На досегашниот потпретседател му забележуваат дека работел на своја рака и договарал соработка со Љупчо Георгиевски
Гордана Дувњак
Наместо честитка за својот 38. роденден, потпретседателот на Обединети за Македонија, Филип Петровски, вчера доби подарок - исклучување од партијата. Поранешниот македонски конзул во Њујорк, веста за отстранувањето од партиските редови ја разбра од новинарите.
Од она што можеше да се разбере од штурото партиско соопштение што го лиферуваше партијата на Љубе Бошкоски на редакциските мејлови, главната причина за неговото исклучување е тоа што „дејствувал спротивно од статутот и ги ставил личните интереси пред партиските“. На ваквите квалификации Петровски возврати со контраобвинувања за недостиг од внатрепартиска демократија и за кокетирање со опозициската СДСМ.
„Обединети за Македонија чувствува потреба да ја информира македонската јавност дека Филип Петровски се исклучува од членството на партијата поради дејствување спротивно на Статутот, програмските определби и политичките ставови на партијата“, се вели во партискиот допис испратен од ОМ. Во соопштението се нагласува и дека оваа партија се залага за „непоколебливо практикување на демократијата, се бори за слобода на говорот и различните мислења и се залага за нивна примена“.
„Обединети за Македонија го смета квалитетот на поединецот за единствен критериум при имплементирањето на демократските процеси. За жал, Филип Петровски своите лични интереси и амбиции ги стави над интересите на партијата. Со своето дејствување спротивно на Статутот и на Програмата ги наруши темелните принципи и вредности на партијата“, се вели во дописот, во кој се потсетува дека функцијата потпретседател му престанала на Петровски на првиот конгрес на Обединети за Македонија, кој се одржа во Струмица на 2 мај оваа година. Воедно, се подвлекува дека голем дел од ставовите на Петровски искажани пред конгресот и по него не се согласни со ставовите на партијата Обединети за Македонија.
Прашан околу коментар за неговото исклучување, актуелниот директор на Библиотеката „Браќа Миладиновци“, во телефонскиот разговор ни рече дека е „изненаден и згрозен од начинот на кој се води партијата“. Обвинувањата на своја сметка ги оценува како неточни и паушални, а наедно ја оспорува и легитимноста на неодамна одржаниот конгрес на Обединети за Македонија, како и начинот на кој се избрани делегатите.
Петровски вели дека е разочаран од состојбите во партијата, бидејќи сметал дека таа ќе се развива во сериозна опозициска партија со десничарска ориентација и нема да се претворат во приврзок на СДСМ. Главните точки на судирот со својата досегашна партија ги лоцира на три точки: недостиг од внатрепартиска демократија, кокетирање со опозициската СДСМ, како и сомнителни извори на финансирање.
Според Петровски, партискиот конгрес е одржан на нелегитимен начин и без претходна дебата околу местото на одржување на собирот. За влечење на партиските конци од сенка ја посочува шефицата на кабиенот на претседателот Љубе Бошкоски, Искра Кецковска.
„Наместо да го одржиме конгресот во Охрид за да го демонстрираме констинуиттетот со ВМРО-ДПНЕ, беше избрана Струмица, каде што градоначалник е потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев“.
Како што дознаваме од неофицијални извори, довчерашните партиски колеги на Петровски му забележуваат тоа што работел на своја рака и честопати излегувал со лични ставови, пласирајќи ги како став на Обединети за Македонија.
„Филип создаваше раздор во членството и за тоа неколкупати беше предупреден. Без да му даде за тоа некој мандат, самоиницијативно преговараше со Љупчо Георгиевски за обединување на десницата, иако му е добро познат нашиот став дека на избори планираме да одиме сами“, брифираат партиски извори од ОМ. На Петровски му забележуваат дека наводно не верувал ни во позитивниот исход од жалбената постапка во Хаг и оти му нараснале амбициите да стане иден лидер.
Филип Петровски потврдува дека имал контакти со Љупчо Георгиевски и дури се гордее на таа своја иницијатива.
„Сметав дека само со обединување на десницата можеме да му се спротивставиме на Груевски. Но, за оваа моја идеја Љубе Бошкоски беше запознат“, додава тој. Иако не ги открива своите идни планови, сепак, меѓу редови, навестува дека нема намера да се откаже од политиката.
„Во Македонија недостига вистинска демократска партија во која ќе се вреднуваат мислењата на поединците, а партијата нема да биде само во служба на партиски вдомувања“, додава на крајот Филип Петровски.
gVMRO-DPMNE se somenvam deka poradi ova stoite vie. No nema da mu nastete na brat Ljube. Napred i pobedete ja ova dikatura na Gruevski i VMRO-DPMNE...
Од: Manastirec
Датум: 29.05.2010 00:36:28
Koj drugomu grob kopa... ili ot kol na kol kolot... Vo sekoj slucaj seirjalot: Razedineti za Makedonija prodolzuva. Gledajte go.
Од: Patriot
Датум: 29.05.2010 00:43:11
A pa odi sega so Ljupco bugarason ili so Grujo srbomanon..konecno i sam prizna.
Од: goce bitola
Датум: 29.05.2010 01:20:02
e pa filipe sega ti se ostvari zelbata
pak si so LJUBCO neka vi e so sreka samo da ne zaboravite pak da podnesete kandidatura kako minatiot pat.
