Број 3293  сабота, 29 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Македонски состојби

Тесната кожа на Груевски

Манчо Митевски

Македонија не може да ги оствари стратегиските интереси со прекинување на преговорите за името

Мнозинството од македонските граѓани сакаат прекин на преговорите за името со Грција, 51 отсто, што е три проценти повеќе од оние што бараат да продолжат, 48 отсто, покажа анкетата на „Дневник“. Таквото мислење во мнозинство не го делат граѓаните од албанско потекло, 79 отсто се за преговори. Генерациски, исто така, јазот е голем, односно повеќе од половината од младите од 18 до 29 години се за продолжување, додека тие со над 65 години се за прекинување на преговорите - речиси 60 проценти. Според истата анкета, околу 60 отсто од анкетираните сметаат дека Македонија и без да го промени името може да стане членка на НАТО и на ЕУ! По анкетата, се појавија оцени дека ваквото расположение е правилно, бидејќи на сите им е преку глава од уцените на Грција, дека Груевски добро ја води политиката околу името и дека таквиот став му ги зацврстува позициите, односно неговиот рејтинг кај јавноста, од една страна, а од друга страна, дека вакви состојби и расположенија ја оддалечуваат земјата од стратегиските цели - влез во НАТО и во ЕУ.

Јас мислам обратно. Мислам дека добро е што се појави една ваква анкета во сегашниот момент за да има време некои работи да се коригираат до самитот на НАТО кон крајот на годината, бидејќи, очигледно, јуни и датум за преговори за ЕУ од шпанското претседателство е речиси невозможна опција во актуелниот контекст. Добро е што се виде расположението на граѓаните, поточно, што се виде дека власта со пари и со пропагандна машинерија може да креира јавно расположение и ставови кои не се одраз на разум, туку на емоции подгревани четири години од доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски. Добро е што 51 отсто од анкетираните, сепак, не се многу повеќе од 48 отсто, кои се против прекин на преговорите со Грција. Добро е што против прекин се младите, пред кои е животот и кои сосема правилно сфатиле дека иднината за нив е во заедничкиот европски дом, а не во замаглената балканска крчма. Добро е што поставени на јавна ветрометина, конечно, се разобличуваат две лажни тези: тезата дека во НАТО и во ЕУ може да се влезе без компромис за името и тезата од портокаловата програма дека ВМРО-ДПМНЕ и Груевски се за интеграција во НАТО и во ЕУ!?

Груевски од почетокот сурфа на бранот на популистички национализам. Но, бидејќи судбината на секој бран е кога-тогаш да се удри и да се распрсне од брегот, тоа ќе се случи и со бранот на Груевски. Затоа, колку и да изгледа дека на лидерот на власта пак му се редат картите, слично како по Букурешт, мислам дека не е така. Иако велат дека тој сега бил релаксиран како да му паднал голем камен од душата откако кажа како ќе гласал на евентуален референдум за името, сепак, тој е свесен дека му е тесна кожата и дека маневарскиот простор му е опасно намален.

Ако е точно, а точно е, дека за граѓаните на Македонија најважна стратегиска цел е влез под безбедносниот чадор на НАТО, интегрирање во ЕУ и постепено освојување на економско-културните стандарди на големото европско семејство, тогаш патот кон Брисел, од 2001, по Рамковниот договор, и од 2008, по Букурешкиот самит, води преку Охрид и Атина, го сакале ние тоа или не! Значи, остварување на постулатите на Охридскиот договор преточени во Уставот и развој на меѓунационалните односи и постигнување компромис со Атина за спорот околу името. Без тоа, како што постојано потенцираат ЕУ, НАТО, САД и сите други земји - пријатели, Македонија не ќе може да ги оствари своите стратегиски цели.

