Број 3293  сабота, 29 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Мислења

Хаос

Филип Петровски

Се прашувам дали хаосот е случаен или намерен?

Експериментално ќе напишам едно мислење што не е структурирано според правила, кое бега од вообличување во целина и кое нема определена тема. Но, тоа може да е така само навидум. Пред да почнам да пишувам ги прегледав весниците (што по обичај ги кинам), поточно темите и насловите што ме заинтересираа. И така секој ден. За овој пат да седнам и да прегледам што се насобрало во купот пред мене.

Ќе ви изгледа се' хаотично, ама, како што реков, проверете, можеби е така само навидум. Пред неколку седмици министерот за здравство Бујар Османи изјави дека не бил во аптека да бара лекови на рецепт. Затоа не знаел зошто аптеките брзо се празнат, можеби поради психолошки ефект на луѓето што прават резерви од лекови? Во исто време, на статусот на „Фејсбук“ на вицепремиерот се прославуваат паднатите борци на УЧК. Ова, според еден весник, доаѓа само еден ден по акцијата на МВР во која се запленети големи количества нелегално оружје. Во исто време, во истиот весник оди и прослава на ликот и на делото на Тито. Власта не можела ни дупките на патиштата што тој ги направил да ги закрпи?! Па, сепак, партијата на власт се подготвува да го слави роденденот 50 дена...

А во меѓувреме, Слободан Томиќ и Тодор Петров се вработиле во општината Гази Баба. ВМРО-ДПМНЕ оваа тема не ја коментира, бидејќи се работело за маргинална работа. Томиќ, сепак, има изјава во весникот. Тој смета дека некаде мора да работи. И тоа за корка леб! Притоа, се разбира, добивањето 90 илјади евра од МРТВ, која е до гуша во долгови, за емисија што воспева се' што е блиско до власта, не е корка леб, туку еден брод (танкер) полн со корки. Но, претпоставувам дека тоа не се смета.

Одиме натаму. Откако почека неколку седмици, директорката на Фондот за здравство им се извини на пациентите што ги шетала. Се сеќавате, секако, на незадоволните пензионери и болни граѓани што не знаеја каде да ги најдат своите лекови, додека никој од одговорните не го гледаше проблемот. За директорката поважна беше симулацијата што ја имале во Фондот од реалните проблеми што ги имаше секој ден на терен. Сепак, во оној момент кога симулацијата на паѓањето на рејтингот покажа дека се' оди надолу, директорката комотно излезе и и' се извини на јавноста...

Во исто време, Мароко најави дека ќе ни стане економски партнер. Нашиот премиер разговарал со тамошниот премиер за Мароко да ни помага во признавањето на уставното име! Нашите односи на политички и на економски план досега биле потценети, но отсега тоа ќе било променето! При посетата беше оценето дека таа е знача��на и за нашите евроатлантски аспирации!? Сега, со нетрпение ќе очекувам да видам што тоа во блиска и подалечна иднина ќе се оствари. И дали воопшто во наредните години ќе слушнеме нешто за оваа пријателска држава, во смисла на иницијатива или заедничко постигнување...

Се сеќавате ли на скандалот со Националната агенција за европски образовни програми? Имаше сомнителна распределба на европските пари. Тоа беше откриено од медиумите. Како последица беа замрзнати европските средства. Директорот, кој потоа беше сменет, и' додели средства на невладина организација со која раководел татко му! Ни повеќе ни помалку туку 23 илјади евра. Замислете, сега веќе се води постапка таа невладина организација да се ликвидира!? Весникот заклучува дека, всушност, се бришат трагите од скандалот. Се разбира, истрага од државата немаше!

Антикорупциската комисија, која прв пат сега почна да работи, побара разрешување на директорот на Управата за спречување перење пари. Тој, пак, заклучи дека, всушност, во прашање е мафијашка структура што на тој начин сака да спречи избивање афера тешка десетици милиони евра. Двете државни институции си разменија неколку прес-конференции и целата работа заврши како да не постоела. Никому ништо. Холивудските сценарија за мафија, притисоци и слично беа наменети за јавноста. Ниту слушнавме кои се мафијашите ниту, пак, како што гледам, некој се интересира за тврдењата што беа изнесени. Секое чудо за три дена!

