Број 3375  сабота, 04 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Крв за владиниот jубилеj

Соња Крамарска

Не можеше да и' се случи полошо време на Владата на Македонија да го слави четиригодишното владеење. Незадоволен коалициски партнер ДУИ, крвава пресметка во Скопје со настрадани, од кои некои се сметаат за блиски до кликата околу премиерот Груевски. Или попрецизно, мртов припадник на полицијата и сомневања за негово учество во криминални бизниси.

Такв�� сценарио не можеа да смислат ниту оние од крилото на ДУИ што заговараат раскинување на партнерството со ВМРО-ДПМНЕ. Ниту најжестоките противници на Груевски не можеа да претпостават дека вечерта спроти презентирањето на аргументите за успесите на Владата, ќе се случи неверојатно брутална крвава пресметка. И тоа судир во кој на самото место под сомнителни околности ќе биде застрелан полициски припадник, близок до највисоките структури на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски, кој еднаш веќе ја одложи прес-конференцијата за отчет на владиното работење, се наоѓа во многу непријатна ситуација. Ако се покажат точни првичните информации дека припадници на Шестата управа, која се занимава со обезбедување на политички функционери, се учесници и жртви на пресметки на подземјето, ќе мора да ги засука ракавите. Ќе биде неопходно да ја повика на рапорт и својата омилена министерка Гордана Јанкулоска, чија позиција во Владата е цврста токму поради довербата што и' ја дава премиерот.

И можеби, конечно, Груевски ќе се реши да посегне по она што е главен политички инструмент во рацете на секој премиер: проветрување на Владата од министри кои на кој било начин и' штетат на нејзината работа, имиџот или на стабилноста што ја испорачува на државно ниво. Всушност, крвавиот четврток од завчеравечер е алармот што треба да го поттикне на акција претседателот на Владата, доколку не сака работите сосема да му излезат од контрола.

Гледано во тој контекст, повеќе од јасно е дека во ден каков што беше вчерашниот, мрачното расположение на граѓаните не може да се подобри со никакви изјави за субвенции во земјоделството, отворање нови индустриски капацитети, ширење на образовниот процес, што се дел од реториката на премиерот. Вчера и денес главна тема се убиствата во Аеродром и што ќе преземе Владата за расчистување на овој брутален чин на насилство. Не може да биде тема успешното четиригодишно владеење на ВМРО-ДПМНЕ како што тоа го замислија партиските и владините стратези за пропаганда.

Груевски, чиј политички стил е дисперзија на неговата власт во сите пори на општеството, преку најлош можен пример сфаќа дека моќта не значи воедно и способност и можност да се држи се' под контрола. Напротив, тогаш кога мислиш дека ја остваруваш нејголемата контрола, се случуваат шокови што целосно изместуваат од рамнотежа и предизвикуваат потреси од незамисливи димензии.

Од вчера е јасно дека во Македонија, покрај политичките проблеми на внатрешен план, се отвораат и безбедносни проблеми. Скопје веќе не е безбеден град за живеење, а некои од другите градови во внатрешноста веќе одамна го поминале прагот на безбедноста. Охрид, на пример, кој требаше да биде гордоста на Македонија и град каде што ќе се гледа ликот на македонските граѓани, а се претвори во крвава калдрма. Криминални банди шетаат по улиците. Полицијата се' почесто е учесник во хулигански пресметки.

Ќе излезе ли на отчет министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска? Атмосферата во земјата не е таква за премиерот да дава отчет. Некако повеќе личи полицискиот врв да излезе пред граѓаните и да им реферира што сработил во изминатите четири години. Кога веќе најголем дел од парите на даночните обврзници одат на сметката на Министерството за внатрешни работи.

Дојдено е време за итна акција на Владата. Не со излегување на прес-конференција, туку со преземање мерки што ќе ја вратат довербата на граѓаните кон институциите на системот. Во спротивно, на Груевски брзо ќе му стане јасно зошто паднаа Бучковски, Црвенковски, Георгиевски...