Тука лежи првата од двете големи добро фингирани илузии дека Македонија - и без добри меѓунационални односи и без компромис за името - може да биде примена во НАТО и во ЕУ. Втората е продолжение на првата, дека Македонија може да опстане и сама, без да биде во НАТО и во ЕУ! Затоа, на политичкиот фактор во земјава, особено на владејачката структура, кога донесуваат какви било одлуки, треба да им одѕвонува во главата неодамнешната процена на американскиот амбасадор Филип Рикер: „Прашањето (за името) мора да се реши, бидејќи доколку не се стори тоа, се поставува прашалник околу иднината на Македонија...“

Неодамна, премиерот ги изненади граѓаните на Македонија, а ги шокираше дипломатите со изјавата за референдумот за името и за тоа како тој ќе гласа како граѓанин. Судејќи според резултатите од анкетата на „Дневник“ и испитувањето на јавното мислење на „Павел Шатев“, таквиот негов став бил релативно добро примен и му го забавил падот на рејтингот. Но, во овој контекст поважно е прашањето - зошто граѓаните го гласаа Груевски: да размислува и да донесува одлуки како обичен граѓанин или како одговорен државник. Сепак, конечно, го дознавме неговиот став како граѓани, иако тој за такви работи треба да си зборува дома и во друштво со поблиски пријатели. За јавноста е битен неговиот став како премиер. Оваа анкета на прв поглед изгледа како целосно да ја оправдува неговата политика, но во основа ќе го стави Груевски на бришан простор доколку навистина мора да направи компромис. Тој е свесен дека ќе биде исклучително тешко тоа да им го објасни на оние од чија поддршка сега се храни. Како ли би изгледал тој момент на големо прекршување.

Во целиот овој контекст треба да се потенцира уште еден значаен елемент: дојден е моментот за поодговорно однесување, за јасни и прецизни ставови и на опозицијата, бидејќи состојбите стануваат толку сериозни што веќе не е дозволена досегашната комоција и гледање сеир.

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ се набележани пет стратегиски приоритети: економски раст, интеграција во НАТО и во ЕУ, борба против корупцијата и криминалот, добри меѓуетнички односи и инвестирање во образованието. За жал, ниту еден од овие приоритети не е остварен. Напротив, состојбите во тие сфери се влошени, царуваат - сиромаштијата, невработеноста, криминалот, несигурноста... Поради тоа, ако Груевски мора да оди на избори, тогаш единственото за кое што може да зборува е - заштитата на името - и ништо друго! По четиригодишната популистичко-националистичка обработка на мозоците на граѓаните на тема „името не го даваме“, власта моментно и само привидно добива. Но, во основа и сосема извесно губи, бидејќи Македонија не може да ги оствари стратегиските интереси на државата и на граѓаните со прекинување на преговорите, односно без компромис за името.

Големите државници се препознаваат според пливањето наспроти течението, а големите историски одлуки одлуки често се донесуваат и спротивно на моментното мнозинско расположение на граѓанството. Затоа, отпосле се славени. Политичарите-сурфери на бранови завршувале во плитките нечисти води и најчесто биле заборавани.


