Број 3375  сабота, 04 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Изложба

Фотографија, фудбал и магија

Иако фотографијата вреди илјада збора, на фоторепортерите понекогаш им е малку и таа илјадарка кога ја раскажуваат приказната за добрата фотографија. Фоторепортетрските приказни, оние „оф рекордс“, знаат да бидат поинтересни од новинарските, а повистинити од рибарските - затоа што фотографијата, запрениот миг од вечноста, ја имаат како аргумент.

Цела изложба со фудбалски фотоаргументи подготви фоторепортерот на „Утрински весник“, Петр Стојановски, која од недела, 5 септември, во Музејот на град Скопје ќе ја открива скриената магија на фудбалот. И тоа не онаа магија на помодна најважна споредна работа на светот, туку онака како што Петр ја чувствува магијата на фудбалот - како вистински најважна работа на светот. Како фоторепортер на дневен весник (од 1999 година, Петр Стојановски од самиот почеток е дел од „Утрински весник“), дијапазонот на настани што ги регистрирал неговиот фотообјектив е широк како животот. Но, кога станува збор за фудбалската фотографија, објективот на Перо е широк како љубовта. За вистински фудбалски миг Перо е во состојба да кисне по стадиони - и метафорички и буквално, да патува без сон со часови, дури и да побара слободен викенд за фудбал од своите најмили Наташа и Матеа... Новинската фотографија за Перо е професија, а фудбалската - професионална страст.

Како член на навивачката група „Комити“ од нејзиното формирање во 1987 година, навивачите беа инспирација за неговата прва самостојна изложба ��о 2004 година - „Досие навивач“. Веќе оваа втора изложба е насловена како „Фудбал и магија“, а е приредена под покровителство на Фудбалската федерација на Македонија. На отворањето на изложбата се очекува да се појави целата фудбалска репрезентација на Македонија, на чело со Горан Пандев.

Оваа изложба на Петр Стојановски, меѓу другото, е и убава можност фудбалот да се доживее во салонска варијанта преку музејска изложба! (Ј.П.)


#
Статијата е прочитана 652 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Рецесијата му ја загорчила „преродбата“
Крв за владиниот jубилеj
Стил 1
Ја изневерувал сопругата со мажи?
Стил
Идеален партнер
„Фејсбук“ ги мами вработените, шефовите не го сакаат
Чашка за релаксација
Ризиците од повлекувањето
Околу 200 автобуси на ЈСП се за старо железо
Светот по војната во Ирак
Сакам да создавам дела, а не бижутерија
Боза не поминува на Јадранот
HTML 5 - нова доба на вебот