03.01.2012, 18:42 Климе Коробар: На светот му го покажа другото лице на регионот
„Киро Глигоров беше член на Балканскиот клуб заедно со Жељу Желев и се ангажираше за подигање на балканската идеја на повисоко ниво. Во таа насока, за да му се покаже на светот и другото, позитивното лице на Балканот, изминатите пет години се одржуваше и ликовната колонија ’Балкан спирит’, во организација на Фондацијата ’Киро Глигоров’. Глигоров секоја година со задоволство присуствуваше на отворањата на колонијата, разговараше со ��метниците, организираше заеднички ручеци, беше многу неконвенционален во контактите со нив и беше заинтересиран за уметноста. Годинава од сите изданија на ’Балкан спирит’ планираме да отпечатиме каталог“, изјави Климе Коробар, претседател на Асоцијацијата за култура ИКОН. (К.Б.) |