Гаске е „чист“ и може пак да игра
Францускиот тенисер, Ришар Гаске, е прогласен за невин и веднаш може да се врати на тениските терени, откако Меѓународната тениска асоцијација (ИТФ) утврди дека нема вина што беше позитивен на кокаин на допинг контролата во март за време на турнирот во Мајами. Привремено беше суспендиран по што поднесе жалба тврдејќи дека не користел кокаин намерно. Во неа образложи дека тоа го направил случајно на една забава во Мајами по што ИТФ му ја симна суспензијата. |