Број 3293  сабота, 29 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Здравствените власти се тешат со анкетата

Oд ресорното министерство се уверени дека ако„Утрински“ направеше анкета пред две-три години, резултатите ќе беа полоши

Снежана Калабакова

Министерството за здравство не е изненадено од впечатокот на обичните граѓани, кои во анкетата на „Утрински весник“ ја посочија корупцијата како главна причина за лошото јавно зд��авство. Таквата перцепција, велат од ова Министерство, се должи на еден подолг изминат период, а не на последниве година-две.

Уверени се дека ако пред две-три години „Утрински весник“ направеше анкета со истото прашање „Која е главната причина за лошата состојба во јавното здравство во Македонија“, перцепцијата ќе беше многу полоша од она што е наведено во резултатите од анкетата што беше објавена вчера.

На ова прашање „Утрински“ анкетираше 1.080 испитаник, а дури тројца од секои десет анкетирани ја посочија корупцијата како главна за лошата состојба во јавното здравство. На второ место е лошото работење на здравствените работници, па следува политичкото влијание... Анкетата ја изработи агенцијата „Рејтинг“ за потребите на „Утрински весник“ и, според неа, само еден отсто од анкетираните одговориле дека состојбите во здравството се добри. Од Министерството за здравство тврдат дека нема причина да се сомневаат во резултатите од анкетата. Објаснуваат дека предизвиците во здравството на кои се упатува во анкетата не се ниту нови, ниту непознати за Министерството.

„Сигурни сме дека сега е подобро отколку што беше, а тоа, главно, се должи на нашето соочување со проблемите и напорите тие да се решат. Конкретно, кај корупцијата, Министерството за здравство и Владата преземаат низа конкретни и видливи мерки и активности за кои пациентите и пошироката јавност се свесни. Истовремено, охрабрува податокот дека значително опаѓа бројот на граѓани кои сметаат дека реформите во здравството не ги даваат посакуваните резултати за што говорат и резултатите од анкетата, кои покажуваат дека само 9 отсто од анкетираните сметаат дека реформите се главна причина за состојбата во која се наоѓа јавното здравство“, велат од Одделението за односи со јавноста во Министерството за здравство.

Од ресорното министерство додаваат дека суштинските промени во здравството на чија реализација се посветени заедно со Владата и работат со партнери од невладиниот сектор и струката, во догледно време квалитативно ќе ја изменат сликата за јавното здравство кај граѓаните.

Ваквите анкети за нив се добар показател каде треба да се движат и упатуваат на единствен заклучок дека им претстои уште многу сериозна работа и посветеност од сите засегнати страни и чинители во здравството кои треба да го сработат својот дел од реформите. „Седењето со скрстени раце и коментирањето од страна не му помага на процесот, особено од поединци кои би требало да се свесни за својот дел од одговорноста за состојбите во кои е донесено јавното здравство. Министерството за здравство и по оваа анкета ќе продолжи уште попосветено да работи на обезбедување повисок квалитет на јавното здравство и колку што е можно поширок спектар на услуги што ќе бидат достапни за секој пациент, како и на елиминирање на сите пречки што стојат на патот на остварување на овие цели, велат од Министерството.

Д-р Никола Пановски, поранешен директор на Фондот за здравство, смета дека во врска со корупцијата граѓаните не се во право, бидејќи, пред се', не плаќаат ништо и можат да се прегледуваат и дење и ноќе. Според него, најпрвин јавното здравство го дотепаа приватните болници, а секако тоа работи и со ограничен буџет. Сликата што ја имаат граѓаните важи за специјалистичките клиники и болниците.

„Корупцијата е проблем, но не е првиот. Оваа власт дополнително го комплицираше здравството со дополнителното работно време на лекарите, кое веројатно граѓаните го перципираат како мито. Точно е дека оној што нема пари ќе чека подолго, бидејќи ако има, ќе оди во приватна клиника. Лошото работење е резултат на ограничените средства, нереално распоредениот кадар. Многу пари одат за администрација, плати, режиски трошоци и не остануваат за ништо друго“, објасни Пановски. (Сн.К.)


#
Статијата е прочитана 928 пати.

Испрати коментар

Од: maja
Датум: 29.05.2010 15:28:19
krajno vreme e da se izvrsi promena na ministerot..od toa kakov ambient ke sozdade ministerot takvo ministerstvo ke imame...vreme e deckovo od serava da ja napusti ministerskata fotelja...so beco neka si najdat druga zanimacija..zdravjeto na makedonskite gragani e premnogu seriozna rabota da se doveri na vakvi lica...

Најди! во Утрински
Насловна
Кај нас и Хипократ заболе
Македонците остануваат страсни пушачи
Зденко
Филип Петровски исклучен од партијата на Бошкоски
Тесната кожа на Груевски
Ексцентрикот зад јаката
Очекува бебе и венчавка
Маките на граѓанинот Дејв
Пандев дочекан како херој во Струмица
Колапс на браковите
Дипломатска битка за Мајка Тереза
Сараевскиот самит не ветува многу за регионот
Хаос
Нова надеж
Марфиеви закони
Свети Павле повторно меѓу Македонците
Невкуснa почит за Мајка Тереза
Штип живее од пензии и од текстил
Политичарите мора да мислат на иднината