Џон Траволта
Ја изневерувал сопругата со мажи?
Роберт Рандолф, автор на контроверзната биографска книга „You'll never spa in this town again“, во која се спомнуваат интимни детали за познатиот актер Џон Траволта и културата на „тајните хомосексуални дружења во лековитите бањи“, тврди дека славниот актер ја изневерува својата сопруга Кели Престон со мажи, пренесе магазинот „Нешнел енквајр“. Освен споменатите шпекулации за хомосексуалната природа на Траволта, повторно се повлече незгодното прашање дали ја изневерува својата жена.
Според Роберт Рандолф, Џон Траволта ја изневерува сопругата со години, а неговите тврдења добиваат тежина со фактот што, според неименувани извори, прошол и низ детектор за лаги кога првпат давал ваква изјава за магазинот „Нешнел енквајр“. Исто така, господинот Рандолф тврди дека имал интимна средба со 56-годишниот актер пред само неколку месеци, а дотогаш, главно, го избегнувал поради пристојност кон неговата жена. „Го сретнав Џон во 1998 година откако се ожени со Кели. Верувам дека нивниот 19-годишен брак е тотална измама, бидејќи на Џон му се допаѓаат мажи со кои веќе со години спие зад нејзиниот грб“, изјави Роберт за американскиот магазин. Според зборовите на господинот Рандолф, тајниот хомосексуалниот живот е една од холивудските јавни тајни. |