Број 3293  сабота, 29 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Карл Лагерфелд

Ексцентрикот зад јаката

Кога ме побараа од „Вајс“ со неочекувана понуда да отпатувам во Париз и да го интервјуирам лично Кајзер, Карл Лагерфелд - креативен директор на царството „Шанел“ од 10 милијарди долари, куќата „Фенди“ и сопствената истоимена линија - ја искористив шансата. Морам да признам дека пред предлогот на „Вајс“ не бев експерт за легендарниот моден господар, но знаев дека за еден хомосексуалец тоа беше исто како и прием кај папата! Како што се очекуваше, бев возбуден што ќе го запознаам Човекот зад ладалото (како што наскоро открив, тоа одамна е заменето со јака), гуруто зад темните очила, и поради обидот да го раздвојам митот од реалноста.

Но, откако го запознав и поминав некое време со Лагерфелд, се чини, колку што можам да сфатам, дека човекот навистина е мит. Не дека не постои некое „таму��, туку, на некој начин, со некоја чудна алхемија, личноста која се спушта низ скалите на својата модна куќа, бесконечно зголемена со огледала, ја надминува таа фатална спирала и прераснува во чисто суштество на креативноста. Лагерфелд е студија во вечно движење, неуморно трчајќи меѓу креативните настојувања и во исто време „проголтувајќи“ ги и историјата и минливата сегашност, духот на времето. Како алчен читател и посматрач на животот низ книги и популарна култура, тој го филтрира светот во својот кројачки занает и други креативни оддишки, како еден вид суперкомпјутер. Кога спомнав во интервјуто дека можеби има Аспергеров синдром, ретка форма на аутизам карактеристична со опсесивно-задолжителен „метеж“ што се манифестира како вид генијалност, тој се согласи.

Она што најмногу ме изненади кога го правев моето истражување за Лагерфелд беше колку моите размислувања беа во тесна линија со неговите. И покрај тоа што поседува приватен авион и повеќе луксузни куќи, тој е антиматеријалист и останува рамнодушен на сопственоста, особено како што станува позрел. Тој има големо разбирање за она што некои луѓе можеби го сметаат за „низок живот“ - проституција, промискуитет, тоа што го имате - и дефинитивно е антибуржујски, што ја опфаќа и неговата ненаклонетост кон идејата за брак меѓу хомосексуалци.

На средбата му презентирав листа на десет мислења кои ни се заеднички, што дејствуваше како добар кршач на мразот. Од почеток, тој беше топол и дружељубив. Сепак, морам да кажам дека фрли магија на мене. Час и половина, колку што разговарав со него, се чувствував како да сум во сон или под хипноза - релаксиран, но занесен, па дури и по малку во блаженство. Ла Лагерфелд е гуру, а не само еден од модните вариетети.

Значи, Вие сте многу зафатен како и секогаш.

Јас сум секогаш зафатен, но ова е навистина работливо време. Навистина ги сакам тие работливи времиња.

Гледав различни документарни програми за Вас. Бев на некој начин изненаден, бидејќи научив повеќе за Вас, како Вашата филозофија станала мошне прочистена.

Реалистично.
Да, многу реалистично.
Софистицирано реалистично.
Тоа е речиси како парадокс, но разбирам.
Ги сакам парадоксите.

Мислам дека се' е околу парадоксите. Луѓето не сфаќаат; тие мислат дека сте контрадикторен, но две работи што се спротивни можат истовремено да постојат. Во тоа нема никаква мистерија.

Вистината е само прашање за гледиштето.
Ми се допаѓа што Вие нагласувате дека не сакате да бидете фотографиран или сниман без Вашите очила. И јас, исто така, не сакам. Кој би сакал?


Тие се мојата бурка.
Точно. Бурка за очите.

Бурка за еден човек. Јас сум малку кратковид, а луѓето кога се кратковиди ги вадат очилата и тогаш изгледаат како мали слатки кучиња што би сакале да ги посвојат.

