
Од: баш-комита
Датум: 09.12.2008 09:43:34
Се знае кој ги контролира комитите!!!!
Од: NL
Датум: 09.12.2008 10:06:39
Odi si Trifun sreken ti pat cim si resil taka zaradi vakvi rezultati si otide i Braco, a mozes da si odis i ti.Koga dojde veti dvojna kruna a sto napravi vo vtoro kolo od kupot ispadna od tim od SELO Djepciste a na polusezona maalskiot klub od Gjorce ti bega 10 boda.
Од: mk.navivac
Датум: 09.12.2008 10:54:30
ne ja opravduvam postaokata na komitite no mozam da ja razberam ne moze sekoj eden da se igra so renometo i imeto na vardar a najmalku kometal vardar e so najgolem budzet naj kvalitetni igraci a 10 kola nema pobeda kako pa izgleda nekoj se kladi vo stranstvo i zarabotuva golemi pari na smetka na vardar a koj e toj???
-zatoa mozam da gi razberam komitite no ne gi opravduvam
Од: navivac na Vardar
Датум: 09.12.2008 12:59:38
Jas neznam kako moze posle katastrofalnite rezultati na Vardar, nekoj da uspee da go svrti vnimanieto protiv navivacite. Pa koj igra na terenot igraci ili navivaci?Neka se zaprasaat tn "fudbaleri" sto poveke zasluzile od toa sto im se slucilo.Pa koj tim bilo koga vo makedonskata liga ima 10 natprevari bez pobeda. Uste malku u Horizont Turnovo ke ne stigne. Imam 2 poraki do Vardar:
- Kostovski familijata da ostane, bidejki dokazano vlozuvaat vo sportot no,
- Igracite, strucniot stab i del od upravata da si odat!
Од: javi se juzna
Датум: 09.12.2008 13:18:46
Komiti se navivacka grupa od Skopje i Makedonija ,koja go saka i naviva za Vardar...ovie huligani i narkomani koi sekoj gi manipulira za sitna para,samo go rusat ugledot i renometo na ovaa navivacka grupa...pametam podobri vreminja koga so srce i dusa se navivase za Vardar...site onie na koisto Vardar im e vo srceto gi boli ovaa dolgogodisna agonija na FK VARDAR
Од: mmmm
Датум: 09.12.2008 13:33:10
kreteni edni glupavi pa zarem igracite ne sakaat poveke od site da pobeduvaat sto vi e na vas da ne ste mrdnati slucajno ke bidat prvi ke zemaat pari od ciklusi i premii znete kako e pogovorkata EM VOLKOT SIT EM OVCITE NA BROJ