Број 3375  сабота, 04 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Поглед

Идеален партнер

Маја Томиќ

Добро е. Треба вистински да не' радува што Македонците, кои тргнале по европскиот пат во секоја смисла, се' уште се држат до патоказот на традицијата, кога станува збор за семејството. Знаат што е она вистинското во заедничкиот живот со партнерот. Не ги ставаат моќта и парите на прво место, туку иста важност им даваат на д��цата и на семејството.

Така покажуваат податоците од анкетата на агенцијата ГФК. Запрашани каков го замислуваат идеалниот партнер, и мажите и жените, дале речиси исти одговори: тој (таа) треба да работи, но не на многу значајни позиции, и наедно да се грижи за децата и за семејството, доколку ги има. Не бабит�� и на дедовците или некои други лица, туку родителите заеднички да ги делат обврските. Значи, секому му е значајна работата, без пари нема егзистенција, но еднакво му е битно и семејството. Во потрадиционалните средини во државава, каде што најголем процент од жените се невработени домаќинки, над 50 отсто од граѓаните сметаат дека најидеалниот партнер е оној што му се посветува, пред се', на децата и на фамилијата.

Постои ли опасност наскоро да се скршат овие традиционални рамки? Иако 40 отсто од анкетираните се' уште ги ценат старите вредности на семејството, сепак, демне таа опасност. Состојбите би можеле да се сменат за десетина години, ако не и порано. Бидејќи, денес помладите на возраст од 19 до 24 години не мислат така. Триесет и три отсто од оваа група одговориле дека најважно за нив е ако партнерот има работа и гради кариера, а доколку има семејство и деца, за нив да се грижи некој друг член од фамилијата. Младите фантазираат за кариеризам, ќе речат социолозите, не ги знаат вистинските вредности на животот што се осознаваат подоцна. Само останува прашањето дали со текот на годините ќе созреат и ќе го сменат првичниот став.


#
Статијата е прочитана 1929 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 04.09.2010 22:45:11
Се така ке биде,додека имаме нeдомакинска власт.Пари за пиво и цигари има (скулптури и музеи) ама за леб и млеко за децата(народот) нема.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Рецесијата му ја загорчила „преродбата“
Крв за владиниот jубилеj
Стил 1
Ја изневерувал сопругата со мажи?
Стил
„Фејсбук“ ги мами вработените, шефовите не го сакаат
Чашка за релаксација
Ризиците од повлекувањето
Околу 200 автобуси на ЈСП се за старо железо
Фотографија, фудбал и магија
Светот по војната во Ирак
Сакам да создавам дела, а не бижутерија
Боза не поминува на Јадранот
HTML 5 - нова доба на вебот