03.01.2012, 18:33 Телеграми од Бериша и од Јахјага
Албанскиот претседател Сали Бериша и косовската претседателка Атифете Јахјага упатија телеграми со сочувство по повод смртта на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров. Во нив се нагласува дека заминувањето на Глигоров е голема загуба за Македонија и за регионот.
„Смртта на поранешниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, е голема загуба за Македонија и за нејзините пријатели во регионот и во светот. Како ��сновач на независна Македонија и прв претседател избран на демократски начин, Киро Глигоров даде драгоцен придонес во мирот и стабилноста на Македонија и јужниот дел на Балканот, како и во регионалната соработка“, стои во телеграмата со сочувство на албанскиот премиер.
Атифете Јахјага во својата телеграма напиша: „Смртта на првиот претседател на демократска, плурална Република Македонија, кој транзицијата од комунизмот во демократски систем ја направи на мирен начин, претставува загуба за институциите и за народот на Македонија“. |