Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
03.01.2012, 17:15

Нема докази за поткуп на политичари, партиите молчат

Јавното обвинителство водело постапка, но не нашло докази дека „Дојче телеком“ и „Маѓар телеком“ поткупувале политичари

Сања Наумовска


Скопското јавно обвинителство го истражувало случајот за поткуп на македонски политичари и политичка партија од страна на „Дојче телеком“ и „Маѓар телеком“ во 2005 и 2006 година. Докази за поткупот не биле најдени, па не била поведена ниту постапка против ниту еден носител на функција од тоа време. Сепак, според скопскиот јавен обвинител Марко Зврлевски, за истите настани од посочениот временски период обвинителството веќе има кривични пријави против одговорни лица во „Маѓар телеком“. „На посочениот настан обвинителството работело и доколку имало докази за поткуп, ќе имало и постапка“, одговори Зврлевски.

Со оглед на тоа дека со спогодбата за плаќање на казната од 95 милиони долари, се затвори и судската постапка во САД, веројатно е дека без одговор ќе останат прашањата - кои се имињата на политичарите кои според Американската комисија за хартии од вредност добиле 4,88 милиони евра за непостојни консултантски услуги, со цел да спречат, односно да го одолжат појавувањето на вториот телекомуникациски оператотор во земјава.

Според пишувањето на „Утрински весник“ во септември 2010 година, државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски тогаш најавил истрага за тоа дали македонски политичари биле дел од скандалот со примање провизија, а од сознанијата кои ќе бидат добиени би зависело дали истрагата против четворицата одговорни лица од „Маѓар телеком“ ќе биде проширена и на други лица. Директорите на унгарската компанија биле осомничени дека во периодот од 2000 до 2006 година направиле проневера од 24 милиони евра. Дел од нив се и настаните со поткупот на домашни политичари и политичка партија за да се спречи конкуренцијата на телекомуникацискиот пазар.

За настаните од 2005 и 2006 година, кои се актуелизираа со одлуката донесена во САД за казнување на телекомуникациските оператори, деновиве молчат и двете најголеми политички партии во земјава, СДСМ, кој во посочениот период беше на власт, но и ВМРО-ДПМНЕ. Изостанува препознатливото препукување преку партиските портпароли, кои го игнорираат случајот, иако сме биле сведоци дека теми за нивни прес- конференции биле и многу поневажни настани кои се случувале или се случуваат во времето на владеењето на едната или другата партија.

Владо Бучковски, кој беше премиер во времето на случувањето на аферата, неодамна за „Утрински“ изјави дека не знае дали наши политичари биле инволвирани во земање мито од телекомуникациските фирми. „Зад целиот процес, всушност, стои игра на големи компании кои се борат да ја искористат секоја грешка на конкуренцијата. Ова е еден случај во кој Американците ги ловат пропустите на ’Дојче телеком‘ за да спречат нивен влез на американскиот пазар“, рече Бучковски.

Коментар за аферата со провизијата за македонските политичари немаа ниту во нашиот Телеком. Од таму не' преупатија на одговорот на двете инволвирани компании.

„’Маѓар телеком‘ и ’Дојче Телеком‘ постигнаа спогодба со Министерството за правда на САД и Комисијата за хартии од вредност за разрешување на нивните претходно објавени истраги што произлегуваат од случувањата од 2005 и 2006 година утврдени во Македонија и во Црна Гора. Не се смета дека ’Дојче телеком‘ ги прекршил антикорупциските одредби од Законот за спречување на корумпирано однесување во странство. Министерството за правда, во спогодбата за неповедување обвинение против ДТ од страна на Министерството за правда, се согласи да не поднесе кривична тужба против ДТ, вклучувајќи и за какво било прекршување на барањата за водење на сметководствените книги и евиденција според Законот за хартии од вредност на САД. За возврат, меѓу другото, ДТ се согласи на властите на САД да им плати парична казна во износ од 4,36 милиони долари“, се вели во соопштението од „Дојче телеком“.

Од казната, во висина од 95 милиони долари, „Маѓар телеком“ ќе треба да врати остварена добивка во износ од 31,2 милиони долари и кривична казна во износ од 59,6 милиони долари, сума договорена со Министерството за правда на САД поради „одложено“ гонење, со што кривичната тужба се заменува со парична казна.


Статијата е прочитана 1213 пати.

