Број 3293  сабота, 29 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Интервју

Политичарите мора да мислат на иднината

Трајан Басеску, претседател на Романија

Скопје и Атина треба да го завртат клучот во вистинскиот правец. Ние ќе се обидеме да ја браниме позицијата на незафаќање страна

Димитар Чулев

Клучот е во рацете на Скопје и на Атина, но ние, Романија, ќе се обидеме, настрана што е од тоа директен интерес на Грција и на Македонија, Македонија да стане членка на НАТО и на Европската унија. Мислам дека двете страни, без намера да им држам лекции по историја, треба да гледаат во моментумот: историјата на секоја дланка земја е многу значајна, но сега, на почетокот на 21 век, ние ги поставуваме темелите на една идна историја, затоа не треба да останеме блокирани во минатата или во денешната историја со која се ставаме во позиција да ја жртвуваме иднината од утре.

Ова го нагласува претседателот на Романија Трајан Басеску во интервјуто за „Утрински весник“, во кое ги претстави погледите на романската политика околу иднината на евроинтеграциите на Западен Балкан, за која малку знаеме и малото присуство на 24-милионската Романија на овие простори.



Господине Басеску, дали сте подготвени да бидете гласот на Македонија како што Ве повика македонскиот претседател Ѓорге Иванов во ЕУ?

Да бидеме најјасни. Апсолутно е извесно дека во рамките на Советот на ЕУ Грција ќе инсистира на нејзините позиции и на нејзиниот став околу спорот. Ние, како Романија, ќе се обидеме да ја браниме позицијата на незафаќање страна, која би требало да помогне да се направи напредок во преговорите и наоѓањето решение. Морам да ви нагласам дека за официјален Букурешт многу е битно Македонија да почне старт со преговорите. На Европскиот совет на 17 јуни ние ќе се заложиме да почне стартот со преговорите.



Постои едно мислење дека Букурешт, барем досега во историјата, не било многу среќно место за Македонија.

Дозволете ми да го прокоментирам тоа. Историјата не зависи од местото каде што се случува, туку од политичарите. Можете да го прашате вашиот претходен претседател (Бранко Црвенковски н.з.). Јас го поканив еден ден пред Самитот на НАТО во Букурешт, бидејќи како организатори на тој собир бевме екстремно заинтересирани Самитот да успее во смисла докрај да се оствари планираното проширување на Алијансата со Албанија, Хрватска и со Македонија. Имавме долги дискусии ден пред Самитот, кога се обидувавме да го убедиме македонскиот претседател да ја направи македонската позиција пофлексибилна... Сега, од дистанца, би рекол дека некогаш политичарите, сепак, мора да донесуваат решенија што можеби не се во интерес за нив, но се во интерес за напредокот на нацијата.



Сакате да ни кажете дека не е битно местото туку играчите...

Токму така, играчите. Кога Македонија беше поделена во Букурешт во 1913 година, Романија не доби ниту еден квадратен сантиметар од македонската земја. Така што не би рекол дека Букурешт во кој било контекст треба да има негативна конотација во перцепцијата кај луѓето во Македонија.



Имавте многу интересен одговор или, подобро речено, многу дециден одговор на прашањето дали Романија ќе го признае Косово?

Да се разбереме. Ние веруваме во територијалниот интегритет на државите. Романија не верува дека тоа што се случи во Косово е во согласност со колективните права и со начинот на кој Европа ги решава проблемите. Србија е независна држава и Косово беше дел од Србија, се' додека Приштина унилатерално со декларација не прогласи независност. Значи, Романија е земја што се држи до меѓународното право во оваа смисла. Гледате, резултатот од признавањето на Косово имаше влијание на настаните во Грузија. И таа приказна може да се повтори. Погледнете го регионот околу Црното Море... Молдова и регионот Приднестровје, кој сега е дел од Молдова. Којзнае кога нешто слично како во Грузија ќе се случи и во Молдова.



Одвреме-навреме има загриженост околу безбедносната ситуација за Косово. Дали мислите дека е можна нова ескалација?

Не верувам, ако ме прашувате, дека какви било воени судири се можни на Балканот, сега или во блиска иднина. Условите се променети. Но, убеден сум дека ако има отворени нерешени прашања, тоа може да претставува пречка за акцепт на земјите од Балканот кон НАТО и потоа кон Европа. Уште еднаш ќе повторам, наш главен интерес е да го имаме целиот овој регион во НАТО и во ЕУ.

