Број 3038  петок, 17 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Фуудбалски вести

Федерер им го прекина ручекот на фудбалерите на Ливерпул

Најдобриот светски тенисер Роже Федерер ги посети играчите на Ливерпул кои се на подготовки во Швајцарија. Капитенот Стивен Џерар му го подари дресот со бројот 15.

Никој од фудбалерите не ни помислуваше дека Федерер ќе ги посети среде ручек по утринскиот тренинг, па многумина беа шокирани гледајќи го славниот тенисер во ресторанот.

„Извинете што ви го прекинувам ручекот, сакав да ве посетам“, изјави Федерер на влезот од ресторанот, а играчите на Ливерпул со аплауз го поздравија и станаа да се запознаат и да се сликаат со него.

Додека Федерер ги потсетуваше на мечот Базел - Ливерпул 3:3 од Лигата на шампиони во 2002 година, капитенот Џерар му пријде и му го подари дресот со број 15, алудирајќи на неговите рекордни 15. Грен слем титули.

Поради поголема заработка, Перез бара Реал да игра попладне



Претседателот на Реал М. Флорентинио Перез откако седна во фотелјата потроши 200 милиони евра на засилувања. Но за да ги оплоди вложените пари бара неговиот тим своите првенствени натпревари да ги игра во попладневните часови, со што би се зголемила гледаноста, а со тоа и заработката.

Еден од најголемите финансиски колачи клубовите го добиваат од ТВ правата, а со предлогот на Перез натпреварите би можеле да ги следат и навивачите од Азија. Перез сака во текот на зимата Реал да игра од 15 часот, а во летниот период еден час подоцна.

Според, него досега Реал М на натпреварите во Мадрид го гледале 800.000 ТВ гледачи, а со новата сатница таа бројка би се зголемила за еден милион.

ФИФА зеде воздух - прекинат штраЈкот на 70.000 работници во Ј. Африка



Штрајкот на градежните работници во Ј.Африка, домаќинот на СП 2010 година, е прекинат. Незадоволството на работниците се зака��уваше на довршувањето на изградбата на стадионите на кои ќе се играат натпреварите на СП, но за среќа постигнат е компромис.

Работниците бараа зголемување на платата за 13 отсто, а работодавачите не се согласија на повеќе од 11,5 отсто, но сепак на крајот се најдоа на 12. Околу 70.000 работници може да се вратат на работа.

„Штрајкот е прекинат. Се надеваме дека градежните фирми ја научија лекцијата“, триумфално објави портпаролот на националниот синдикат и додаде: „Потребата стадионите итно да бидат завршени како би му покажале на светот дека Ј.Африка може да биде одличен домаќин беше пресудна за зголемување на платата“.

Астон Вила за 14 млн. евра го донесе Даунинг



Минатата сезона Даунинг го повреди десното стапало и мораше на операција. Поради тоа не можеше да му помогне на својот Мидлсборо во борбата за опстанок. Сега не му се играше во Втората лига, па реши да ја смени средината. Потпиша за Астон Вила за сума од 14 милиони евра.


Статијата е прочитана 854 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Гаске е „чист“ и може пак да игра
Прием за ватерполо репрезентацијата
Шакири против Шпанија ќе се прости од репрезентацијата
Тасевски стрелец за Левски против Сант Јулија од Андора
Рожман втора одзади на 100 метри на ЕП до 23 години
Хаџиристески и Костов со функции во УЕФА
Охридскиот маратон со 27 учесници
Лусио во Интер за осум милиони евра
Болт ветува нешто посебно вечерва во Париз
Кевендиш го израмни британскиот рекорд
Торо росо го отпушти Бурде