Алиша Кис
Очекува бебе и венчавка
Портпаролот на пејачката Алиша Кис и нејзиниот свршеник Свис Битс потврдија дека двојката го очекува своето прво дете, при што ја најавија и претстојната венчавка. Веста за блажената состојба на Алиша се рашири уште на почетокот на мај. Парот е заедно од 2008 година, а нивните пријатели велат дека се „среќни како никогаш досега“. На прекрасната Алиша ова и е прв брак и прво дете, додека Свис од претходната врска има два сина, тригодишниот Касим Јуниор и деветгодишниот Принс Насир.
Дваесет и деветгодишната пејачка неодамна кажа дека едвај чека да стане мајка. „Апсолутно сум заинтересирана за семеен живот. Мислам дека тоа е едно од најубавите искуства во животот и пресреќна сум поради тоа. Но, се' уште имам желба да завршам некои работи пред мајчинството“, изјави Алиша. Иако за роденден Свис и' подари свршенички прстен од седумкаратно бело злато, сепак, пејачката ќе мора да почека на венчавката. Имено, музичкиот продуцент се' уште не е официјално разведен од пејачката Машонда, со која се ожени во 2004 година. |