Број 3375  сабота, 04 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Веб

HTML 5 - нова доба на вебот

Нема никакви дилеми дека HTML5 е иднината на вебот. На него работат сите заедно – Apple, Google, Microsoft, Adobe, Opera, Mozilla и многу други – и сите ветуваат полна поддршка во своите веб-прегледници и останати производи

Никола Бурагев

HTML 5 не е ништо ново иако во последно време за него многу се зборува – благодарејќи на отровните стрели к��и почнаа да летаат помеѓу Apple, кој во него се колне, и Adobe, кој го брани својот Flash. Се работи за нова верзија на HTML, јазик за изработка на веб страници, кој донесува цела низа новости и можности кои досега ги немаше вебот, барем не без помошта на додатоците како Flash. Со други зборови, не очекувајте од него ништо револуционерно, ништо што веќе не сте го виделе – главните промени се случуваат одвнатре, а единствената промена за корисниците кои не ги интересираат технички приказни е дека повеќе нема да требате да инсталирате никаков додаток во својот веб прегледник, туку тој сам по себе ќе ги поддржува тие напредни можности. Секако, подразбирајќи дека луѓето ги користат најновите верзии на модерните браузери.

На HTML5 почна да работи уште во 2004 година WHATWG (Web Hypertext Application Technology Working Group), задруга настаната од желбата да се забрза развојот на веб стандардите, кој под закрила на W3C течеше многу бавно. W3C во тоа време сметаше дека иднината на вебот е XHTML и почна да работи на неговата втора верзија, но ентузијастите од Apple, Mozilla и Opera не се сложуваа со тоа и тргнаа да во креирање на HTML5. Три години подоцна W3C заклучи дека е на погрешен пат и го прифати HTML5. Кога сите помислија дека WHATWG во тој момент ќе престане да постои, среќен што поттикнал голем чекор во развојот на вебот и што неговата работа ќе тргне по патот на службениот стандард, тоа не се случи. И двете тела ја продолжија работата на спецификацијата, па денес имаме всушност две варијации на тема – една службена на W3C, кој е авторитет по прашањето на веб-стандардите, и онаа неслужбена, која ја развиваат група стручњаци од Apple, Mozilla, Opera и Google, кои несомнено имаат големо влијание на развојот на вебот, иако зад себе немаат формална организација како што е W3C. Сепак, уредниците на HTML5 спецификацијата за двата табора се исти луѓе, што значи дека групите меѓусебно соработуваат и дека на крајот сепак ќе имаме еден стандард, па е тешко сфатливо зошто тогаш воопшт�� возење на два колосека. Уредници на HTML5 спецификациите се Јан Хиксон од Google и Дејвит Хиат од Apple, што го објаснува фактот зошто токму Google и Apple се најголемите заговарачи на идниот стандард.

Брзината е одлика

Во март оваа година HTML5 кај W3C го доби статусот Working Draft 4, што на најбанален речник значи дека на него се уште дебело се работи. Гледајќи ги стадиумите кои спецификациите ги минуваат кај W3C, се работи само за прв чекор – по кој следат уште четири: Last Call Working Draft, Candidate Recommendation, Propose Recommendation и W3C Recommendation. За среќа, не е се така црно како што изгледа – последните фази се менуваат значително побрзо отколку почетните, но сеедно, целата приказна дебело доцни. Според иницијалниот план, HTML 5 денес би требало да биде во претпоследната фаза и за неколку месеци да стане финална препорака. Тоа, секако, не се случи, а Јан Хиксон, уредник на HTML5 спецификацијата, очекува дека фазата Candidate Recommendation ќе биде актуелна дури во 2012 година, додека задното скалило ќе биде досегнато најрано 2022. Но, не морате да се грижите, така оди тоа со стандардите. Во развојот на ова се вклучени сите, вклучувајќи ги сите производители на веб-прегледници и клучните веб-компании, и сите се колнат во HTML5. Читајќи помеѓу редови, секако, секои од нив имаат некои свои желби и барања поттикнати од некои сопствени интереси, но јавната поддршка постои, и на она што ќе се прогласи стандард не би требало да има приговори, бидејќи сите учествувале во неговата изработка.

Вистинското прашање не е кога спецификацијата ќе биде завршена, тука кога се' што донесува ќе може да се користи во пракса. Спецификацијата на HTML5 е направена модуларно, така што бројните можноста веќе и денес се достапни во многуте модерни веб прегледници. Во согласност со тоа, некои делови на новиот HTML веќе се подготвени за финалниот стадиум и масовна употреба на веб. Единствено што треба е да се натераат луѓето да ги користат новите верзии на прегледници, а тоа не е ни малку едноставна работа. Да се сетиме само на хордите корисници кои се' уште во двоцифрен процент ги користат старите верзии на Internet Explorer, кои не само што немаат поддршка за HTML5, туку не ги прикажуваат правилно ни актуелните веб-стандарди.

