Едвард Марфи
Марфиеви закони
Баксузните претпоставки, кои ја претпочитаат девизата „Ако нешто може да се расипе, тоа сигурно ќе се случи“, наречени Марфиеви закони, според инженерот Едвард Марфи, важат и ден-денес. Прочитајте зошто.
Закон на автомобилски поправки
Откако рацете целосно ќе ви бидат извалкани со масло, тогаш или ќе ве почеша нос или ќе ви се приоди во веце.
Закон на телефон Кога вртите погрешен број, линијата не е зафатена.
Закон на алиби Ако го излажете шефот дека ќе задоцните на работа поради тоа што сте на забар, утредента навистина ќе ве заболи забот.
Закон на варијации Кога движејќи се по патот ќе преминете на друга лента, онаа на која претходно бевте ќе почне побргу да се движи.
Закон на блиски средби Веројатно, ќе сретнете некој што го познавате кога сте во друштво на личност со која не сакате да ве видат.
Закон на резултат Кога ќе сакате да му покажете на мајсторот дека некој апарат не работи, тој во истиот момент ќе проработи.
Закон на кафето Оној момент кога ќе седнете да се напиете кафе, шефот ќе побара од вас да направите нешто што ќе трае се' додека кафето не се излади.
Закон на тепихот Веројатно дека парче леб намачкано со џем ќе падне на намачканата страна која е во директна врска со тоа колку тепихот е нов и колку чини. |