#
Статијата е прочит��на 2619 пати.

Испрати коментар

Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 29.05.2010 00:46:09
Nacionalistichka obrabotka na mozocite vo MK e mnogu podolga otkolku 4 godini. Tezite za antichkoto minato i posebnosta na makedonskata nacija se za MK pogubni. Za opstanok treba realnost i fakti. Se bega od slavjanstvoto bidejkji ne povrzuva so bugarite. Vo dokumentite od 9,10 i 11 vek poimite bugarsko i slavjansko imaat isto znachenie.
Од: Nikola-Germanija
Датум: 29.05.2010 00:46:45
"Според истата анкета,околу 60% од анкетираните сметаат дека МK и без да го промени името може да стане членка на НАТО и на ЕУ!"Smea mi doagja kaj takvi biseri ili koga Balkanecnot misli deka ke ja vleci Evropa za nos pritoa igrajki tango so nea!:-)Eve predlog do vas pametnakovci:Organizirajte referendum so prasanje "Imeto ili Evropa" i garantiram deka javnoto mislenje ke se smeni za 180° vo polza na Evropa.No vladata ne e dovolna hrabra da organizira takvo izjasnuvanje,bidejki ke treba da zavzeme stav:Evropa ili Imeto (sega:FYROM:-)!)A dvete paralelno ne odat,pa neka ne se zanesuva tn.ministar za EU-integracii,Naumovski,deka postojat izgledi za takvo scenario.Kako premier na edna mala i vo skoro sekoj pogled mizerna zemja da vodi inaetciska politika so moknite vo svetov granici e zrtvuvanje na sopstveniot narod zaradi zamagluavnje na licni,crni i tajni zdelki.Vie vo MK ne si gi znaete prioritetite,pa tajno se molite na boga,evropa vo nejzin specificen stil da vi go kaze patotCiao:-)))
Од: Тошо
Датум: 29.05.2010 00:57:22
Сегашнава партија на власт ги доби изборите меѓудругото и за ИНТЕГРИРАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ И НАТО. После 4 години, резултатот е - Македонија назадува во ЕУ- интеграцијата. И никакви образложенија на актуелната власт не држат. Тие не го реализираа ветеното на својот народ.
Од: Dejan
Датум: 29.05.2010 03:06:49
Znaci kolku mozat lugjeto da bidat samobendisani.Avtorot na tekstov izlaga tezi kako da se apsolutna vistina so preciznost na baba Vanga ili Nostradamus.Poleka malku, smirete ja topkata.Nesto ve nema da spomnete za krizata vo EU i za nejzinata vo navodnici svetla idnina kon koja nie ovci treba da itame.Ejjjj covek, ne sme ovci, alooo? Nemoj da se pravis deka se znaes.Ednostavno, toa e tvoe subjektivno mislenje i nisto povekje.Tocka.
Од: pameten
Датум: 29.05.2010 05:25:03
60 отсто од анкетираните сметаат дека Македонија и без да го промени името може да стане членка на НАТО и на ЕУ. Sigurno povekje ne sfakjat sushtinata na sporot. Imeto i identitetot mozhe da se izberat. Potekloto i istorijata se fakti. No pod golem pritisok ( i po glupa politika na Sofija) si go namrazivme Bugarskoto poteklo. Koga tatko mi bil vo vojska Srbite mu velele: "abe Bugarche..." se smmele koga toj negiral: "ne smejte da me ucenuvate, jas sum Makedonec". Ako Gruevski morashe samo da dogovori samo imeto, mozhe bi kje uspeeshe. No ochigledno narodot saka toj da dogovori svetot da prifati deka sekogash sme bile Makedonci, sekogash sme zboruvale Makedonski.... Genijaec da e... ovo e nemozhno.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 29.05.2010 05:59:38
Популизмот е зло кое кога ќе земе замав може да не одвлечка во провалија.Неспособноста на власта да ја организира државата и да обезбеди колку толку пристоен живот не води до границата на познатата изјава за јадења на корени. Таа ја даваат партиски војници кои всушност незаслужено - каква иронија , се најдобро платените луѓе во Македонија - видете каде се не се попставени во управни одбори и еден куп комисии и агенции. Го ограбија буџетот. И онаа статија за 2000 евра на месец т.е.24000 годишно за вкупно 4 седници? Тоа се тие викачи или подобро речено урлачи -во подршка на пропаста на Македонија - која тоне ли тоне.Веќе немаме со кого да се споредуваме, сите не поминаа....А чекориме ли чекориме...Во кој правец?
