Број 2857  вторник, 09 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Враќање на Свиндал и на Рајх

Ако викендов со победите во супервелеслаломот и спустот добивме дефинитивна потврда за враќање на Аксел Лунд Свиндал во врвот на скијањето, тогаш завчерашниот велеслалом најави враќање на уште еден великан, Бенјамин Рајх.

Иако, по првото возење заостануваше повеќе од секунда зад Тед Лигети, Бенјамин Рајх на крајот успеа да слави во вториот велеслалом сезонава во Бивер Крик, Колорадо. Веројатно само тој веруваше дека минусот од 1,08 секунди е достижен за прва победа во Светскиот куп, по онаа во слаломот во Бад Кланкирхајм во 2007 година.

Предноста на Лигети се топеше од метар во метар, за на крајот минусот да биде претворен во позитива од само една стотинка. Американецот така мораше да се задоволи со второто место, а трет беше споменатиот Свиндал, кој изби на чело во генералниот пласман.

Велеслалом мажи (Бивер Крик)



1. Бенјамин Рајх (Авс) 2:24,61

2. Тед Лигети (САД) +0,01

3. Аксел Лунд Свиндал (Нор) +0,10

Вкупен поредок



1. Свиндал 345

2. Маер 216

3. Дефаго 198

Супервелеслалом жени (Лејк Луис)



1. Надија Фанкини (Ита) 1:20,97

2. Фабиен Сутер (Шва) +0,28

3. Андреа Фишбахер (Авс) +0,28

Вкупен поредок



1. Линдзи Вон 358

2. Танја Путинаинен 260

3. Марија Риш 202

 


Статијата е прочитана 129 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Македонија во ракометна еуфорија
Блан
Шустер
„Комити“ го сардисаа Вардар на Стража, Кометал најави излегување од клубот
Интер гази, Јуве и Милан го следат
Напад со нож, искорнат семафор и тотален хаос во базен во Атина
РФМ и АМС со богати награди за играчите
Денеска на ЕП
Радуловиќ на местото на Младеновска
Кресоја
Динчиќ со дрвја и камења по ЕХФ
Бернар нов светски рекордер на 100 м
За Бостон 12. победа во низа
Македонија прв полуфиналист