|
Поглед
Колапс на браковите
Маја Томиќ
Македонците се' повеќе се разведуваат. Последната статистика посебно разочарува, дури за 62 отсто има повеќе разводи во првиот квартал од годинава, споредено со истиот период лани, а за околу 10 отсто помалку склучени бракови. Веќе ниту бракот ниту разводот за луѓето не се некаква светост или табу. Ако во времето на нашите мајки и татковци, баби и дедовци, разводите биле вистинска реткост и се мислело дека ако се разведеш, тоа е нешто многу страшно за семејството, а бракот, каков и да е, треба да се задржи, сега имаме друга ситуација. Се сменија времињата.
Дојде време кога никој не чувствува морална или традиционална обврска да мора да биде во брак со партнерот по секоја цена. Особено се сменија работите кај жените, кои станаа посамостојни и се' полесно се решаваат на развод.
Транзицијата и во овој случај е главниот виновник. Според социолозите, како што растеше безработицата, така растеа и разводите. Луѓето стануваат се' понезадоволни, понервозни и понетрпеливи. А, каде ќе пукне прво ако не во семејствата што се без пари и без егзистенција. Ако таа ситуација трае со години, разводот е логична последица. Рекле стари, среќата со пари не се купува. Ама и без пари век не векува - додаваат новите генерации.
Невработеноста е висока, а се' додека нема работа и финансиска перспектива, луѓето се' полесно ќе носат одлуки да се разведат.
Тоа е една страшна вистина. Каде оди и каде ќе стаса македонската нација доколку продолжат да растат разводите, а да се намалуваат браковите? За каков наталитет ќе зборуваме за десетина години? Какви морални насоки ќе им дадеме на идните генерации, на нашите деца, за вредноста на семејството што треба да го создадат и да го негуваат. Затоа што, на крајот на краиштата, за човекот нема ништо повредно од едно здраво семејство. |
#
|
Статијата е прочитана 1832 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Silvester, Sidnej |
Датум: 29.05.2010 01:14:15 |
|
Vo Avstalija postoi mnigu visok pocent na razvod na brakovi. No ovde e obratna situacija. Ovde se razveduvaat ne od siramastija, tuku od bogatsvo. Koga ke dojde momentot zenata de postane nezavisna, sto vo Avstralija toa e mnogu normalno, togas taa zena nema potreba od brak. Taa zena e nezavisna i si ima svoe primanje, nesaka da bide obvrzana za istiot partner, voedno potpolno zastitena so zakon... vi teknuva li? Nepostoi tradicija ili moralna obvrska za brak veke. Toa e moderniot kapitalizam, sekoj covek da bide samo edinka, brojka. lesna za manipuliranje i kontrola na umot. |
|
|
|
|
|
|
Од: napaten |
Датум: 29.05.2010 05:12:12 |
|
Rasparci,pa vladeej.Toa e mototo na kapitalizmot.
Tocno toa se slucuva sega kaj nas.
Onie finansirani sklonista od stranstvo za "maltretirani" zeni ne pomagaat isto taka tuku naprotiv.
Na 90% od razvodite mu kumuvaat zenite. |
|
|
|
|
|
|
Од: до колабрирањето на колапсот |
Датум: 29.05.2010 21:08:25 |
|
Сега е подобро.Барем се разведуваат,несакајќи да живеат двоен живот.Сепак и тоа е остаток од традиционалното.Што правиме каде длабоко е навлезено,а за кратко ќе стапи на сцена,она што севика "стабилен брак",во кој,во име на слободата на изразување,секој со секого ќе си "комуницира".А потомството.Тоа ќе се репродуцира преку "инкубатори од месо",најновата профитабилна професија.Како увертира пред тоа е сегашната актуелност со геј-споевите,за после неговото"елиминирање",после успешната револуција,да стапи на снага.Тоа тие денешниот свет,заради големата аздисаност.До кога?Еден знае.Додека не стигне казната. |
|
|
|
|
|
|
Од: patrijahalec |
Датум: 29.05.2010 22:11:23 |
|
Кога се зборува за развод, потребно е да се каже и конкретно заради кого тој се случува. Во 90 проценти жените се тие кои ја растураат фамилијата, тоа е продукт на нивната еманципација. Па така и нашиве селанки чуле и виделе дека така е некаде, па и они да не се покусо. Ние сме една имитација не се лошо увеѕено од страна, нормално и на овој феномен / развод. Мислам дека точно прст треба да покаже кој е крив, а не да се генерализира, женско тн. осамостојување. |
|
|
|
|
|