Од: nekoj
Датум: 29.05.2010 05:59:50
Mnogu dobar tekst. I jas sum za prodolzuvanje na pregovori. Pregovori znacat da se ima i predlozi da se dojde do resenie na civiliziran nacin. Narodot ne moze nisto da izgubi, ednostavno zasto momentalno i nisto nema. So kradenje na tuga istorija ne se odi napred. Inako slavjanstvoto "kultiviran" znaci i srbi (koi mene mi se mnogu poblizki od bugarite) so koi nikogas ne sme bile vo vojna (bugarite izpoubija mnogu nasi). Seedno sto bilo pominalo, treba da se odi napred da se ima stabilna drzava. Dejane, Evropa imala i ke ima krizi, koi vie voopsto ne gi razbirate. Sekako sepak e da e Mk vo drustvo na mokni zemji otkolku sama. Treba da se proba, a vo EU ako ne vi se dopaga moze i da izlezete ne? DA se preimenuvate i vo X zemja ako sakate. Ne e se taka crno-belo. Za Premierot veke nemam komentar, otkaci kompletno a se odnesuva strasno maloumno sto se razbira brzo ke se odrazi prvo na nego pa i na drugite. Good luck "makedoncinja"
Од: Миле - Охрид
Датум: 29.05.2010 09:16:02
Колку бесрамно и безобразно се навредуваат граѓаните на Македонија. Можно ли е ова? Дрско се за��енуваат тезите. Се промовира грчкиот шовинизам како оправдано и разумно барање , а одбраната на името се прогласува за национализам. Пиромани ли сте бре!?
Од: SMK
Датум: 29.05.2010 09:22:29
Ke se zatvori problemot so imeto preku sovetodavnoto mislenje od Megunarodniot sud na pravda vo Hag! Se drugo e predavstvoto i demagogijata. Pogledni go clanok na Janev vo Nova Makedonija.
Од: Јован АН
Датум: 29.05.2010 09:45:41
Коментарите,а во склоп на тоа и ова писание,по повод анкет��та на “Дневник“ се толку потценувачки дури и навредувачки за Македонскиот народ.Да си го понижуваш сопствениот народ е страшна работа.Со ваквите писанија се потврдува дека некои новинари,политичари и експерт(утки) имале за задача да го обработуваат Македонецот:И сега кога се виде дека не успеале бессрамно излегуваат во јавност со теза дека “сеуште треба да се работи со народот“(!?!?!?).Што мислите за Македонците штом толку ги навредувате?Дека само мевот им е од важност?Дека немаат гордост?Дека немаат љубов кон својата татковина?Голема или мала,богата или сиромашка,таа е наша татковина!
Од: ace
Датум: 29.05.2010 09:50:34
luge i denes da ima izbori pak ke pobedi grujo ,sekoj den na nekoja vmrovska televizija se ocrnuva protivnikot , drugo koga nema da se izpolni nesto sto e veteno vo slucajov mnogu nesta ke se spomne togas brat lube deka e predavnik ,raboti sto gi kazuva malo dete ,i kakov sto e nasiov narod odma se fokusira na toa namesto da go baraat toa sto im e veteno ,samo obedinete ,pozz makedonci odnapred fala za objavuvanjeto
Од: zapev
Датум: 29.05.2010 10:05:58
bez eu i ponatamu vie 90% ce kadete ednas nedlno meso a gruje bidete sigurni koga ce ja zagubi vlasta nema povece da zivee vo mkd od prosta pricina kako ljupceto ne bi mozel da ja dokaze poteklo na steknata biznis kompanija...
Од: ФЕЛИКС
Датум: 29.05.2010 11:04:21