Сакам да останам кратковид,или, во спротивно, ќе ми требаат очила за читање. Но, јас не ги сакам, бидејќи скицирам, правам се' без очила, освен што не зборувам со странци. Особено ако и тие носат очила.

Мразам кога фотографите велат „дали може една фотографија без очила?“ Зошто? Можете убаво да ме видите.

Еднаш имав интервју со некоја германска новинарка - ужасна, грда жена. Тоа беше во првите денови по падот на комунизмот - можеби една недела подоцна - и таа носеше жолт џемпер, некако проѕирен. Имаше големи гради и носеше голем црн градник. Ми рече: „Некултурно е, тргнете ги очилата“. Јас одговорив: „Дали јас побарав Вие да го отстраните Вашиот градник?“

Треба да бидете внимателен што барате. Она што го правите, како што јас, исто така, се обидувам да го направам во мојата уметност, е подеднакво да ги третирам сите аспекти на креативноста. Мода, фотографија, книги, што и да е - се' доаѓа од истото место.
Да, точно така. Се' доаѓа од истата глава. Трите работи кои најмногу ги сакам во животот се - мода, фотографија и книги. Има многу други работи кои можеби ми се допаѓаат, но јас не сум надарен за тоа. Не сум надарен за музика. Не сум надарен за пеење. Не сакам да глумам, бидејќи мојот живот е пантомима.

Но, дарбите што ги поседувате добро Ви послужија.

Јас сум совршено среќен и она што ги прави нештата уште подобри е што можам да ги правам на начин на кој сакам да ги правам. Немам проблеми во однос на реалните прашања; можам да направам се' во најдобри услови. Мојот моден бизнис „Шанел“ е најголемиот луксузен бренд во светот. „Фенди“ е дел од ЛВМХ, што, исто така, е многу голема работа.

Бевте славен долго време, но целиот пејзаж на популарноста драстично се смени последниве години.

Тоа е дел од нашиот живот, нашата култура.

Дали мислите дека стана некако токсична?

Да, но не можете да се борите против тоа. Постои цена што треба да се плати за славата, а луѓето што не сакаат да ја платат, можат да западнат во проблеми. Ја прифаќам идејата за популарност поради една француска изрека: „Не можете да го имате путерот и парите за путерот“.

Ми се допаѓа тоа. Треба да го изберете едното или другото.

Јас сега не можам да ја преминам улицата, не можам да одам никаде.

Но, не ви пречи да бидете сам и изолиран?
Имам телохранители, имам големи автомобили.

Дали патувате со телохранителите?

Да. Но, не патувам комерцијално. Кога и да одам низ светот, патувам со приватен авион.

Што ако посетите некој ноќен клуб или нешто слично?

Не посетувам. Никогаш не одам никаде, дури ниту од тука до Кви Волтаре, каде што живеам. Никогаш. Луѓето чекаат пред мојата куќа.

Колку долго тоа е Ваш начин на живот, обожаватели пред Вашата куќа?

Во последните 10 години. Претходно беше ОК. Но, кога бев помлад, луѓето навистина не ме знаеја. Имав време да бидам млад и да не се оптоварувам со вакви работи. (Вајс)


#
Статијата е прочитана 736 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Кај нас и Хипократ заболе
Македонците остануваат страсни пушачи
Зденко
Филип Петровски исклучен од партијата на Бошкоски
Тесната кожа на Груевски
Очекува бебе и венчавка
Маките на граѓанинот Дејв
Пандев дочекан како херој во Струмица
Здравството на испит
Колапс на браковите
Дипломатска битка за Мајка Тереза
Сараевскиот самит не ветува многу за регионот
Хаос
Нова надеж
Марфиеви закони
Свети Павле повторно меѓу Македонците
Невкуснa почит за Мајка Тереза
Штип живее од пензии и од текстил
Политичарите мора да мислат на иднината