Број 3375  сабота, 04 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Околу 200 автобуси на ЈСП се за старо железо

Во возниот парк ќе останат само 84 автобуси на МАН, за кои редовно се набавуваат резервни делови

Снежана Калабакова

Секое утро 270 автобуси на ЈСП „Скопје“ излегуваат по градските улици за да ги опслужат граѓаните што користат градски превоз. Од претпријатието не кријат дека од оваа бројка меѓу 10 и 20 возила не стигаат до крајните дестинации. Причината е позната, возилата остануваат во дефект. Поради нивната старост, исто толкав број автобуси и доцнат на постојките. Од 270 возила, само 84 автобуси на фабриката МАН произведени 1996/1997 година се функционални и можат да се возат уште неколку години. Сите други, штом ќе пристигнат новите украински автобуси, ќе завршат во отпадите како старо железо.

На скопјани, кои секојдневно ги користат услугите на градскиот превоз, совршено им е јасно дека автобусите се стари. Тие мака мачат навреме да стигнат до одредиштето, а чекањето по постојките им е секојдневје. Најсвеж е примерот со патниците, кои со градски автобус наместо до Катлановска Бања, стигнале само до населбата Маџари. Оттаму морале да платат такси за да стигнат на закажаните третмани.

Од друга страна, пак, непријатно е возењето во автобуси чии врати не дихтуваат, па дува провев од сите заглавени прозорчиња. Во лето скопјани се задушуваат во градските автобуси, а во зима мрзнат. Од ЈСП велат за неколку години оваа слика ќе стане минато, бидејќи по пристигнувањето на планираните 286 нови автобуси, ќе биде обновен речиси целиот возен парк.

„Штом ќе стигнат првите украински автобуси, голем дел од старите ќе ги расходуваме и ќе завршат како старо железо. Расходувањето ќе се врши според одредена правна процедура со донесување одлуки. Во возниот парк ќе останат само 84 автобуси на МАН, за кои редовно и по потреба набавуваме резервни делови“, вели Мишо Николов, генерален директор на ЈСП „Скопје“.

Делегација на претпријатието и на Министерството за транспорт и врски околу 15 септември ќе замине во Украина за да направи последна проверка до каде е производството на првата пратка нови автобуси што треба да дојдат во Скопје. Според договорот, треба да бидат испорачани 11 нови возила, но тие најнапред ќе треба да поминат на типската хомологација што ќе се врши во Германија. Од ЈСП велат дека не знаат временски колку таа ќе трае, но веднаш откако автобусите ќе добијат сертификати ќе стигнат во Македонија.


#
Статијата е прочитана 2150 пати.

Испрати коментар

Од: Realist
Датум: 04.09.2010 13:38:17
Сакам да потсетам, дека пред незнам колку години, на првите два (од сега веќе неколкуте) тендери за купување на автобуси за Скопје, еден од ГЛАВНИТЕ услови беше рокот на испорака. И заради тој услов, беа одбиени одлични понуди - супер автобуси по добра цена, само поради тоа што не можеле да ги произведат 300те автобуси за 3 месеци (?!). Сега, после 3 и кусур години, земаат автобуси за кои ќе чекаат 2 години да стигнат во Скопје?? Каков катастрофален менаџмент.
Од: vvv
Датум: 04.09.2010 13:52:12
ЈСП да ја пушти линијата 4а како што доликува на градска линија, а не на интервал од 2 часа, а за викенд само 3 пати дневно. Кога ја пуштаа линијата устата ја расчепија од фалење, а сега си играат со граѓаните од Усје. СРАМОТА!!!!!!!!
Од: kris
Датум: 04.09.2010 14:18:11
Pa sto stana so dvokatnite???????? Da ne im tekne na VMRO-vcive trikatni?????? I toa moze da ne snajde bidejki OSTVARUVAAT???????
Од: забеган.
Датум: 04.09.2010 16:20:13
Неје важно кога ќе дојдат новите Автобуси.Сигурно провизијата ја лапна вмлото.
Од: pb
Датум: 04.09.2010 19:00:35
Kade e Gradonacalnikot?
Од: vlatko
Датум: 04.09.2010 20:46:26
Za Kris. Zalno e sto za se naogjate mana. Pa tvoite "drugarcinja" Penov i Trifun nemozea da kupat boja za da go ofarbaat starite , a kamo li da kupat novi avtobusi. Ama ne kupija ni koli za brza pomos, pozarni , avioni za gasnenje pozari itn. Sega necinel ni proektot za podzemen Juzen bulevar. Nekoj ke gi ukral parite( Znaat oni kako bese za Ramstor). E moj Kris i ti kako tvoite drugarcinja prvi ke se nacrtate vo novite avtobusi i ke go preplavite Facebook so vasi fotki. I ako, taka e normalno da bide.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Рецесијата му ја загорчила „преродбата“
Крв за владиниот jубилеj
С��ил 1
Ја изневерувал сопругата со мажи?
Стил
Идеален партнер
„Фејсбук“ ги мами вработените, шефовите не го сакаат
Чашка за релаксација
Ризиците од повлекувањето
Фотографија, фудбал и магија
Светот по војната во Ирак
Сакам да создавам дела, а не бижутерија
Боза не поминува на Јадранот
HTML 5 - нова доба на вебот






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'