#
Статијата е прочитана 2058 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 04.09.2010 13:09:31
Поврзување на убиства со отчети на премиер е ептен извитоперено.Да има такви поврзувања на пример во САД преседателот Обама воопшто и нетреба да се појавува никаде во јавноста .Таму нема ден да нема 3-4-5 масакрирани американци, те по школи,те по фабрики, устануви, дури и заложничка драма со еден убиен во ТВ Дискавери.Никој не побара ниту направи паралели помеѓу преседателот и безбедносната ситуација.Но ова е дел од ,,независната борбена задача,,на новинарот.
Од: Реган
Датум: 04.09.2010 13:15:38
Обраќањето на Премиерот беше отчет (за прв пат од една влада),а не јубилеј кој се слави.Разликата помеѓу овие две дејанија е голема!
Од: Do Regan
Датум: 04.09.2010 15:30:34
Otcet za sto? Toa e prasanjeto, za populizam, reklami na Vladata, opustosena ekonomija, ruina od zdravstvo,obrazovanie strav za idninata, investicii 0, skarani so cel svet, edinstveno nekoi debelo plateni parlamentarci od EU ??? Otcet za ova, edinstveno moze da se pofali so kradenje na tugja istorija i pretvoranje na Centarot na Skopje vo Grobisdta.
Од: Alpha+
Датум: 04.09.2010 15:35:33
Otcet?Blagodarime,ne.Otcetot go gledame sekojdnevno pred nasite oci.Ne gledame sto napisal Grujo vo toa programata prerodba vo 100 cekori,prerodba prosirena i nadradena i sto uste ke lazoli vo nekoja idna prerodba super prosirena i nadgradena.Nego mala digresija g.Kramarska me razocaravte vo debata na MTV1 so Latas i Mirka.Ocekuvav deka ke gi rasturite po prasanjeto za "uspesite" na Grujo megutoa se izgubivite megu ovie dve ajkuli.Jes deka se golemi manipilatori so javnoto mislenje i znaat kako pred kamera,no da uspeat zakonot za zabrana na pusenjeto,za javna cistota i za domuvanje da gi prikazat kako ostvaruvanje na vladinata programa, nemase da dozvoli ni nekoe prvoodolence, a ne pak renomiran novinar kako vas.Dozvolivte Grujo da go prikazat nebare e mesija na narod koj zivee vo katakombi,pa sega toj ni kazuva sto ni treba i sto ni fali.Pokazaa zosto Grujo debelo gi plaka za zastita na negoviot lik i delo i odrzuvanje na rejtuingot, koga veke samiot ne moze dve zdravi da vrzi.
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 04.09.2010 19:21:29
Vo pravo ste na kajot koga velite deka na Gruevski ke mu stane jasno zosto padnaa site predhodni premieri. Me bendisuva Sonja. I jas istoto go mislam. Bezbednosta ne bese pogolema ni koga vladeeja i drugite bitangi. Se si e isto. Prepoloveni makedonski gradovi...prepoloveni makedonski sela...za porazot site dadoa maksimalno.
Од: Sikter
Датум: 04.09.2010 23:25:32
Makedonija se povece nalicuva na Srbija vo vremeto na Slobo.Kindapiranja zverski ubistva uceni kriminal od odredeni lica zastiteni od vlasta se sekojdnevna pojava Cikago od vremeto na Al Kapone moze da ni pozavidi. A onaa kamena sfinga koja izigrava nekakov si minister za vnatresni raboti , samo bla bla bla na tv, kako bezbednosta na gradjanite bila sigurna i kako se sproveduvaat temelni istragi.More ajde sikter! ! !

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Рецесијата му ја загорчила „преродбата“
Стил 1
Ја изневерувал сопругата со мажи?
Стил
Идеален партнер
„Фејсбук“ ги мами вработените, шефовите не го сакаат
Чашка за релаксација
Ризиците од повлекувањето
Околу 200 автобуси на ЈСП се за старо железо
Фотографија, фудбал и магија
Светот по војната во Ирак
Сакам да создавам дела, а не бижутерија
Боза не поминува на Јадранот
HTML 5 - нова доба на вебот