Ако големите државници испливуваат спроти течението,или спроти мислењето на народот зошто виножитните не испливаа од 2002-2006 год. а сега сакаат друг да испливува.Инаку подценувањето на сопствениот народ допринесе за ваква анкета.Ниту еден од ,,експертите,, или опозицијата не изнесе аргументиран став за решавање на проблемот,се се бара друг да го реши.Потоа подценувате да народот нее способен да донесува државотворни одлуки преку референдум.И сета безидејност гарнирана со покорност кон Брисел.Препознаено и искажано во анкетата.
Од: Иван
Датум: 29.05.2010 11:11:17
Авторот на овој коментар е во длабок аутизам. За жал. Иако сметам дека тоа не треба да биде својствено за уредници. Господине Митевс��и, јас сум млад (роден 1988 година). Ова што го зборувате е шок за мене. Како можете да покажувате толкава малодушност, безмалку бездушност за сопствената земја?! Еден ден ќе сфатите какви лудости сте пишувале со години. Се надевам. Дотогаш, само продолжете да пишувате - тоа е ваше демократско право.
Од: terezija
Датум: 29.05.2010 11:59:29
Mislite li TESNOGRADIOT Gruevski...??! Ako malku povnimatelno se analizira negovata lichnost, mnogu lesno ke se konstatira deka momcheto ne izobiluva so nekoi fascinantni atributi... Bash sprotivno, vo SE' e potprosechen - a sepak saka da bide SESTRAN i se rasplinuva vo site sferi, kade mu e i ne mestoto...E toa mene me zagrizuva...Ne poradi nego, negoviot "rejting" ili abnormalnata suetnost...!? Me zagrizuva statusot i "validnosta" na nashata Drzava, koga ke pogledneme koj se mozi da bidi na chelo na edna institucija (Pretsedatel na Vlada - pa makar i Pretsedatel na Drzava kako Gj.Ivanov)... shto sekomu dava za pravo ( a shto i ne?!)deka sekoj i sekakov bi mozel da e na istoto mesto i pak se' "besprekorno" da funkcionira !!! Toa e toa shto bi trebalo da ne' zagrizuva, a Boga-mi itekako i zaplashuva...
Од: vodno
Датум: 29.05.2010 12:57:46
Ovaa drzava so vakvo rakovodstvo i ne zasluzuva podobro.Edinstven izlez od situacijata e t.n.bulduzer diplomatija,kade nasi moi sogragani nema pregovori tuku ke vi dadat predlog nezavisno dali toa vi se sviga ili ne a potoa cacko ni e kriv..............
Од: petko
Датум: 29.05.2010 14:02:06
Jas dragi moi ne gledam nisto cudno vo anketite koi gi pravat razni vesnici instituti i tn. i tn. samo mu se cudam na ovoj nas narod.Pa i mene da me prasaat na nekoja anketa i jas bi odgovoril deka sakam vo EU i NATO ama ne sum za promena na imeto(so sto ne mu davam podrska na prem ierot).tuku sakam da vlezam vo semejstvoto na evropski narodi kako ramnopraven clen i nisto povece.E sega drugo e prasanjeto sto taa ista EU ima dvojni arsini i sekako silata prvin ja custvuvaat najslabite......
Од: TRETA SILA-GARDIJAN
Датум: 29.05.2010 14:29:37
Anketata na TRETA SILA-GARDIJAN nema pretenzii da oponira na taa na Dnevnik koja so takva namera stana i del od procesot predizvikan od simuliraniot mini referendumot koj ja pravi taa anketa so kvalitet poveke. Osven toa razlikata vo kvalitetot se gleda i vo objektivnata naucna vistina koja od strana na dnevnik e podredena na negativnata propaganda so cel da stvori kriticna masa na gnev protiv vlasta. No vistinata iako ne e komforna ima kompetitivna prednost pred propagandata. Inaku samite rezultati se glavno ocekuvani, mozebi za malku pod ocekuvanjata sto se objasnuva so zestokata propaganda na t.n. negunarodna zaednica za promena na imeto na Makedonija. za razlika od imputacijata megu redovi na vlasta, ovaa anketa na povrsina go iznesuva zdraviot razum i kulturata(vo posiroka smisla) na narodot nad politikata i imunitetot od propaganda. Pritoa osobeno interesno e sto edinstvenite dvajca anketirani Albanci odgovorija so najpozitivnoto NE vo makedonskata istorija i ne im bese potrebna
Од: ivana
