Број 2857  вторник, 09 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Блан: Мора да го сопреме Тоти

Тренерот на Бордо ја лоцира главната алка на Рома пред вечерашниот одлучувачки меч од ЛШ во Рим

Бордо знае дека мора да ја сопре иконата на Рома, Франческо Тоти, ако сака да слави вечерва во Рим, во најинтересниот натпревар од Лигата на шампионите, покрај оној во Атина меѓу Панатинаикос и најголемото изненадување, Анортозис.

Капитенот на Рома е во топ форма, по реахабилитацијата од повредата на коленото и тоа го покажа и на натпреварот со Киево, во кој неговиот тим дојде до петтата победа по ред. Рома води во групата со девет бода, еден повеќе од Челзи и два од Бордо и потребен и е само бод за пласман во втората фаза.

„Тоти е многу повеќе од обичен фудбалер на Рома. Тој е изворот на моќ на тој тим“, вели тренерот на Бордо, Лорен Блан. „Кога тој е на теренот може да ги трансформира своите соиграчи и страшно влијае на начинот на кој функционира целиот тим. Може да направи и индивидуален потег за победа. Ние најпрвин ќе се обидеме да се браниме добро. Ако одиграме како што сакаме во дефанзивниот дел имаме шанси и да победиме“, додава Блан.

Во нападот на Рома пред Тоти треба да играат Баптиста, кој му даде два гола на Бордо во Франција во октомври (победа од 3:1) и Французинот Џереми Менез, бидејќи Мирко Вучиниќ е повреден.

„Сакаме да победиме. Не смее на вакви натпревари да се оди на бод. Сакаме да бидеме први во групата“, порача Менез.

Вечерва играат


Група А

Челзи - Клуж, Рома - Бордо

Табела: Рома 9, Челзи 8, Бордо 7, Клуж 4

Група Б

Панатинаикос - Анортозис, Вердер - Интер

Табела:Интер 8, Панатинаикос 7, Анортозис 6, Вердер 4

Група Ц

Базел - Спортинг, Барселона - Шахтјор

Табела: Барселона 12, Спортинг 9, Шахтјор 6, Базел 1

Група Д

ПСВ - ПСВ -Ливерпул, Марсеј - Атлетико Мадрид

Табела: Атлетико 11, Ливерпул 11, Марсеј 3, ПСВ 3.

 


Статијата е прочитана 251 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Македонија во ракометна еуфорија
Шустер
„Комити“ го сардисаа Вардар на Стража, Кометал најави излегување од клубот
Интер гази, Јуве и Милан го следат
Напад со нож, искорнат семафор и тотален хаос во базен во Атина
РФМ и АМС со богати награди за играчите
Денеска на ЕП
Радуловиќ на местото на Младеновска
Кресоја
Враќање на Свиндал и на Рајх
Динчиќ со дрвја и камења по ЕХФ
Бернар нов светски рекордер на 100 м
За Бостон 12. победа во низа
Македонија прв полуфиналист