Бернар нов светски рекордер на 100 м
Французинот Алан Бернар постави нов светски рекорд на 100 метри слободно. Во националното првенство на Франција, во Анжер, во 25. метарски базени, тој оствари време од 45,69 секунди што е за 14 стотинки подобар резултат од претходниот во оваа дисциплина на Швеѓанецот Стефан Нистранд. |