Да ви објаснам: за време на војната на просторите на бивша Југославија, Романија беше драматично акцептирана - немаше интерес, бидејќи бизнисот на Романија гледаше како на земја што се наоѓа во непосредна околина. Би рекол дека сега наш национален интерес, наш безбедносен и економски интерес е да имаме безбеден Балкан, стабилен и во истиот клуб во кој сме ние. Се разбира, овие организации имаат многу јасни позиции прифатени од држави што е услов за тоа.



Господине Басеску, Романија во моментов се наоѓа во релативно тешка економска ситуација. Дали Романците се разочарани?

На второто ќе ви одговорам со не. На првиот дел од прашањето ќе ви одговорам дека мора да преземеме цврсти мерки за да ја зауздиме кризата. Јас ги советував и им пренесов на моите домаќини во Македонија, дека доколку се случи, а јас се надевам на брз прием на Македонија во ЕУ, тоа не е крај на процесот. Тоа е момент кога стартува процесот на интеграции. За да се влезе во ЕУ Брисел бара минимум стандарди што се однесуваат на функционирањето на државата, на продуктивноста, на работата на судскиот систем, на слободната пазарна економија. Но, тоа се првични стандарди. По приемот овие првични позиции треба да продолжат да се унапредуваат доколку сакате да бидете компетитивни внатре во ЕУ. Тоа е патот што Романија го минува сега. Тоа ќе потрае извесно време...

Значи, да се стане член во ЕУ не значи дека сите проблеми веднаш ќе бидат надминати. Ова го велам не за да давам совет, туку за да им кажам на луѓето од оваа земја да не помислат дека веќе од утре, кога ќе станат членка на ЕУ, по улиците ќе потечат мед и млеко.

Се разбира, не треба да се отфрли многу значаен дел дека членството носи привилегии во смисла на алокација на големи суми пари што Брисел ќе ги префрли на сметка на земјата за инфраструктурни проекти, модернизирање на земјоделството, на индустријата за храна, за тренинг-центри за нови кадри што ќе го унапредат општествениот, економскиот и судскиот амбиент во земјата.



Дали ќе се согласите дека Романија доволно не беше многу присутна на Балканот, посебно во Македонија?

Ние не бевме фокусирани на Балканот и тоа е вистина. Подолго време нашите компании своите бизниси ги насочуваа внатре во земјата во обид да создадат барем приближно еднаква бизнис-клима и економски развој во сите региони во земјата. Од друга страна, морам да ви признам дека ние како земја повеќе бевме насочени кон земјите од Средна Азија, како што се Казахстан, Азербејџан, Туркменистан каде што традиционално извозуваме опрема за производство и за преработка на нафта.

За Македонија би рекол дека имаме одлични политички односи, колку тоа и да звучи како фраза, сметам дека имаме огромен простор каде што романските, и обратно, македонските претпријатија можат да најдат простор за соработка. Впрочем, економскиот форум што деновиве се одржуваше овде е доказ дека ние сериозно размислуваме за пријателска Македонија.