Сите производители на прегледници, дури и по прашање на вебот проблематичниот Microsoft, најавуваат бескомпромисна поддршка за HTML5 во новите верзии на Safari, Chrome, Firefox, Internet Explorer, Opera. Сепак, бидејќи спецификацијата не е во целост готова, не треба да се очекува дека сите нејзини карактеристики ќе бидат достапни во браузерите.

Нова iPod линија, iTunes 10 и Apple TV за 99 долари

Аpple на својот традиционален годишен медиумски настан посветен на музиката претстави нови модели на музичкиот плеер iPod, нова верзија на музичкиот софтвер iTunes 10 и наполно нов Apple TV. Три од четирите модели на iPod добија нов дизајн, а најдрастична е промената кај iPod Nano. Досегашниот модел го загуби популарниот click-wheel и видеокамерата и целиот уред сега се сведува само на квадратест мултитач дисплеј со големина од 1,54 инчи со резолуција 240х240 пиксели. На прв поглед изгледа и функционира приближно како четвртина од iPhone, има вградено ФМ радио со пауза во живо и доаѓа во седум бои со капацитет од 8 и 16 GB, по цени од 149 и 179 долари.

Новиот iPod Touch доби голем дел од подобрувањата на iPhone 4: LED ретина дисплеј од 3,5 инчи со резолуција 960х640 пиксели, А4 процесор, 512 MB рам меморија, предна видеокамера за FaceTime повици преку Wi-Fi мрежа и задна камера, која овозможува видеоснимање во HD резолуција 720p, но фотографирање со бедни 0,7 мегапиксели (960х720 пиксели). Четвртата генерација на најпопуларниот iPod е тенка само 7,2 мм (за разлика од 8,4 мм кај претходниот модел) и тешка само 101 грам, наспроти досегашните 115. Се нуди во три верзии од 8, 32 и 64 GB по цена од 229, 299 и 399 долари.

Најмалиот iPod Shuffle, кој нема екран, дизајнерски речиси да се врати една генерација назад, враќајќи ги загубените копчиња. Новиот модел ја задржа функцијата voice оver и плејлистите и се нуди само во верзија од 2 GB по намалена цена од 49 долари. Најголема новост кај iTunes 10 e вградената социјална мрежа Ping. Преку Ping можете да следите што слушаат вашите пријатели, вклучувајќи ги и познатите музичари, да видите каде има концерти и кој ќе присуствува, а сето тоа работи и на iPhone и iPod Touch.

Најголема новост кај Apple TV е што новиот модел нема хард-диск за снимање на филмовите и ТВ-сериите купени преку iTunes, туку овозможува само нивно рентање и стриминг преку Wi-Fi на телевизор. Поради тоа, новиот модел е за четвртина помал, со димензии 98х98 мм и чини само 99 долари, за разлика од досегашните 229 за моделот од 160 GB. Покрај тоа, овозможува и слушање на вашата музичка iTunes колекција, гледање на филмови од Netflix,You Tube видеа и фотографии на Flickr на вашиот телевизор без употреба на компјутер.

Следната недела ќе излезе новата 4,1 верзија на iOS оперативниот систем за iPhone и iPod Touch, а за ноември беше најавена и унифицирачката 4,2 верзија, која на iPad, конечно, ќе ги донесе благодатите од iPhone како мултитаскинг, фолдери, безжично принтање, единствено мејл-сандаче, AirPlay на филмовите и фотографиите на ТВ и друго.

„Интел“ купува оддел на „Инфинеон“

Германскиот производител на чипови „Инфинеон“ соопшти дека договорил продажба на одделот за безжични чипови на американскиот див Intel за 1,4 милијарди долари. Трансакцијата би требало да биде заклучена во првото тримесечје на 2011. Единицата на Infineon, Wireless Solutions Business во 2009 беше заслужна за третина од годишните приходи на компанијата во висина од 3,03 милијарди евра, но лани работеше со загуба. WLS произведува безжични платформи за производителите на мобилни телефони, како што е Apple, а Intel се надева дека ќе приоднесе за растот во секторот на мобилните компјутери, смартфоните и вградените компјутерски системи, стои во заедничкото соопштение на двете компании.


#
Статијата е прочитана 494 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Рецесијата му ја загорчила „преродбата“
Крв за владиниот jубилеj
Стил 1
Ја изневерувал сопругата со мажи?
Стил
Идеален партн��р
„Фејсбук“ ги мами вработените, шефовите не го сакаат
Чашка за релаксација
Ризиците од повлекувањето
Околу 200 автобуси на ЈСП се за старо железо
Фотографија, фудбал и магија
Светот по војната во Ирак
Сакам да создавам дела, а не бижутерија
Боза не поминува на Јадранот