Од: Antonio
Датум: 29.05.2010 01:32:04
Sreken rodenden Filip, pogresna procenka ti bea OM, a so toa i sami si sudat, nema nisto da postignat duri ni toa sto NSDP go napravi svoevremeno, iako toa im e cel
Од: tanja
Датум: 29.05.2010 02:14:17
zosto taka?
Од: Ace od Avstralija
Датум: 29.05.2010 02:58:15
Trazili ste - gledajte. I ovoj ce se custvuva " Bugarin" za nekoe vreme.
Од: Kate
Датум: 29.05.2010 03:29:22
Koj sto drobel, toa ke si srka. Posle tolku menuvanja na partii, stavovi, lideri i politicki dresovi, redno bese i nego da go smenat. Adios Amigos Filopos !
Од: Aco
Датум: 29.05.2010 08:22:31
kakvi raboti se mestat samo profit i licni interesi e Narode naiven .
Од: BRAVO
Датум: 29.05.2010 09:20:44
Seriozni odluki vo seriozna politicka partija. Fakt e deka OM stanuva stabilna politicka opasnost za momentalnata pozicija i zatoa se donesuvaat vakvi odluki. Crnata ovca sekogas ne ja jadi . Sreken pat - No kade sega?
Од: ace
Датум: 29.05.2010 10:00:14
iskreno i jas da bev na mestoto na brat lube ke se somnevav ,ne e mozno nekoj da go napaga na grujo a da ne go smeni od direktorska funkcija ,vo nikoj slucaj ne e greska bravo brat lube so tebe sme pozz
Од: dejan
Датум: 29.05.2010 10:13:49
napravi greska uste na pocetok trebase da otides vo izvornoa vmrovska partija kako sto e vmro-np .kamenot tezi kaj sto mu e mestoto
Од: ФЕЛИКС
Датум: 29.05.2010 10:16:45
Иако не мие роденден може сам на себе да си честитам за пророчанските написи визави саботното мислење на г-дин Петровски.Кога го опсервирам и порано и сега певливиот лидер на ОМ пишувам секогаш дека тој има проблем со сопственото его.Сите негови изјави против власта се темелат оти не беше нивни кандидат за преседател.Сега ништо од прокламираната демократија внатрепартиска.Имаме ,,партијата тоа сум јас,, а всушност еден куп маргиналци.
Од: SPIRIDON
Датум: 29.05.2010 10:50:27
Vaa cirkusijada ne zaslužuva komentiranje,ama aj koa sum veke tuka da kažam.Šo očekuvaate?Brat Ljube,kaubojskio partner na pokojnio Pane Velev,VMRO terminatori i štrajkuvačo pred sobranieto,beše kolku se sekjavam nepolitiziran,pa op istadna glaven kadar na VMR-ovcite.Razvojnite patišta na politički,ekonomski,obrazoven i kulturen,ako se može taka da se reče,i na dvujcata znaeme gi,razbira se,pa site u Makedonija.I šo očekuvaame od tia takvite?Samo šo Filipčeto ima doktorska diploma,da si ja urame kako u "DR" od Nušić,oti u nego niščo bitno ne e promeneto,istio si e.A za bratot nemam zborove,"nacionale heroj" od Ševeningen,a za negovata "stručnos" za lozja i pakistanci ne praam maabet.Dokažan kadar.Toa ti e makedonskio del od sovremenio cirkus na šteta na ekonomskio,političkio i moralnio prosperitet na vaj narod.
Од: zoran
Датум: 29.05.2010 11:31:39
И љубе и филип си го покажаа лицето и двајцата заедно не вредат ни за пола човек прочитани се.
Од: nacional-patriot
Датум: 29.05.2010 16:43:41
Do vcera ti Filipce ja ubeduvase javnosta deka OM ne se priblizuva do SDSM.Ti trebase olku vreme da sfatis sto e sto,ili do vcera gledase samo so edno oko?
Од: Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62god.tel.20 41 586
Датум: 29.05.2010 17:27:12
Filipe,Filipe,kaj ti bese pametot!? Otide kaj Ljube mislejki deka deka nema da go bide.Pogledni go ni stav ni glas za politicki vodac.Toa mislese da go iskoristis i da se vivnes vo politikata!? E moj Filipe, Ljube e premackan so site masti, lukav i inteligenten. Toj takvite kako tebe gi jade za pojadok.Otkako vide deka nemoze da te iskoristi kako dzoker, a tolku mnogu te falese te sutna kako istrosena topka.Mlad si, ke ucis,ima idnina za tebe!
Од: cukun dedo
Датум: 29.05.2010 21:11:29
Site koi plukaat po Ljube i Ljubco i site drugi koi ne se od VMRO-DPMNE, se novo peceni ,,tvrdokorni vmrovci" koi voodsto ne ja znaat ideologijata na VMRO.Tie luge se sega direktori,rakovoditeli i sto ne.E ovie se tie.Mnogu brgu ke im padnat maskite i ke se desifriraat, zosto toa se lugje kameleoni i samo gledaat interesi.
Од: mite
Датум: 29.05.2010 22:29:27
jas sum so filip, a i mnogumina drugi. ljube izgubi mnogu so negovoto neserionzno odnesuvanje. filip praj partija da tepame na izbori.
Од: Tome
Датум: 30.05.2010 01:00:09
Кој беше овој Филип Петровски? Доктор? Што има направено за Македонија до сега? Што мисли да направи во иднина за Македонија? Која му е целта на политичкиот ангажман? Сака да го руши Груевски или да и помогне на државава и народот. Или е само еден обичен политички профитер и материјалист?