Шакири против Шпанија ќе се прости од репрезентацијата
„Убиецот“ на Симан за Македонија одигра 72 меча и постигна 15 гола, со кои е втор стрелец
Миодраг Мицковиќ
Еден од нашите најдобри фудбалери Артим Шакири за последен пат ќе го облече дресот на репрезентацијата на Македонија на пријателската средба со Шпанија што ќе се одигра во Скопје на 12 август по повод 100-годишнината на фудбалот во нашата држава. Тоа ќе биде негово простување од репрезентативниот дрес на нашата најдобра селекција по 72 настапи и неговите 15 гола.
Артим Шакири дебитираше за „А“ селекцијата на Македонија на пријателската средба со Бугарија 1996 година, кога Македонија беше поразена со 3:0 во Софија, последен меч одигра во Скопје против Русија (0:2) во квалифиакциите за Европското првенство.
Во својата богата и успешна фудбалска кариера Артим Шакири има играно за 16 клуба во 11 држави што е совевиден рекорд во македонскиот фудбал. По него на таа листа фудбалери кои играле за најмногу клубови е битолчанецот Ѓорѓи Христов кој настапил за 13 клуба во седум држави.
Кариерата Артим Шакири ја започна во малиот клуб Динамо од селото Ливада кај Струга, а потоа во Македонија играше за Караорман, Вардар и малку во Шкендија од Тетово.
Во странство Артим Шакири го има носено дресот на Хамштат (Шведска), Тенис Борусија (Германија), Хит Горица и Коротан (Словенија), Малатија Спорт (Турција) ЦСКА Софија (Бугарија), Вест Бронвич Албион (Англија), Алборг (Данска), Интер Турку (Финска), Фадус (Лихтенштајн), Беса (Албанија), а последниот клуб за кој настапуваше беше победникот на Купот на Азербејџан, Карабах.
Во моментов Шахири е слободен играч, но веќе донесе одлука да се збогува со активното играње и да се посвети на тренерскиот позив за што веќе од сега има неколку понуди со оглед на неговата блескава кариера.
Од 15 голови што ги има постигнато за репрезентацијата на Македонија, Артим Шакири, се' уште е во сеќавање оној прекрасен гол што го постигна на мечот со Англија (2:2) во Саутемптон директно од корнер совладувајќи го англискиот голман Дејвид Симан. Овој гол долго се вртеше на сите телевизиски спортски екрани во Европа.
Bravo za Sakiri napravi mnogi za makedonskiot futbal
Од: Пинг
Датум: 17.07.2009 08:49:29
До редакцијата за спорт на Утрински, А ПОСЕБНО ДО МТВ: Немате ниту збор за Европското натпреварување во кошарка „B дивизија“ за натпреварувачи до 20 год. Мојот револт е насочен кон преносот на МТВ. Ужас, не верувам дека сем кај нас на ваков начин се пренесува кошаркарски натпревар, посебно кога се работи за национален состав, уште повеќе на национален канал. Нема имиња на селекциите, нема резултат, нема време од играта, ниту време за напад. Не сум бил во Сомалија и Афганистан, ама не верувам дека во ваков случај вака би се изрезириле. Ееееееј, дибеци тешки, ако не ве бива што се фаќате на орото. Претплата? И тоа наназад за 2008 год, ќе имате за земање, па макар и до Стразбур да одиме. Ниту ве гледам веќе, ниту ве вртам. Поздрав до сите Ваши и наши, а Вие драги коментатори, СЕКАКО ПИШУВАЈТЕ КИРИЛИЦА.
Од: mario
Датум: 17.07.2009 09:39:48
Koga bi imale povekje vakvi fudbaleri a pred se lugje vo makedonskiot fudbal, bi bilo mnogu ubavo da se ide na stadion. Pozdrav za golemiot Artim i vo trenerskata kariera mu posakuvam uspeh malku pogolem od onoj vo igrackata karirera...
Од: suad zhitoshe
Датум: 17.07.2009 10:42:08
navistina e najdobar igrac na makedonija, pa nema tuka sto , albancite sekade se najdobri a?
pozz
Од: igor-bt
Датум: 17.07.2009 11:41:45
ARTIM SAKJIRI !!! Nekrunisaniot kral na Makedonskiot fudbal !!! Sekoja cest majstore !!!