Прием за ватерполо репрезентацијата
Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Драган Ѓурчевски, вчера организира прием за ватерполо репрезентацијата на Македонија која денеска заминува за Рим на Светското првенство во спортови на вода. Ѓурчевски им посака голем успех и добра презентација на мундијалот и порача дека од нив очекува пласман во вториот круг.
Македонија на шампионатот во Рим ќе се натпреварува во групата Д со селекциите на Романија, Италија и САД. Шансата за изненадување и победа ќе се бара во премиерниот дуел со Романците на 20 јули (19,40 часот). Два дена подоцна (17 часот) ќе играме со САД, додека мечот со Италијанците ќе го одиграме на 24 јули во 21 часот. |