Радуловиќ на местото на Младеновска
Валентина Радуловиќ, сепак, ќе ја заврши кариерата со настап на Европското првенство во Македонија, откако Стручниот штаб на македонската репрезентација реши да ја номинира за вториот круг на местото на пикерот Наташа Младеновска. Селекторот Владимир Глигоров се надева дека искуството на 33-годишното крило на Амбалажа Кабран ќе биде од голема корист во мечевите со Русија, со Шведска и со Белорусија.
Радуловиќ ја пропушти прелиминарната фаза на шампионатот поради истегнувањето на лигаментите на десното колено на првиот тренинг на националниот тим по враќањето од турнирот во Унгарија точно една седмица пред почетокот на ЕП. (Р.Д.) |