МНР на јавноста и' се фалеше дека со Советот на Европа ќе преседаваме како „македонско претседателство“, без оглед на сите можни опструкции. Тоа ти било наш став од кој нема отстапување. Како и секогаш, пред домашната јавност се покажавме како силни борци за каузата и за патриотизмот. Па, сепак, историскиот ден на Македонија во СЕ траеше само неколку часа. Секаде стоеше референцата БРЈМ. Никаде го немаше на големо најавуваното „македонско претседателство“. Во крајна линија, тоа и не е битно. Дома ефектот се постигна: просечниот македонски граѓанин си запиша во својот категоријален апарат дека Македонија е цврста и непоколеблива, а во Европа се бори како лав!

Затоа не го сакаме Фуере. Тој постојано не' нервира со неговите изјави, прашања, потпрашања - каде оди Македонија. Нема сомневање дека постои клима на недоверба меѓу етничките заедници... и предолго постои неизвесност каде оди земјата. Се чини дека во идеалната слика што ја создаде во овие четири години пропагандната машина, не се вклопува токму Фуере! Тој постојано коментира. Речиси дневно. Го коментираше и мин��стерот за надворешни работи, кој ја оцени Шпанија како неповолна држава, заедно со низа други, затоа што не била доволно наклонета кон нас. Притоа, не е важно што досега, за време на министерувањето на овој министер точно осум држави се сменија на чело на ЕУ. Ќе се сменат уште толку, а кај нас ќе нема промена. Токму затоа може да се оцениме и да се преоцениме како цврсти и истрајни. А, ако уште малку запнеме можеби Европа и другите ќе се сменат. Можеби и однесувањето на Фуере!

Најновото истражување на јавното мислење покажа дека не сме расположени за компромис за името, за преговори. Тоа покажува дека доколку доследно ја водиме политиката и го следиме мислењето на мнозинството, треба да се прекинат преговорите. Значи, успешно е дејствувањето на разните гласноговорници на власта, кои во име на народот ја создадоа оваа клима...

Ова, почитувани, се само дел од вестите и од информациите со кои бевме бомбардирани во последниве седмици. Сите имаат заеднички именител – ХАОС! Ако се обидете да ги следите и во нив да се задлабочувате, може само глава да ве заболи. Фајде ќе немате. Се прашувам дали хаосот е случаен или намерен?

(Авторот e доктор по политички науки)