Испрати коментар



Сочувство од Ештон и од Филе
Климе Коробар
Денко Малески
Љубомир Фрчкоски
Неговиот живот е историја на државата
Архитект на независна Македонија
Телеграми од Бериша и од Јахјага
Штипјани се простија од својот сограѓанин
Последна почит за првиот претседател. Владата не дојде на погребoт на Глигоров
Погребот на Глигоров



трајко, 04.01.2012 07:08:41
Состојбата е јасна,проверувавме ,но криминал сторен од наши функционери не најдовме.За тие што најдовме поднесовме кривични пријави.Ова се зборовите на Зврлевски.Јас би рекол дека не сте сакале да најдете или не сте знаеле да најдете.Дали не е нешто слично на онаа битолската,дванаесет луѓе се криви во РЕК-Битола, ама не и најодговорните.Кого го мафтосувате господа обвинители.Јас би рекол:самите себе,оти никој не ви верува.
od ostrijot, 04.01.2012 07:53:20
gospogo kolumnata trebase da glasi javnoto obvenitelstvo vodelo postapka ama nesakalo da najde dokaz. kako se veli gavran na gavran oci ne vadi.
kaznet, 04.01.2012 08:41:39
Е тоати се вика среќа да имаш ина таквото,бев присутен во маркет, млад купувач за едно украдено паковање скара тенки колбаси, под хитно со џандари и возило да биде однесен во полиција. Есега замислете милионски суми во евра и нема истрага. Лажат американците гарант, а телеком онака без везе плаќа 90 милиони евра. Мало ситно македонче,со птекло од Ацета Големиот.
makedonec, 04.01.2012 09:32:28
Vo toj period se korumpirase za da se odlozi procesot na liberalizacijata i da moze da se ostvaruvat ekstra profiti, se potplakase za da se izmeni Zakonot za rabotni odnosi i dogovorot za prodazba, za da se izvrsi besrupolozno isteruvanje od rabota na vrabotenite od telekom. Vo toj period na vlast bese SDSM. Pretsavnici vo telekom bea Davitkovski Borce, Dejan Mickovik i glavna faca vo senka Buzlevski. Ne e raboteno bez znenje na nivnite sefovi. Kade e segasnata vlast da ja ispere kalta od mracnata afera, koj nanesuva mnogu steta na makedonija. Dali se i tie vo novi semi!!!?
Mark, 04.01.2012 11:25:33
Eve i tuka ke napisam-EDNA BANDA NE OGRABUVA MAKEDONCINJA MILI!!! Se vika SDSM-DPMNE! Srpskata ja znaete-Vrana vrani oci ne vadi.. Nemalo dokazi, zamisli??????
milkov, 04.01.2012 11:43:12
stvarno se zaneseni tie od evropa i sad kakva korupcija koga vlada vika nema korpupcija ni pravat namestaljka da nemozeme da vlezeme vo eu a tie 95mil dolari kazna se lazni se samo da nastedat na nasata najdemokratska vlada koga vmro i grujo vika nema korupcija sto ne pravat budali tie evropejci...
pile, 04.01.2012 11:59:01
30.12.2011, Utrinski vesnik „Дојче телеком“ и „Маѓар телеком“ ќе платат казна за поткуп на македонски политичари``= Sanadericacija na kvadrat vo Makedonija.Po se izgleda Gjavolot ja odnel segata i doagja po svoeto.No, toa vo demokratski razvieni opstestva(neplasetese), a ne, kako vo R.Makedonija vo vreme na retrokomunizam(M.N.),kade vremeto na reformi vo pravosudstvoto i vo javnoto obvinitelstvo se sveduva na tehnicki raboti,a ne i vo sustinsko reformiranje na t.n. nezavisno sudstvo, so cest na isklucoci na poedinci, i JO bez sudir na interesi i nepotizam.Vprocem, i realnite izvestai na EK za napredokot na Makedonija vo roformite vo pravosudniot sistem, so potenciranje na iminja na minister vo istiot, i tromosta na vladeackoto mnozinstvo kon nadminuvanje na sostojbite, e samo potvrda za neodgovorniot odnos na fundamentalnata institucija, kon Makedonskite gragjani, a so toa i jacinata na zalozbata, pa ako sakate i kapacitetot na vlasta za evroatlanskite integracii na R.Makedonija.
до Марк, 04.01.2012 14:46:36
Честитки за твоето размислување.СДСМ краде,а ВМРО-ДПМНЕ поштено молчи и не ги кажува доказите за таа кражба.
Znatizelen, 04.01.2012 17:24:21
Dali e ova izveshtajot na Shvrgovski? Koga ce umre Atila ili nekoj od nashite premieri i ministri, togaj Shvrgo ce podnese detalen i tochen izveshtaj, deka pokojnikot e kriv oti ne bil dovolno osposoben, a popat i losho vospitan, pa zatoa nema odgovornost.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најчитани текстови во 2011

1. Се запали Александар Палас - емирот во „магла"
2. Тргањето на Александар сега е тешко
3. Кај Велешко се бараат 220 тони злато
4. Македонец ја открил Америка со Колумбо
5. Бранко и Али бегаат од тигарот

Најнови вести
Време
Скопје, 4°C

Облачно

Понеделник
Магла
Макс: 1°C, Мин: -5°C

Вторник
Магла
Макс: 0°C, Мин: -7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |