Часлав Динчиќ го заокружи вербалниот пресинг на водството на репрезентацијата на Србија од самиот почеток на првенството. Обвинувањата од српската делегација дека „организацијата е на најниско ниво“, дека биле сместени во „коњски штали“, алудирајќи веројатно на хотелот „Континентал“ во Скопје, дека во тој поглед биле фаворизирани ЕХФ, Данките и Норвежанките, дека низ салата се шетале „келнери, столари, кој каде сака“ итн., своето финале го имаа со изјавата на српскиот селектор на прес-конференцијата по натпреварот со Македонија.
„Разочаран сум прво поради тоа што, очигледно, на сите големи натпреварувања домаќинот мора да го помине првиот круг. Господата од ЕХФ не ги интересираат ни ракометот ни ракометарките, нив ги интересираат само парите. Не можеа Германија да ја исфрлат, па меѓу Хрватска и Србија не' избраа нас. Пробавме да играме ракомет, но судиите не ни дозволија. Знаев дека намерно ќе делегираат источноевропски судии. Жал ми е за девојките. Македонија играше борбено, но не оди понатаму заслужено подобрата екипа“, беше монологот на Динчиќ.
Прашан за коментар на излагањето на колегата по завршувањето на официјалната средба со новинарите, македонскиот селектор Владимир Глигоров со дипломатски одговор. „Кога и јас би бил на негово место, можеби и јас ќе ја барав вината на друга страна. Спортот е таков - некој ќе загуби, друг ќе се радува“, кратко изјави Глигоров.
Постојаното негодување на Динчиќ, проследено со какви се' не гестикулации, за одлуките на полските судии Барановски и Леманович кулминира при прогласување на најдобрите поединци во двете репрезентации по натпреварот. Андреа Лекиќ не сакаше да го прими подарокот, но селекторот ја убеди да отиде по признанието, притоа покажувајќи им ги на официјалните лица насолзените очи на својот најдобар играч.
На Динчиќ со ЕП во Македонија му заврши договорот со Ракометниот сојуз на Србија. (Р.Д.)
Do Caslav Dincic pozdrav so pesnata:
A sad adio a sad adio i ko zna kad i ko zna gde majmune Sprski
Од: Koljo
Датум: 09.12.2008 07:58:44
Srpskite sportski ekipi imaat golem kompleks od visoka vrednost .pa zatoa koga gubaat utakmici od Makedonija ne mozat nikako da go prifatat porazot.moj sovet do ovie plackovci e:PORASNETE ..SOZREJTE...
Од: Свериге
Датум: 09.12.2008 08:57:55
Исто и на Шведаската телевизија сношти покажаа снимки од хотелот континентал и навистина што да кажеш хотел промаја, прав резил, незнам како ке одам на работа денес од колегите...
Од: macko
Датум: 09.12.2008 12:25:39
Pa dobro sega,koj gubi ima pravo i da se luti(pogotovo koga stanuva zbor za nasite severni sosedi).A stvarno neznam kako pokraj eden eliten hotel kako alexandar palace gi smestija site vo kontinental(hotel promaja)?Stvarno neznam?
Од: zika
Датум: 09.12.2008 15:28:57
Ova e poveke bruka za Makedonija otkolku nekoja pridobivka na sportski ili afirmaciski plan. Standardite koi sto vladeat vo Evropa se daleku nad nasite. Alexandar Palace vo Evropa bi bil normalen hotel, a ne so tolku zvezdici kako kaj nas. Sto se odnesuva do Kontinental - Bez zborovi... Kontinental ne e hotel so zvezdici, tuku so petokraki...
Reporterot na mecot so Srbija kaza nekolku raboti sto mi pokazaa deka navistina prvenstvovo e katastrofa na organizacijski plan.Dodusa on gi kaza kako dobri raboti slednive: 12GB prenos na podatoci za Danskite novinari dnevno i toa besplatno, avtomat za kafe... Luge nie sme stvarno mnogu pozadi Evropa. Jas zivam vo EU i plakam za internet (bezgranicen prenos na podatoci), telefon i digitalna televizija 25 evra!?! Koga gledam MKTV, kako da gledam TV, ne e bas crno bela ama e so cetiri bledi boji, zvuk katastrofa moram do kraj da pojacam za da cujam (posle koga ke smenam program, koga ke rokne glasot, brzo namaluvaj). Kosovo ima bolja. Pu sramota!