#
Статијата е прочитана 829 пати.

Испрати коментар

Од: Тошо
Датум: 29.05.2010 00:49:14
Па ... и кај нас политичарите мислат на својата иднина, т.е. на иднината на својот џеб. На пример - Љупчо Георгиевски. За време на своето ‘премиерување‘ се трансформира во бизнисмен.
Од: ivo
Датум: 29.05.2010 01:03:34
Vo Skopje i Atina poveke ima "KLJUC" !(kljuc e izraz za vrelo varivo, koga nesto vrie , kjuca ) otkolku sto go imaat "klucot -resenieto" vo simbolicka smisla. "Kljucot" svaten kako vriez, normalno se odnesuva na vreloto leto koe pretstoi! Klucot pak go nemaat , ili gi nemaat site potrebni klucevi i resenija za izlez od zavrzlamite . Duri neznaat ni "portata" kade e za da upotrebat eventualen kluc za nekoi klucni resenija. Romancite gi pozdravuvam kako vas citatel, i bas bi sakal da znam kakva e vrskata na Vlasite -Cincarite so Etrurcite! Po sebe znam deka kako Makedonec imam vrska so Veite i Toskancite, Etrurcite , ama mislam deka i Vlasite imaat vrska! Ako nemaat, dlaboko im se izvinuvam! Togas samo jas imam vrska!
Од: Васко К.
Датум: 29.05.2010 01:23:08
Точно е дека Романија 1913г. при распарчувањето на Македонија не приграби ни еден сантиметар, но затоа мудро кумуваше на таа крвава гозба наоѓајќи го својот интерс Власите во сите делови од распарчената Македонија сега под окупација на Србија.Бугарија и Грција да добијат повластен статус . Тоа беше доволно г. Басеску тогаш како и сега да замижите пред правдата и праведноста, пред злосторот и вистината. Затоа господа „искрени пријатели“ немојте да ни кажувате да не гледаме во историјата и аманте немојте повеќе да ни „помагате“!
Од: Svetski Makedonski Kongres
Датум: 29.05.2010 01:58:42
Ke se zatvori problemot so imeto preku sovetodavnoto mislenje od Megunarodniot sud na pravda vo Hag! Se drugo e predavstvoto i demagogijata
Од: nekoj
Датум: 29.05.2010 06:08:25
Basko K. da se izrazam nevkusno: treses gluposti. Ajde neka to dojde doma nekoj od nadvor neka ti go podeli semejstvoto (1913). Ako imas semejstvo vo vistinska smisla na zborot, toa nema da mu uspee! Niti imalo takvo golemo semejstvo na ovie prostori niti nekoj pak go branel, zatoa se slucilo sto se slucilo. I? Germancite treba da se samozapalat sto ja izpoubija pola Evropa? Toa sto bilo pominalo. Tuku sto vie ke ostavite za idnite generacii? osven sto kukate za minatoto nisto drugo ne pravite! I da, toj balkanski mentalitet na mrazenje i sakanje postoi samo vo cudoto narecen Balkan.
Од: ilija
Датум: 29.05.2010 08:41:03
da politicarite mora da mislat za idninata no za zal nasite prmnogo mislat na minatoto pa zatoa sme sekogas vo zastoj.
Од: Vlav do Vasko K.
Датум: 29.05.2010 12:06:43
Stom od edna materija ima premalku,togas nastanuva pobaruvacka i se diga nejzina cena.Toa vazi i za Vlasite.Saka lugje sme na Balkanot,ama gi vodime drzavite,cii lojalni gragjani i sme:Nikola Pasic-pretsedatel na vladata na Kralstvoto na SHS;Georgi Kastrioti-poznat i kako Skenderbeg,Poznatite Pitu Guli,Gen.Mihajlo Apostolski i Brakjata Manaki vo MK(da ne bea oni,Filmot nemas do den denes da stiga vo MK so takva "talibanska" MK-vlada kakva sto e sega :-)!);Vlasite oficialno vo GR se samo 2%;no tie sedat na rakovodni funkcii i vo 2ta svetska vojna da ne bea lojalni gragjani na GR,denes ke postoese Vlaska "Republika Pindos",koja ke se prosirese na delovi od GR,AL i MK so izlez na more;no namesto toa,se odlucija da gazdaruvaat vo GR,AL i MK ucejki gi mnozinskite narodi kako treba da se raboti!Toa se Vlasite,Vasko.Bozja nacija so rafinirani geni;vas ne ve biva za nisto-pa nitu za odbrana na Makedonskiot identitet,koj vsusnost e i Vlaski,bidejki poteknuvaat od bivsite Trakite!citaj i uci!
Од: Етрурец
Датум: 29.05.2010 15:40:21
Иво,каква врска имаат денешните Македонци,како млада нација,со Веите,Тосканците и Етрурците?Каква врска имаш ти со нив,освен ако туристички не си ја посетил Тоскана? Васко .К. тресеш глупости!Како можел Басеску да реагира во 1913 во Букурешт,кога е роден многу подоцна?Кој ти кажал дека во 1913 година е поделена Македонија,си го читал ли Букурешкиот договор и кај се спомнува Македонија во него?Доста со бајки! Не ги мешајте Аромуните (Власите,Цинцарите) со Романците! Тоа се два посебни народи,кои го прифатиле латинскиот јазик (романскиот т.е. јазикот на старите Римјани) кога потпаднале под нивна власт.Романците се латинизирани Даки,а Аромуните водат потекло од Тракијциѕе,од кои дел со тек на времето се хеленизирале,како на пример античките Македонци.Толку од бесплатното школување,за повеѓе се наплаќа!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 29.05.2010 20:58:28
Кој конгре кои бакрачи.Некој кој заработува со работа да се јавува а не Властитутки кои дебело го наплатуваат "patriotizmot". Dali toa im e zanimawe, i koja korist od niv?

Најди! во Утрински
Насловна
Кај нас и Хипократ заболе
Македонците остануваат страсни пушачи
Зденко
Филип Петровски исклучен од партијата на Бошкоски
Тесната кожа на Груевски
Ексцентрикот зад јаката
Очекува бебе и венчавка
Маките на граѓанинот Дејв
Пандев дочекан како херој во Струмица
Здравството на испит
Колапс на браковите
Дипломатска битка за Мајка Тереза
Сараевскиот самит не ветува многу за регионот
Хаос
Нова надеж
Марфиеви закони
Свети Павле повторно меѓу Македонците
Невкуснa почит за Мајка Тереза
Штип живее од пензии и од текстил