Рожман втора одзади на 100 метри на ЕП до 23 години
Единствената македонска учесничка на Европското атлетско првенство за натпреварувачи до 23 години во Каунас, Ивана Рожман, го освои 29 место во конкуренција на 30 атлетичарки во трките на 100 метри. Вчера претпладне Рожман трчаше во третата квалификациска група и оствари време од 12,49 секунди.
Во литванската престолнина Рожман замина со личен рекорд од 12,07 секунди. |