Број 3375  сабота, 04 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Дејан Лилиќ

Сакам да создавам дела, а не бижутерија

Се надевам дека овој мој врв во „Хамлет“ ќе го надминам со некој друг врв во следната претстава, но без толкаво корнење парчиња душа што треба потоа да се состават за да се создаде еден лик

Јасминка Павловска

Во периодот од 12 месеци актерските идентити на Дејан Лилиќ беа на релација меѓу ликовит�� на Александар, Хамлет, Керем... Првите двајца му корнеа душа на сцената на неговиот Драмски театар, а со гласот на третиот лик, речиси осум месеци секоја вечер беше дел од секојдневјето на македонските ТВ-гледачи на серијата „1001 ноќ“. Со Керем, гласот на Лилиќ почнаа да го препознаваат и во многу реклами. Но, тој тврди дека по премиерата на „Хамлет“ на „Охридско лето“, повеќе го идентификуваат со Хамлет. Во меѓувремето од животот на неговите ликови, Дејан Лилиќ веќе 3,5 години е и уметнички директор на Драмски театар. Сепак, кога прифаќа интервју, најмногу сака да зборува за актерството, иако и за многу други работи има што да каже.

Според традиционалното актерско верување, Хамлет е еден од ликовите за кулминација, за врв на актерска кариера...

- Јас не знам каде е врвот. И тоа е можеби добро. Всушност, тоа е една од работите за мојата професија што не сакам да ги знам - каде е врвот, кулминацијата. Зашто секогаш сакам да истражувам натаму и натаму. Лично сметам дека една ваква голема претстава, како што е „Хамлет“, е заокружување на еден период од животот на еден актер. „Хамлет“ за секој актер на светов е голема улога. Мене, навистина, големи улоги ми се редат уште од почетокот на кариерата, од 1996 година. Како што минува времето, улогите се се' потешки, поголеми и позначајни. Благодарен сум што е тоа така, зашто за сите улоги потребно е одредено, помало или поголемо животно искуство. Потребно е лично да почувствуваш и убави и грди работи. Затоа сметам дека „Хамлет“ е заокружување на еден период од 12 месеци од мојот живот, во кој се вградени различни емоции, кои како амплитуда се движат и се појавуваат како резиме во еден лик. Можеби не е врв на моите актерски потенцијали, на она што можам да го дадам, но, дефинитивно, е кулминација на еден период од една и пол година од мојот живот. Се надевам дека овој мој врв во „Хамлет“ во следната претстава ќе го надминам со некој друг врв, но без толкаво корнење парчиња душа, што потоа треба да се состават за да се создаде еден лик. Дефинитивно, Хамлет не е многу човечки и духовно забавен тип. Убаво е што ми се појави и убаво е што ми се случи, но ако веќе го чувствувам Хамлет на начинот на којшто го чувствувам, не би сакал животот да го поминам со него.



Што по Хамлет?

- Прво, сакам кондициски и емотивно да се одморам. Но, проблемот е што „Хамлет“ не е дозавршен. „Хамлет“ никогаш не завршува. На секое читање, на секоја проба наоѓам нешто ново. Кога ќе ја играме претставата на репертоарот на „Драмски театар“, таа ќе добива некои нови нијанси, што од животот, што од некои други размислувања... Навистина тоа се случува со секоја претстава, но самиот текст има една висока мисловна и емотивна вертикала, каде што секогаш може да се пронајде нешто ново. Тоа е навистина еден завршена претстава, но таа ќе се доизвишува.

Навистина немам идеја што би работел по Хамлет. На пример, не би сакал некоја квантитативно голема улога, но, секако, со квалитативни потенцијали. Не мора да биде драма, трагедија... Може да биде и комедија, но во секој случај да биде значајна претстава. Ако не за друго, барем значајна за мене. Ако биде значајна за една генерација, навистина би бил среќен. Такви претстави би сакал да работам. Тоа значи дека создаваш дела важни за овој денешен момент, што можеби ќе останат за натаму. Сакам да создавам дела, а не бижутерија.



Дали разголувањето на актерите во „Хамлет“, вистинско и експлицитно, беше на некој начин кокетирање со „бижутеријата“? Или барем обид освен дело, „Халмет“ да стане и естрадна сензација?

- Да расчистиме - Хамлет не се соблече гол! Потоа, ако соблекувањето е естрадна сензација, зошто тогаш естрадата не се соблекува? Второ - човечкото тело е нешто што не е срамно. Трета работа - соголувањето на душата е многу пострашна работа од соблекувањето на неколку парчиња облека и покажувањето на телото. Кога си ја вадиш душата, кога излегуваш од кожа за да кажеш некои работи - сосема е неважно дали некој е физички гол. Со многу луѓе што сум разговарал, а кои ја гледале претставата, ми рекле: „Не само што не ни пречеше голотијата туку не ни видовме голотија“. И секако, голотијата, ако правилно се прочита во „Хамлет“, е симбол. Со симболите не може да се кокетира зашто симболите се длабински, а кокетирањето е површно. На крајот, ако се гледа претставата како една целина, голотијата е застапена една секунда од 3,5 часа. Временски безначајна, а како симбол во таа сцена, многу важна. И ќе повторам уште еднаш, јас, како Хамлет, не се соблекувам, ха, ха... Навистина, понекогаш ми се чинеше дека многу поедноставно ми е да се соблечам гол отколку да минувам низ страшниот процес на душевно разголување.



Би можело да се заклучи - соблекувајќи се гол, можеш да завршиш како сензација на насловна страница. Како завршува разголувањето на душата?

- Со искуството сфатив дека соголувањето на душата не е опасно за душевното здравје, односно нема да завршиш во лудница. Некои луѓе можеби ќе те разберат и ќе те сфатат, други нема ни да се потрудат да го сторат тоа, преокупирани со својата себичност. Во денешно време да ја отвориш душата, може да биде најблаго кажано - непријатно искуство. Го имам тоа вистински почувствувано, давајќи им го срцето и душата со две раце, што се вели, на некои луѓе. Вратено ми е сосема спротивно од мојата отворена искреност. Но, изгледа така требало да биде! Јас сум еден од оние луѓе што пријателството, другарството и љубовта ги даваат без очекувања. А тие што ги примаат, изгледа размислуваат пресметливо. Но, и натаму ќе давам љубов!



Можеби се злобни коментари, но, евидентно, циркулираат низ јавноста дека сиве овие големи улоги ти се случуваат откако стана уметнички директор на Драмски театар?

- Супер! Мојата прва главна улога откако станав уметнички директор на Драмски беше во МНТ. Во Драмски театар првата главна улога во време на директорувањето ми се случи по две години, а втората, по три и пол години. Значи, за 3,5 години директорство имам две главни улоги. А за сите оние што се занимаваат со статистика и имаат злобни коментари, можат да проверат дека во претходните 3,5 години пред директорувањето имам 4-5 главни улоги. Не мора да се трудат и да проверуваат дали тие улоги биле наградувани... Коментари секогаш ќе има, на луѓето не можеш да им угодиш. Ако не бев директор, веројатно, ќе беше приказната дека сум многу шармантен и затоа ги добивам улогите, ха, ха.



Навистина, стана ли пошармантен откако си директор? Според она народно верување дека луѓето со функција се пошармантни?

- Е, не знам тоа, други треба да кажат, ха, ха! Шегата настрана - повеќе работам за други отколку за себе. На сите оние ситни души им посакувам барем дел од мојот живот во последните 4 години, да видам како би се справиле.



Покрај толку обврски во театар (освен директорската), со улогите на Александар, Хамлет, во последнава година речиси секоја вечер те имавме дома со гласот на Керем и со уште некои јунаци од турската серија „1001 ноќ“, па „Кога лисјата паѓаат“...

- Па дека сум директор, всушност, јас не работам, туку моите четворица помошници, ха, ха. Тие одат на проби, на синхронизација..., а јас само седам во канцеларија...



Добро, велиш дека улогите во театар, како што се Хамлет и Александар, емотивно и конициски те испразнуваат, но професионално те исполнуваат. Кој е предизвикот за натсинхронизација на ликови од ТВ - серии покрај толку обврски?

- Првиот предизвик е дека тоа е работа што се работи за првпат во Македонија. И тоа требало да биде доволно како предизвик. Порано наши постари колеги работеле на синхронизација на цртани филмови. Но, сега е многу попрофесионално, попрецизно, на повисоко ниво. И за мене во секој случај многу интересно. Знаеме дека во некои европски земји дури е задолжителна синхронизација на програмите на националниот јазик на земјата. Работата е што таму има специјални актерски тимови што работат само тоа - синхронизација. Нам тоа ни е првпат. А јас сум таков човек. Дали Скорпијата и Лавот (хороскопски) работат во мене, па постојано морам да истражувам нешто ново, поинакво? Забавно ми е, убав�� и сакам да го направам тоа најдобро што можам. И затоа што синхронизацијата е и дел од мојата професија, сакам да работам и во таа област. Затоа се нафатив.



Дали поради некоја „непристојна понуда“ би се откажал од работите што ги сакаш?

- Никогаш не би се откажал од работите што ги сакам. Тоа се луѓе, професија, храна, мириси, вкусови, предмети... И никогаш не би прифатил да работам нешто за што сметам дека не сум квалификуван, стручен, каде што мислам дека не можам да придонесам да се подобрат работите. Никој не ме прашал што работам, апропо менаџментот во културата. Не го ѕирнале дури ни моето СИ-ВИ. Студирам на постдипломските студии по медиуми и комуникација на Правен факултет „Јустинијан Први“. Веќе 4,5 години држам предавања и семинари по комуникациски вештини... Ни, во секој случај, не се залетувам бесмислено на каква било т.н. непристојна понуда! За се' што се нафаќам, претходно го истражувам и работам на свое усовршување!


#
Статијата е прочитана 938 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Рецесијата му ја загорчила „преродбата“
Крв за владиниот jубилеj
Стил 1
Ја изневерувал сопругата со мажи?
Стил
Идеале�� партнер
„Фејсбук“ ги мами вработените, шефовите не го сакаат
Чашка за релаксација
Ризиците од повлекувањето
Околу 200 автобуси на ЈСП се за старо железо
Фотографија, фудбал и магија
Светот по војната во Ирак
Боза не поминува на Јадранот
HTML 5 - нова доба на вебот