http://filippetrovski.blog.mk/


#
Статијата е прочитана 6061 пати.

Испрати коментар

Од: ivo
Датум: 29.05.2010 00:36:09
Haosot vo site oblasti na opstestvenoto funkcioniranje e nameren! Toa e strogo kontroliran haos! Ova ne e nekoe obvinuvanje za nekakov "globalen zagovor" !Nprotiv ! Inaku , vo sprotivnata varjanta, bi trebale da prifatime deka opstestvenite aktivnosti ( megjunarodni i vnatresni) se menadzirani od dunsteri, debili, imbecili, glupaci, paceri, neprofesionalni tipovi i slicno. So ogled da nikogo ne bi sakal da navredam , prvata varijanta mi e po verojatna! Ako ne za drugo, barem e hipoteticka, za razlika od podolunabroenite, koi bi mozele i poimenicno da gi nabrojuvame ,a toa ne mi e cel i namera! Samite neka se prebrojuvaat , dokolku navistina postoi haos a kutrite tie kako najodgovorni "nemozat da go sogledaat ili pak ne prifakaat deka e haosot namerno organiziran".
Од: Скопјанец
Датум: 29.05.2010 02:37:34
Не дека Груевски е светец и најпаметен и се, не е...тука е во ист кош со вас...ама ни ти ни останатите наши политичари немате право да критикувате... ви го видовме потенцијалот што го имате... амебите се подобри од вас... поздрав и не не замарај друг пат ве молам „господине“
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 29.05.2010 06:14:57
Исфрустрирани поединци, егоистите, желните за власт и алчните на брзарака се вдомија во политиката која како крава музара ја користат за брзо богатење. Затоа не се бираат мачини и средства да се искористи популизмот за доаѓање на власт а потоа таа добро да се уновчи.Денес оваа политика го достигнува врвот. Партизацијата на целиот државен апарат е при крај како и задоволувањето на апетитите на партиските војници.Се измислуваат ијлада причини за додатно вработување на послушниците на власта. Дали вакво нешто има уште некаде на Балканот? Властитутки - јавете се!.
Од: Учо- Гостивар
Датум: 29.05.2010 10:01:01
Очигледно дека на оваа власт и одговара хаосот кој плански го произведува.Во која област и да навлезете да анализирате ќе наидете на невиден но вешто воден и управуван хаос.Како учо поблиску можам да го анализирам образованието.Во интерес на просторот само ќе ги наведам некои од елементите на хаосот: Избор на директори,прием на наставен кадар исклучиво по партиска припадност,набавка на компјутери,процент на искористеност на компјутерите,бесплатни учебници,проблемот со книговодителите,половни инвестиции,завршени а затворени објекти,превозот на учениците е вистинска перална на пари,во комби за 8 лица се возат по 30 деца, македонски јазик од прво одд ,факултети во секое село,студентски стандард......... Природно е да има и по некој пропуст.Но ова е вистински хаос кој во други земји не би можел да опстане.Кај нас за нашата влада ова е успех со СТО чекори но назат.
Од: gv
Датум: 29.05.2010 10:01:32
A be skopjanec ne gi gladas hausot vo zdravstvoto,obrazovanjeto, vo site sveri vo opstestvoto vladee haus.Neka se prodolzi vaka ke imame drzava na den kukuvden.
Од: Tase
Датум: 29.05.2010 10:52:00
Filip izgubi mnogu vreme da ni kazes za HAOSOT ama ne kaza na primer kako i koga i posle cii konsultacii Fuere izlaga so kritika kon vladata toj Fuere funkcionira kako nekoja nevladina na soros. A ubavo e da gledas seir od strana i da se delat kritiki kon vladata i instituciite ama problemite i sam znaes deka ne se od sega, sega pocna obidot za nivno resavanje. Ponudi model za resavanje na problemite doktor na nauka si ne se zanimavaj so ulicno seircenje, vprocem ti i ne smees da kritikuvas ti za malku srednoskolec bese na funkcija i ne napravi nekoj poseben rezultat, Ljup(b)co Georgievski ti se vrati sega so nego igraj si se zasluzuvate
Од: dejan
Датум: 29.05.2010 11:05:04
vo koja seriozna drzava so seriozni politicari drzavata ja rakovodat 4 novinari toa treba da se smeni i ke se smeni sigurno na izbori
Од: ФЕЛИКС
Датум: 29.05.2010 11:14:52
Можам да направам паралели кон секое ваше опсервирање на теми од неискинати весници,почнувајќи од вработувања па се до г-дин Фуере.Но ќе се воздржам и ќе чекам да ги опсервирате случувањата во ОМ.Инаку за подсетување сите мои констатации визави ОМ испадна точни,колку и да звучи нескромно.И на жалост се прекршија преку вашиот грб.
Од: terezija
Датум: 29.05.2010 13:52:10
Filipe, iskreno preispitaj se dali i TI pripagjash(e) na siot ovoj haos..??! Ne baram odgovor, no samo ke go citiram eden drug politichar (politichki podobro 'potkovan' od site Vas zaedno) ;...Ne mi e krivo shto se kocka i gubi... Krivo mi e shto na drugi se vadi-zavr.citat...B.C." Ete zatoa koga gi voochuvam anomaliite vo Vladinoto (ne)rabotenje ne se lutam na Gruevski-iako zestoko go napagjam, tuku lut sum na ONIE koi go izbrale... Toa e isto kako, eden den da se lutam na Pretsedatelot Gj. Ivanov..?! Shto mi e kriv "Dose" kutrichiot, koga ete mu bil 'ksmetot' da mora da bide Pretsedatel ??!
Од: Веле
Датум: 29.05.2010 15:35:38
Не е хаос, г-дине Петровски, туку секој си работи така како што му одговара. Се разбира тоа го можат само тие што се на власт. Бидејќи вмровците се малку поеднакви пред лицето на правдата од другите, тоа им е дозволено. Така на пример за директорот на Националната агенција кого го споменувате, на секоја сесија на пратенички прашања го прашуваат премиерот до каде е со справувањето со криминалот, а одговорот гласи...во тек е постапката....Четири месеци по ред. Но, и после 40месеци не верувам дека премиерот нешто би сменал во одговорот...Важно е дека се има волја...Ете неколку години притисок од јавноста и постапката за Харалампие Хаџиристески започна...така и за другото, за некоја година ќе созреат условите...

Најди! во Утрински
Насловна
Кај нас и Хипократ заболе
Македонците остануваат страсни пушачи
Зденко
Филип Петровски исклучен од партијата на Бошкоски
Тесната кожа на Груевски
Ексцентрикот зад јаката
Очекува бебе и венчавка
Маките на граѓанинот Дејв
Пандев дочекан како херој во Струмица
Здравството на испит
Колапс на браковите
Дипломатска битка за Мајка Тереза
Сараевскиот самит не ветува многу за регионот
Нова надеж
Марфиеви закони
Свети Павле повторно меѓу Македонците
Невкуснa почит за Мајка Тереза
Штип живее од пензии и од текстил
Политичарите мора да мислат на иднината