Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
03.01.2012, 18:41

Денко Малески:  Го нарекуваа џентлмен од Балканот

Првиот министер за надворешни работи, професорот Денко Малески, беше близок соработник со претседателот Киро Глигоров во турбулентните почетоци на плурализмот и независноста, кога новата македонска држава ја почна битката за меѓународно признавање.

„Иако му беше пријател на татко ми, Глигоров го запознав кога почна да се распаѓа Југославија. Се сретнавме во комисијата за реформа на политичкиот систем што ја формираше Гошев. Претпоставувам дека по негова иницијатива, Кљусев и Ристески ме викнаа во Владата“, се потсетува Малески.

Работата го зближила со Глигоров, во кого препознал модерен човек со отворен ум, свесен за демократските промени што го зафатија светот и за потребата тие промени да се случат и кај нас. „Тогаш беше многу непредвидлива судбината на заедничката држава. Ни се совпаѓаа ставовите дека Македонија треба многу внимателно да гази по минското поле, што го поставија балканските национализми“, вели Малески.

Тој се сеќава дека странските дипломати, како што се Сајрус Венс или лорд Карингтон, го нарекувале македонскиот претседател ’џентлмен од Балканот’. Кај Глигоров, вели Малески, можеа да се забележат две навидум спротивставени карактерни црти: од една страна, беше нежен и сентиментален, а од друга страна, цврст и многу логичен човек.

„Имаше широки погледи и го почитуваа и политичките опоненти. Но, очигледно, имаше и непријатели и поради тоа за малку ќе платеше со живот“, вели професорот.

Аманетот што ни го остави Глигоров, според Малески, е дека новите ситуации и предизвици се за новите генерации, но дека треба да се користи и мудроста на повозрасните. И дека секогаш треба да се има предвид дека околностите се менуваат. (А.М.М.)


Статијата е прочитана 587 пати.

Испрати коментар



Сочувство од Ештон и од Филе
Климе Коробар
Љубомир Фрчкоски
Неговиот живот е историја на државата
Архитект на независна Македонија
Телеграми од Бериша и од Јахјага
Штипјани се простија од својот сограѓанин
Последна почит за првиот претседател. Владата не дојде на погребoт на Глигоров
Погребот на Глигоров
Нема докази за поткуп на политичари, партиите молчат

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најчитани текстови во 2011

1. Се запали Александар Палас - емирот во „магла"
2. Тргањето на Александар сега е тешко
3. Кај Велешко се бараат 220 тони злато
4. Македонец ја открил Америка со Колумбо
5. Бранко и Али бегаат од тигарот

Најнови вести
Време
Скопје, 4°C

Облачно

Понеделник
Магла
Макс: 1°C, Мин: -5°C

Вторник
Магла
Макс: 0°C, Мин: -7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |