РФМ и АМС со богати награди за играчите
Ракометната федерација на Македонија и Агенцијата за млади и спорт богато ќе ја наградат женската рекометна репрезентација. Вкупната премија од РФМ за пласманот во вториот круг е 30.000 евра, а АМС секоја победа во групата од втората фаза ја премира со 10.000 евра. За медал државата ветува доживотна спортска пензија, а за четврто место ракометарките ќе добијат статус на спортисти од светска категорија и четири години ќе добиваат по две просечни македонски плати. За пласман на петттото или на шестото место, пак, играчите ќе стекнат статус на спортисти од меѓународна категорија, за што им следува по 1,3 просечни плати во траење од две години.
Стимулот од АМС на ракометарките лично им го соопшти директорот Драган Ѓурчевски на приемот во нивна чест во ресторанот „Дал мет фу“. (Р.Д.) |