Датум: 29.05.2010 15:26:06
do sega od niedna zemja ne e pobarano da si go smeni imeto za da clenuva vo nekoja organizacija....ime ne moze i ne smee da bide kriterium...kriterium treba da bidat standardi...inaku vrv na diskriminacija e da se bara od nekogo da si go smeni imeto...inaku eu i nato se vo seriozna kriza i toa se organizacii koi denes gi ima utre gi nema..ne vredi da se dade ime samo za da moze da gineme po irak i avganistan namesto bili i jimi...
Од: Сергеј
Датум: 29.05.2010 15:31:13
Господине Митевски, не само што Вие мислите обратно од „анкетираните“ туку и повеќе од 95% од населението во Македонија размислува така! Проблем е што Груевски си мисли и тера по свое, не водејќи никаква сметка за желбите и потребите на своите граѓани. Тој и врвот на неговата партја зборуваат едно, а прават друго. Гледаат што подолго да ја држат Македонија во изолација, за да ја претворат во свој пашалак. А опозицијата? Во услови на инсталирање на вмровскиот неофашизам, последно нешто кое би требало да го направи опозицијата е да гледа сеир! ( http://www.otpor.net.tf )
Од: do nekoj
Датум: 29.05.2010 18:21:03
Nekoj, nauchi si ja istorijata. Za dve okupacii 1913-1915 i 1918-1941 Srpskite dzhelati ubija iljadnici Makedonci. Protiv niv imashe barem 2 golemi vostanija - Tikveshkoto i Ohridskoto. Zhalno e deka ne si ja uchime istorijata.
Од: do Mile od Ohrid
Датум: 29.05.2010 21:07:28
Kolku i da ti zvuci nevistinito, makedonskiot nacionalizam e naj jak vo momentot. Srbija otide napred. Maqkedonija mora da bide severna bidejki toa e realnost i toa go bara cel svet i onie 130 zemji sto ne priznaa pod ustavnoto ime.
Од: Autisti
Датум: 29.05.2010 22:07:33
Najprvorazlikata pomedju 51 prema 48 % ne e golema i pokraj inteznivnata populisticko,biblisko-anticka propaganda preku megafonite ( Janko, Milenko, Latas, Bumbarka, Mirka ) plateni od ovaa populisticka vlada. me raduva i faktot sto mladite pred koi e idninata se za prodolzuvanje na pregovorite.A onia kako redovnite n"rakotizirani " javuvaci na "Bumbar , kako dedo Ilo i onaj od " prekrasnoto Bituse" tolku znaat i tolku mozat da razberat. Ivane zboruvas deka avtorot bil vo dlabok autizam !?Ne go razbiras terminot. Ako nekoj e vo fantasticko-sonuvacko bunilo vo vnatresniot zivot i potpolna odvoenost od nadvoresnioit svet i realnosta , toa sve vie kako ti Mile i Ace i sl.primeroci so " samponirani mozoci.
Од: kumanovac
Датум: 30.05.2010 00:26:48
vika avtorov na kolumnava 79 % od albancite bile za prodolzuvanje na pregovorite za imeto.pa normalno be gospodine kolumnist.tie i onaka ne ja priznavaat makedonija za svoja drzava taka da bas im e gajle kako ke se vikala.moze i tunguzija da se vika.niv im e bitno nivnata AL BANIJA nikoj da ne im ja cepka.e zatoa prijatele kolumnist tie ne se za prekin na pregovorite.inace koga vo prasanje bi bilo promena na imeto na ALBANIJA vi garantiram deka 99% etnicki makedonci ke bideme ZA.sekoj si vlece za svoeto i toa e sosem normalno dragi KOLUMNISTU.

Најди! во Утрински
Насловна
Кај нас и Хипократ заболе
Македонците остануваат страсни пушачи
Зденко
Филип Петровски исклучен од партијата на Бошкоски
Ексцентрикот зад јаката
Очекува бебе и венчавка
Маките на граѓанинот Дејв
Пандев дочекан како херој во Струмица
Здравството на испит
Колапс на браковите
Дипломатска битка за Мајка Тереза
Сараевскиот самит не ветува многу за регионот
Хаос
Нова надеж
Марфиеви закони
Свети Павле повторно меѓу Македонците
Невкуснa почит за Мајка Тереза
Штип живее од пензии и од текстил
Политичарите мора да мислат на иднината