Број 3293  сабота, 29 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Штип живее од пензии и од текстил

Десет илјади пензионери со примања по стотина евра го издржуваат и поширокото семејство

Иван Бојаџиски


ШТИП - Примањата на пензионерите и платите од текстилните фирми се главните потпори за штипјани да го поминат месецот. Според последниот попис, во општината има 47.796 жители од кои дури десет илјади се пензионери. Според Кластерот за текстил, во оваа стопанска гранка се вработени околу 7.000 лица. И чевларската индустрија во Штип зазема значајно место со близу 1.500 вработени од кои 1.200 лица работат во „Баргала“, најголемата фабрика за чевли на Балканот. Во последниве години замав зема и металската индустрија, чиј најреномиран застапник е „Актива“. Не е познат бројот на административни работници.

„Во општината се регистрирани 18.098 осигуреници, кои работат во 1.991 фирми и институции. За нив се плаќа пензиско осигурување. Во оваа бројка се вработените во стопанството и во нестопанството, како и во земјоделството. Речиси 10.000 лица примаат пензија по разни основи“, објаснува Ацо Пановски, раководител во подрачната единица при Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Од Здружението на пензионери во Штип тврдат дека оваа категорија граѓани има ниски примања. Барем половина од пензионерите го издржуваат поширокото семејство, бидејќи младите немаат работа.

„Просечната пензија во Штип е околу стотина евра. Ова поради фактот што Штип е најградска општина во државава, а нашите пензионери, главно, се од текстилот и од земјоделството. Најголем дел се пензионери на поранешните големи текстилни фабрики „Македонка“ и „Астибо“, како и од ЗИК ’Црвена ѕвезда‘, кои во минатото вработуваа над 12.000 работници“, вели Михаил Кралев, претседател на штипското пензионерско здружение.

Штипскиот економски аналитичар Стојче Самарџиев во редовната економска анализа, во мајскиот број на локалниот месечник „Штипски глас“, тврди дека штипските текстилци во 2009 година имале просечна плата од 8.305 денари.

„Ова го утврдивме на примерот на 1.707 работници од нашите конфекции и според нивните завршни сметки. Практично, работниците од текстилната индустрија во Штип дневно заработуваат по 4,4 евра, односно 370 денари. Како со вакви плати може да се издржува семејство, посебно ако има само еден вработен, не е тешко да се претпостави“, укажува Самарџиев. Ако се има предвид дека и вработените во чевларската индустрија имаат плати како тие во текстилната, тогаш се доаѓа до сознанието дека близу 9.000 вработени во овој град живеат со просечна месечна плата помала од 150 евра.

Во последнава година во Штип не е забележано зголемување на бројот на вработените. Напротив, според веб-страницата на Агенцијата за вработување, во април годинава во оваа општина се регистрирани 7.129 невработени лица, што е за 107 невработени повеќе од истиот месец лани.

Снежана Папарова од Организацијата на потрошувачи во Штип укажува дека вредноста на потрошувачката кошница за четиричлено семејство, со основни прехранбени производи, кафе и пијалаци изнесувала 10.436 денари. „Сакам да укажам на фактот дека ги земавме производите со средна продажна цена, што значи дека за поквалитетните прехранбени производи и основни пијалаци потрошувачката кошница би била поскапа“, потенцира Папарова.


#
Статијата е прочитана 1363 пати.

Испрати коментар

Од: Silvester, Sidnej
Датум: 29.05.2010 01:26:19
370 denari dnevnica = 9$. Rabotnicite vo Kina zemaat poveke. A cenite tamu se 3-4 pati poeftini od onie vo Makedonija. Dali nekoj znae za ova? Dali ovaa vlada ima pomisleno barem edna minuta za ovoj poguben problem za Makedonija? Jas mislam deka tie voopsto nemaat um.
Од: nekoj
Датум: 29.05.2010 06:17:54
Dnevnicata e sramna da se napise. Cenite vo Mk se pogolemi od cenite vo sredna i zapadna Evropa. Mk nisto ne proizveduva, samo uvezuva-od Evropa najmnogu. Cenata na osnovnite produkti proizvedeni vo EU se poeftini, zasto tamu se proizvedeni. Ako ste vo EU ke nemate carina, zasto EU e kako edna drzava. Toa dosta ja namaluva cenata. Ke imate i pazar. SAmo eden primer...Politicarite vo Mk definitivno NE mislat za narodot. Neli kris, mkd,feliks i slicni?
Од: eu
Датум: 29.05.2010 10:00:53
zosto togas vlada samo se fali 20000prosecna plata ?ili da se opravda za nesakanje vleguvanje vo eu,stipjani vlezete vo eu da imate pazar i zivot ili slusajte vmro i ponatamu rabotete za 8000den.
Од: XXL
Датум: 29.05.2010 10:33:58
Gospoza Paparova pazaruvate li Vie ili doma vi nosat pa kako da ste od Mars padnale ..Ajde ubavo kazete sto za tie 9 dolari dnevno edno cetricleno semejstvo ke jade ...??

Најди! во Утрински
Насловна
Кај нас и Хипократ заболе
Македонците остануваат страсни пушачи
Зденко
Филип Петровски исклучен од партијата на Бошкоски
Тесната кожа на Груевски
Ексцентрикот зад јаката
Очекува бебе и венчавка
Маките на граѓанинот Дејв
Пандев дочекан како херој во Струмица
Здравството на испит
Колапс на браковите
Дипломатска битка за Мајка Тереза
Сараевскиот самит не ветува многу за регионот
Хаос
Нова надеж
Марфиеви закони
Свети Павле повторно меѓу Македонците
Невкуснa почит за Мајка Тереза
Политичарите мора да мислат на иднината